Контакт

Македонија

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство.

Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека бројот на поплаките е зголемен 44,6 проценти во однос на истиот период лани, а за еден месец, МВР има поднесено и пријави за 85 кривични дела поврзани со семејно насилство.

„Од 12 април до 12 мај Секторот за аналитика во рамките на МВР има статистика според која во овој период МВР има поднесено пријави за 85 кривични дела во врска со семејно насилство, а најмногу се од СВР Охрид, СВР Скопје и од СВР Струмица. Во врска со семејно насилство поднесени се 49 прекршоци против 54 сторители. Има констатирано 373 поплаки од граѓаните за семејно насилство, што е зголемување од 44,6 отсто во однос на истиот период лани“, рече Чулев.

Тој ги повика граѓаните жртви на семејно насилство тоа да го пријавуваат со цел ургентно постапување на полициските службеници.

Македонија

До 15 часот гласале 340 лица заразени со коронавирус или во самоизолација

Објавено пред

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација.

Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива без проблеми.

За денешното гласање се евидентирани 711 лица.

Најмногу пријави за гласање на лица со Ковид-19 и во самоизолација има во Ресен – 60, во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај – 32, во Куманово – 31 и во Штип – 30.

За остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се стотина здравствени избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Не е зголемен процентот на пациенти хоспитализирани поради коронавирусот во земјата

Објавено пред

Процентот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во земјата не е зголемен и во моментов не се очекува изненадување во смисла на поголем нааплив на пациенти кои би биле хоспитализирани. Ова го изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој соопшти дека на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести се анализирале податоците од претходните две недели.

„Трендовите сѐ уште се во насока на тоа да биде приближно ист бројот од вкупно дијагностицираните од вкупниот број  направени тестови, ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број новодијагностицирани. Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ ‘8 Септември’ повеќе денови по ред има под 100 пациенти што се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клиничките болници во државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти што би биле за прием во болница. Продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање во согласност со индикацијата, интензивно следење на контактите и ставање во изолација“, рече Филипче.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Лични карти може да се подигнат и на денот на гласањето

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање лични карти.

Службата ќе работи во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните, кои претходно поднеле барање, да си ги подигнат личните карти и да може да го остварат правото на глас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

До 15 часот гласале 340 лица заразени со коронавирус или во самоизолација

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива...

Македонија3 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ3 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија3 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија4 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет7 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа8 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ8 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ9 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија9 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион9 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион9 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет10 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет11 час

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион11 час

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија11 час

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ1 ден

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Досие