Македонија
Четворица Кубанци приведени на граничниот премин со Грција

Вчера во селото Драгош, Битолско, биле приведени Н.Р.Н.(29), Л.Л.С.(29), Л.Т.С(27) и Л.Е.Б.П.(29), сите од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница помеѓу Грција и Македонија.
МВР јавува дека лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот под Солунска глава се гаси со авион, ќе се вклучат и хеликоптери

Центарот за управување со кризи известува дека преку РЦУК Охрид, е добиена информација дека вчерашниот пожар, на отворен простор, во реонот на с.Белица, во Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава е се уште активен.
Екипата пожарникари на ТППЕ Македонски Брод и на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Сандански“ интервенираат во пристапниот дел од теренот. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, трева и грмушки, но поради ширењето на истиот постои можност да зафати и борова шума и е проширен во непристапен и карпест терен каде што екипите не можат да стигнат.
Поради тоа, градоначалникот на Општина Македонски Брод, преку ЦУК, побара дополнителна помош, поддршка од противпожарни воздухоплови за интервенција од воздух врз проширениот пожар. Во почетокот на денот е ангажиран еден авион на ДЗС, што дејствува сам до 13:00 часот, како поддршка на противпожарните тимовите коишто гаснат од земја. Потоа, согласно развојот на настаните и метеоролошките услови, е планирано да бидат ангажирани и хеликоптери на МВР „бел“ што имаат можност да носат противпожарно ведро и да гаснат пожари на отворено.
Пожарот кај с.Белица, во Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“, под врвот Солунска Глава на планината Јакупица е еден од 39-те вчерашни пожари којшто гори се уште на висок и на повеќе места непристапен терен. Инаку, врвот Солунска Глава на планината Јакупица е со височина од 2.540 метри и е дел од високите врвови од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина
Македонија
Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ трчаше на маратонот со маица „Трчај брзо! Како закон со ЕУ знаменце по скратена постапка“

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска на денешниот Виз Ер Скопски маратон се појави со посебна маица, која ја објави и на социјалните мрежи.
На маицата беше напишано „Трчај брзо! Како закон со ЕУ знаменце по скратена постапка“.
Македонија
Отворена изложбата „Лица на револуцијата“ на необјавени портрети од македонски револуционери

Патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски беше отворена вчера во МАНУ. Изложбата се организира во година кога македонската држава и народ одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Насловена „Лица на револуцијата“, изложбата содржи досега необјавени портрети од македонски револуционери и предвидено е истата да патува низ 5 македонски градови и официјално да биде затворена на 23 октомври во Битола на Денот на македонската револуционерна борба.
Изложени се фотографии од приватни колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски на македонските револуционерни икони Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев, Димо Хаџи Димов, Христо Чернопеев и други значајни ликови, изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни, Првата светска војна, како и меѓувоениот период.
Жалосно е што македонските институции не се грижат за македонското наследство и ваквите работи се сведуваат на ентузијазмот на малкумина граѓани.
Изложбата беше поддржана од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.