Контакт

Македонија

Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

Објавено пред

Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини” вели дека се надева оти решението на спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе придонесе за стабилноста, но напоменува дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици”.

„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби…Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки… Има грешки кои имаат последици”, изјавил Чижов, одговарајќи на прашањето за руска реакција на можното пристапување на Македонија во НАТО.

Во интервјуто кое што го пренесува Спутник, тој го коментира и Договорот што го постигнаа Македонија и Грција. „Според мене, ова прашање требаше одамна да се реши за да може двете земји да имаат добри соседски односи и соработка. А, за суштината на договорот, ќе видиме како ќе се развува ситуацијата, со оглед дека знаеме за реакциите во двете земји”, вели Чижов.

Тој се надева оти спорот за името ќе се реши на билатерално ниво, без мешање однадвор. „Овој договор, се надеваме, ќе ја зајакне стабилноста на Балканот и сорабоката меѓу двете земји, но не треба да се гледа како оправдување за брз пристап на вашиот сосед во воениот сојуз”, изјавил рускиот амбасадор. Русија, според него, не се спротивставува на проширувањето на ЕУбидејќи секоја земја право да носи свои одлуки, но има малку поинаков став за НАТО. „Проширувањето на НАТО е нешто поинакво. Во основа тоа е обид да се бориш со заканите и предизвиците во 21 век со средства и механизми од 20 век”, вели Чижов за „Катимерини”.

Македонија

Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Објавено пред

Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да се одреди притвор. ЗКП точно наведува дека секое лице треба да е сослушано пред да му се одреди притвор, рече адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски.

Апостолски изјави дека како образложение за одредување мерка притвор е постоење на опасност од бегство на обвинетиот Сашо Мијалков.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска ги посети војниците на АРМ во Авганистан: Вашиот успех е видлив и почитуван

Објавено пред

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска посетата на македонскиот контингент во Авганистан ја заврши со неформална средба со припадниците на АРМ на аеродромот во Кабул.

„На сите средби со раководството на мисијата „Одлучна поддршка“, ми беше пренесена една порака – дека тоа што вас ве карактеризира се вашата посветеност, вашите вештини и способности. Денеска сите треба да сме горди, и јас како министерка што ги слушнав овие пофални зборови за нашата Армија, и вие како наши претставници заслужни за тоа. Бидете сигурни дека вашиот успех во мисијата на НАТО е видлив и почитуван, тоа е успех за Македонија. Седнувањето на Македонија на масата каде Алијансата ги носи одлуките е ваша најголема заслуга и најголем придонес“, рече министерката на средбата.

Шекеринска и војниците разговараа за условите во кои тие работат и живеат, за контактите со граѓаните на Авганистан и за определбата АРМ и НАТО да продолжат да ги поддржуваат демократијата, слободата и еднаквоста во Авганистан, сега како партнери а наскоро и како сојузници. Министерката им порача на мировниците да продолжат да бидат вистински професионалци во извршувањето на задачите, да се чуваат себеси и своите колеги и живи и здрави да им се вратат на своите семејства и својата Армија во Македонија.

„Ве очекуваме живи и здрави назад во Македонија, во вашиот дом, успешни и горди на покажаните резултати и стекнатото искуство. Ве чекаме заедно со вас да продолжиме да ја градиме нашата татковина во успешна европска земја, членка на НАТО“ рече министерката.

Претходно, Шекеринска се сретна и со најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, Корнелиус Цимерман. По средбата, министерката рече дека земјите-членки на НАТО и земјите- партнери долги години ја поддржуваат оваа мисија и дека сега за прв пат постои шанса за политички дијалог и преговори кои можат да бидат пресврт во состојбите. Министерката додаде дека Македонија добива силна, јасна благодарност заради постојаниот ангажман, што е најдобар начин да се покаже што Македонија може да понуди на Алијансата.

Цимерман изрази задоволство од посветеноста на Македонија на мисијата „Одлучна поддршка“, за која посочи дека е важна не само во воена, туку и во политичка смисла. Највисокиот цивилен претставник на Алијансата во Авганистан изрази желба Македонија наскоро да ги направи потребните чекори и да и се придружи на Алијансата како нејзина 30 земја – членка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“

Објавено пред

Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за Таргет-Тврдина бидејќи судот поради краткиот временски период по синоќешното приведување на Мијалков не издал навремена наредба за негово спроведување на денешното рочиште,  информираше судијката Џанета Бектовиќ.

Со оглед дека на обвинетиот Сашо Мијалков му е определена мерка притвор и истиот е примен на ден 20.11.2018 во 19:55 часот, а поради краткиот временски период судот нема издадено навремено наредба за спровод за обвинетиот Сашо Мијалков за денешната главна расправа, таа се презакажува за 4 декември“, додаде Бетковиќ.

 

Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО, вчера вечер околу 20 часот беше приведен и спорведен во затворот во Шуто Оризари.

Од Специјалното јавно обвинителство посочија дека Мијалков бил приведен по нивно барање, како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.

Притворот на Мијалков е во време траење од 30 дена.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да...

Македонија15 минути

Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија20 минути

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет47 минути

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет1 час

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија1 час

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија11 час

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија13 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија15 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија16 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized18 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија18 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски19 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија20 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски20 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија23 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет23 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија23 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“24 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Досие