Македонија
Чешкото МНР: Заклучокот е штетен за процесот на проширувањето на ЕУ

Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена преговарачката рамка за Северна Македонија, со која требаше формално да почнат пристапните преговори со ЕУ. Од чешкото МНР за „Дојче веле“, сепак, објаснуваат дека немаат намера да дозволат да бидат усвоени заклучоците во делот за погрешното толкување на историјата, на кој инсистира Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи. Притоа, оттаму велат дека и други држави членки на ЕУ изразиле загриженост поради заклучоците.
„Чешката Република отсекогаш била постојан поддржувач на политиката на проширување во последните 16 години. Тоа не се промени со оваа одлука. Сепак, по внимателно разгледување, не можевме да дадеме согласност за нацртот презентиран за одобрување“, велат во Прага.
Во Прага сметаат дека билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да си го решаваат двете земји, а не да биде дел од преговорите за членство во ЕУ.
„Главната цел е да се усвои преговарачката рамка што е можно побргу. Сепак, сегашниот текст може да има спротивен ефект. Според наше гледиште, тој содржи термини за фалсификување на историјата, кои би можеле да бидат штетни за процесот на проширување“, велат од чешкото МНР.
Спорниот став поради кој дојде до целосна блокада на заклучоците на германското претседателство со ЕУ во однос на проширувањето кон Западен Балкан, се наоѓа во членот 8 од нацрт-верзијата, на која јавно се спротивставија Чешка и Словачка: „Советот потсетува на преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата“.
Бугарското МНР вчера призна дека оваа реченица била додадена на нивно инсистирање и изрази жалење што неочекувано и без образложение заклучоците биле блокирани од две земји членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Битола-1, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5, Кочани-2, Кичево-1, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-4, Дебар-1, Ресен-6, Радовиш-2, Делчево-1, Пробиштип-2, Богданци-2, Кратово-1, Дојран-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти од: Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и Дојран-2.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39426, активни 5461
• Куманово 5109, активни 392
• Тетово 5031, активни 382
• Прилеп 4522, активни 250
• Гостивар 3576, активни 228
• Штип 3474, активни 149
• Битола 3187, активни 165
• Велес 3010, активни 257
• Охрид 2721, активни 349
• Струмица 2506, активни 302
• Кавадарци 2466, активни 336
• Струга 2174, активни 141
• Кочани 1714, активни 96
• Кичево 1694, активни 130
• Свети Николе 1066, активни 38
• Гевгелија 970, активни 101
• Неготино 953, активни 121
• Дебар 741, активни 116
• Ресен 727, активни 109
• Крива Паланка 712, активни 56
• Радовиш 685, активни 46
• Берово 575, активни 47
• Делчево 558, активни 163
• Пробиштип 499, активни 42
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 15
• Демир Хисар 242, активни 9
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 222, активни 32
• Кратово 214, активни 17
• Крушево 200, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 29
• Пехчево 179, активни 12
• Дојран 82, активни 6
Направените 1466 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-175, Биотек-199, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –194, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-17, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -41, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид -19.
Македонија
Димитров и Османи во работна посета на Брисел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе имаат средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ.
Во рамки на посетата предвидени се средби и со претставници на институциите на ЕУ, а на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува истиот ден, планирани се и билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.
Македонија
(Видео) Наумовска: Во вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование

На сите учецини, студнетни, на сите наставници и професори им го честитам одбележувањето на 24 јануари – Меѓунардониот ден на образованието. Образованието е клучна алка за градење на иднината и напредокот на целото општество. Образованието е најсилно орудие за демографските промени и јакнење на идните капацитети на нашата држава, рече Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.
„ Како социјалдемократи коишто што ја предвдиме Владата во сите наши постапки и одлуки, се водевме од општиот, државен интерес и правата и интересите на учениците, на наставно-научниот кадар. Во овие вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование и го постигнавме тоа. Министерството за образование и наука, покажа капацитет, покажа подготвеност и денес учебната година се одвива непречено и според утврдената програма.
Во изминатите години комплетно го реформиравме средното стручно образование, кое сега овозможува директно поврзуваље со стопанството, а учениците учат практични вештини директно на работно место во работните организации. Како поддршка кон ова, за прв пат по многу годино средните стручни училишта ги опремивме со модерна опрема во училишните работилници за реализација на практична настава.
Пандемијата не беше пречка да се започне уште еден суштински важен процес – реформирање на основното образование. Новата концепција нуди интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. Градиме инклузивно образование, достапно за секое дете, кое вистински ги подготвува младите за иднината.
Свесни за важноста на наставниот кадар, уште во првите месеци од првиот наш мандат ги зголемивме платите во образованието. Континуирано вложуваме и во објектите во изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти на основните и средните училишта, како и изградба и реконструкција на спортски училишни сали. Буџетот на Министерството за образование и наука за оваа година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем.
Капиталните инвестиции се проектирани на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на минатата година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици.
Откако претходно, за три и пол пати го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, оваа година со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица“ порача Наумовска.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот