Контакт

Македонија

Чиста и зелена иднина за граѓаните на Западен Балкан, во фокус на првиот социо-еколошки форум во Скопје

Објавено пред

Првиот Социо-еколошкиот форум денеска во Скопје ги седна на иста маса регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари. Дискусиите се фокусираат на чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан. Целта е да се трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија.

Првиот панел насловен „Европски зелен договор и зелената агенда на Западен Балкан“ започна со воведни обраќања на Зоран Заев, претседател на СДСМ и премиер на Северна Македонија и Албин Курти, претседател на ЛВВ и премиер на Косово.

Премиерот Зоран Заев истакна дека во двата мандати на македонската влада предводена од СДСМ, почнувајќи од 2017 година, целта е да се постават енергетските политики во Северна Македонија на стабилни и долгорочни основи базирани на чиста и зелена енергија за да се овозможат услови на раст на економијата во земјата, здрава животна средина и нови работни места.

„Еден од основните принципи на Владата е тоа што е зацртано во стратегиите и плановите, бргу да биде претворено во конкретни акции. Токму поради ова донесовме нова легислатива услогласена со европските директиви, како нов начин на поддршка на фотонапонските централи и во ветерниците. Тоа веднаш беше препознаено од страна на домашните и странските инвеститори, кои веќе ја завршуваат изградбата на истите“ нагласи премиерот Заев. Во продолжение тој исто така кажа дека една од најважните работи со ваквите инвестиции , освен подобрување на квалитетот на живот на граѓаните е и отворањето на нови работни места.

Премиерот на Косово и претседател на ЛВВ , Албин Курти кажа дека борбата со со климатските промени е важна, не само за нас и идните генерации, туку и за опстанокот на планетата Земја.

„Немаме избор. Мораме да дејствуваме денес, иако може да ни се чини дека е тешко. Големи природни катастрофи ни покажуваат дека еколошкиот систем не може да се третира независно од нашиот економонски систем. Потребен ни е нов одржлив економски модел што ги носи нашите земји кон еколошки и економски прогрес“ истакна премиерот Курти.

Во вториот дел од панелот „Европски зелен договор и зелената агенда на Западен Балкан“ на дискусијата се приклучија и Аднан Дибрани, пратеник во Парламентот на Шведска од Социјалдемократксата партија на Шведска и Кнут Флекенштајн, специјален советник за Западен Балкан на Партијата на европски социјалисти. Отворена беше дискусија за тоа каква улога има ЕУ во декарбонизацијата на Западно Балканските економии и дали и како владите и граѓаните на Западен Балкан можат да извлечат корист од зелениот договор на ЕУ.

„Навистина ни е потребна трансформација во чиста економија слободна од фосилни горива. Социјалдемократите ја имаа првата климатска конференција пред 50 години во Стохлом, овој проблем не е ништо ново, но навистина бавно се одвива. Технологијата е на наша страна, има доволно финансиски средства, но најчесто погрешно се распределуваат кон емисија на штетни стакленички гасови. Затоа мора да направиме нешто во таа насока, сега, пред да стане предоцна“ – потенцираше Дибрани, пратеник во шведскиот парламент.

Потоа се обрати Кнут Флекенштајн, специјален советник за Западен Балкан на ПЕС, кој подвлече дека: „Имаме добри идеи и добри луѓе кои се залагаат за оваа зелена транзиција на Западен Балкан. Сепак, да се биде дел од оваа трансформација е добро, но да се биде зелен и невработен не е.“

„Некогаш слушаме обвинувања дека не сме доволно брзи, но ако не се грижиме и за социјаните последици, не може да кажеме дека наша политика е социјалдемократска. Не можеме да ги затвориме сите рудници за јаглен, сега и веднаш. Да, ќе добиеме почист воздух, но илијадници семејства ќе останат без работа и нема да можат да ги нахранат своите деца, тоа не е во духот на социјалдемократијата. Затоа мора да ги споиме овие да света и да продолжиме по тој пат.“

За состојбата во Финска говореше, Јоана Јуселиус, посебен советник за климатски промени во Владата на Финска, која рече дека според проценките на финската влада, Финска ќе биде јагленски неутрална до 2035 година, но сепак ќе го задржи статусот на социјална земја.

„Она што можеме ние како Влада да го направиме е да ја следиме ситуацијата за јавниот транспорт, да овозможиме инфраструктура за граѓаните да можат да возат електрични автомобили. Ова не може да го направи само еден човек, ова е мешавина на повеќе акции коишто ќе нè доведат до нашата цел, истото го гледаме со енергетскиот сектор“ рече Јоана Јуселиус.

Во текот на денот на СЕФ Скопје следат уште два панели „Зелената економија како двигател за социјална иновација“ и „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони

Објавено пред

Од

Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која побараа оставка од јавниот обвинител и обвинија за телефонски нарачки на премиерто, Христијан Мицкоски.

„Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде изземен од политичкиот прогон кој го извршуваа, благодарение на Катица Јанева. Поранешен судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски јавно изјави дека бил разрешен откако не дал позитивно мислење за случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска, утредента на вонредна седница на Судски совет, веќе бил разрешен од функцијата. Во кратки црти, Катевеновски бил разрешен затоа што не постапил по политичка директива. Да не го заборавиме и Кацарска судството која делуваше по насоки на Заев, за што и стана Уставен судија, и за Русковска обвинителството, која по насока на Заев бараше 200 години затвор за уставобранителите, за дело кое не соодвествува со реалноста. Тогаш СДС молчеше и не ги осудуваше тие случувања.

Сега СДС реагира за телефонски разговор помеѓу претседател на Влада и државен јавен обвинител. Што е тука криминал, ако премиер побара да се информира за скандалот со ослободување од одговорност за милионски криминал во ТЕЦ Неготино? Вака СДС директно се вклучува во одбрана на Васко Ковачевски кој е ослободен во бегство од политичкото обвинителство водено од Ислам Абази, кадарот на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Огњеновиќ: Настап на Дејвид Гета чини најмалку еден милион евра, Владата не го откри хонорарот

Објавено пред

Од

Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ.

Тој вели дека од Владата не го откриле хонорарот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Според него, настап на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра.

„Само за него. Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува“, рече Огњеновиќ.

„Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 1 милион евра? Во четири очи? Кој преговарал? Со која фирма е склучен договорот? Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП. Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер. Дополнително, вакви артисти бараат и авансна исплата од 30%. Прашање е дали се исплатени парите и на кој начин. Се најавуваат и останати 120 артисти. Кој одлучува кои артисти ќе бидат донесени? Се шпекулира веќе во круговите на фирмите кои се занимаваат со ваква организација дека сумата што е договорена е над 3 милиони евра а може да достигне и до 5 милиони евра“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стефковски: Безбедноста во училиштата во Општина Гази Баба е на високо ниво

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен состав, посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во воспитно-образовниот процес.

Седницата била свикана по неодамнешниот инцидент во основното училиште во населба Ченто, при што Локалниот совет за превенција најостро и безрезервно го осудил секој вид насилство, истакнувајќи дека насилството е апсолутно неприфатливо и дека за него не постои никакво оправдување.

„Истовремено, на седницата беше констатирано дека станува збор за изолиран случај и дека генералната безбедносна состојба во училиштата на територијата на Општина Гази Баба, вклучително и во конкретното училиште, е на високо ниво, при што континуирано се преземаат мерки и активности за заштита на учениците и одржување безбедна училишна средина“, објави Стефковски.

Локалниот совет за превенција при Општина Гази Баба презеде обврска и во наредниот период активно да иницира и реализира активности, јавни дебати, едукативни настани и превентивни кампањи со цел подигање на јавната свест и создавање безбедна и здрава средина за децата и младите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 секунди

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони

Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а...

Спорт7 минути

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа...

Економија22 минути

Божиновска на Energy Transition Summit во Атина: Посветени сме на заложбите за кредибилен партнер во Европската енергетска интеграција

Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и...

Македонија23 минути

(Видео) Огњеновиќ: Настап на Дејвид Гета чини најмалку еден милион евра, Владата не го откри хонорарот

Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години...

Свет1 час

Иран: Се договоривме со Кина за Ормускиот теснец

Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за...

Македонија1 час

Стефковски: Безбедноста во училиштата во Општина Гази Баба е на високо ниво

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен...

Македонија1 час

Македонија е опасно место за живеење за жените, новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот...

Топ1 час

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна...