Македонија
Четворица починати и 92 нови случаја на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.176 теста, а регистрирани се 92 нови случаја на Ковид-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар по 2 и по еден заразен од Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево.
Од вкупниот број позитивни (92), регистрирани се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: две од Скопје (73 и 80 години) и едно од Тетово (61). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Гостивар (64) на 31.1.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.
Kај сите починати регистрирани се коморбидитети.
Во последното деноноќие регистрирани сe 363 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 200, Кавадарци – 28, Велес – 25, Куманово – 17, Битола – 14, Прилеп – 13, Тетово – 9, Кичево – 8, Штип и Гевгелија по 7, Радовиш и Ресен по 6, Неготино – 4, Струмица и Гостивар по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово по 2, Валандово, Демир Капија и Дојран по 1.
Направените 1.176 теста се преку: ИЈЗ – 62, ЦЈЗ Куманово – 2, Институт за микробиологија – 84, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 51, „Авицена“ – 71, „Биотек“ – 34, „Систина“ – 33, „Никоб лаб“ – 136, „ВФВ медикал“ – 35, „Ели медика плус“ – 17, „Рапид лаб“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 648.
Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 140.914, Активни 952
Куманово 16.394, Активни 76
Битола 14.459, Активни 122
Прилеп 13.781, Активни 140
Тетово 13.379, Активни 48
Кавадарци 10.272, Активни 64
Велес 9.592, Активни 76
Гостивар 9.487, Активни 28
Охрид 8.588, Активни 56
Струмица 7.943, Активни 25
Штип 7.935, Активни 15
Кичево 5.490, Активни 38
Кочани 5.002, Активни 21
Струга 4.665, Активни 11
Гевгелија 4.301, Активни 16
Неготино 3.631, Активни 11
Ресен 2.636, Активни 25
Свети Николе 2.607, Активни 2
Радовиш 2.491, Активни 8
Крива Паланка 2.393, Активни 13
Делчево 1.902, Активни 2
Дебар 1.658, Активни 11
Берово 1.631, Активни 3
Валандово 1.462, Активни 3
Виница 1.363, Активни 15
Пробиштип 1.258, Активни 2
Богданци 1.009, Активни 6
Кратово 948, Активни 9
Крушево 912, Активни 5
Демир Хисар 823, Активни 7
Македонски Брод 732, Активни 2
Демир Капија 582, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 340, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година во посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ќе престојува делегација на Српската православна црква (СПЦ) предводена од Неговата Светост, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.
„На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм ‘Св. Климент Охридски’ во Скопје, Неговата Светост, српскиот патријарх г .г. Порфириј и Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви, ќе служат божествена литургија“, се наведува во соопштението.
Од МПЦ-ОА ги повикуваат верниците да земат масовно молитвено учество.
Вчера, во црквата „Свети Сава“ во Белград, СПЦ и МПЦ-ОА по 55 години, првпат одржаа заедничка литургија.
Македонија
Драчево, Долно Лисиче и Батинци добија вода, од „Водовод“ им благодарат на граѓаните за трпението

Прекинот на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и во околните места е саниран, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
„Овој тип на дефекти се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикува прекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. Благодарност до граѓаните од овој дел на градот за трпението и разбирањето за време на отстранување на дефектот“, се навдува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“.
Според информациите од јавното претпријатие, проблемот бил во пукната цевка со профил Ф 600 на улицата Борис Трајковски, но при копањето за санација на пукнатата цевка биле откриени уште неколку дефекти на спојките.
„Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16.45 часот, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране, кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот“, стои во соопштението.
Македонија
Османи на билатерални средби во Торино

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој се одржа во Торино, оствари билатерлани средби со министрите за надворешни работи на Грузија – Илија Дарчијашвили, на Азербејџан – Џејхун Бајрамов, на Ерменија – Арарат Мирзојан, на Република Молдавија – Нику Попеску, и првата заменик-министерка за надворешни работи на Украина – Емине Џафарова.
Како што информираат од Министерството, фокусот бил на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, безбедносната состојба во ОБСЕ-регионот, како и нарушената безбедносна архитектура во Европа. Биле разменети мислења и за ситуацијата во Украина и искористувањето на механизмите на Советот на Европа за одговорност за кршењето на човековите права. Била потенцирана и важноста на ЕУ-перспективата како за земјите од Западен Балкан така и за тие од источното партнерство.
Османи укажал дека како дел од триото претседавачи со ОБСЕ оваа година и иден претседавач во 2023 година, Северна Македонија силно се залага за зачувување на основните принципи и вредности на Организацијата – како што се почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на земјите учеснички на ОБСЕ.