Контакт

Македонија

(Видео) Шанса за Центар: Нема празници за сечачите на Водно

Објавено пред

На 31 декември, на часови пред Нова година, инвеститорите не мируваат. Утрово работници почнуваат да ги сечат дрвјата на првата парцела на Водно за која е издадена градежна дозвола, соопштија од Шанса за Центар.

Велат дека граѓаните од улицата „Питу Гули“ се вчудовидени од итањето да се почнат работите на парцелата иако почнуваат празниците.

„Вчера Советот на Општина Центар едногласно ја задолжи општината и градоначалникот да побараат вонреден инспекциски надзор на целото ова подрачје од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Како образложение се изнесоа бројните дописи од граѓаните од улица Козара, од улица Питу Гули и од улица Салвадор Аљенде за спроведување на овој Детален урбанистички план. Денеска е повикан и Државниот инспекторат за животна средина да направи увид во тоа што се сече и дали за тоа има дозвола“, се истакнува во нивната писмена реакција.

Две локации на кои се бара вонреден надзор од градежниот инспекторат се за новопроектирани улици, кои ќе овозможат пристап до парцели за градење кои сериозно ќе навлезат во шумата на Водно, а сите ние ќе изгубиме зеленило кое нè штити од поплави, ерозии и загадување, објаснуваат од Шанса за Центар. Потсетуваат дека се работи за улици кои би воделе меѓу другите и кон целото подрачје со плацовите кои се дел од активниот судски случај во јавноста познат како „Плацови на Водно“.

„На други места се направени плански решенија, но врз основа на погрешни влезни податоци, како на пример во планот улица Козара е обележана како улица со ширина девет метри, а реално на терен е измерена дека е шест метри. Овие грешки може да се ненамерни, но и намерни, а со цел да се оствари корист на малкумина за поголем габарит на градби, со што штета би се нанела на многу соседи, граѓани и објекти на локациите“, се додава во напишаното.

Шанса за Центар бара планот кој овозможува корист за малкумина, а штета на многумина, со помош Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да биде стопиран за понатамошна реализација. За овој план деновиве јавноста е добро запознаена преку медиумските извештаи за заградувањето на плацовите на Водно каде што е планирано да се гради станбена зграда и пристатпен пат кој ќе води длабоко во шумата и ќе им одземе и дел од дворовите на жителите, велат од таму.

Шумата, како што потенцираат е богатство на сите и заштита на целиот град од порои и загадување на воздухот и мора да се одбрани. Време е, како што подвлекуваат, да се повлече линија и да се заштити заедничкиот интерес и квалитетот на животот на граѓаните пред налетот на моќниците.

Македонија

МВР со детали: Девојката од Радовиш ја прегазил 22-годишник од Скопје

Објавено пред

Девојката која вечерва беше прегазена пред Сити мол во Скопје била од Радовиш, а ја прегазил 22-годишниот Ј.Ѓ. од Скопје.

Според информациите од МВР, во несреќата, што се случила во 19:44 часот, повредено е и нејзиното 24-годишно момче, исто од Радовиш, кое е пренесно во болница.

Според пријавеното, несреќата се случила на ул. Московска со бул. Партизански одреди во која „ПМВ цитроен“ управувано од Ј.Ѓ.(1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место.

Полицијата врши увид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Објавено пред

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што се здобила со смртни повреди.

Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија

Објавено пред

Владата назначи копретседавачи и членови во Заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Македонија и Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Бугарија на нашата земја.

За копретседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за економија, трговија и иновации се назначени Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, а за членови се определени Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, а членови на комисијата треба да назначат и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за надворешни работи, Фонд за иновации и развој, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенција за промоција на туризмот, како и Министерството за економија за делот на енергетиката.

За копретседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за инфраструктура, транспорт и поврзување се назначени Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, а за членови треба да бидат назначени уште претставници на кабинетот на заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, на Министерството за финансии, на Министерството за економија, и на Министерството за надворешни работи.

Со заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики за копретседавачи се назначуваат Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Славица Грковска, заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање – копретседавач, а членови во оваа работна група треба да назначат и Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии и Министерството за правда.

За копретседавачи на заедничката меѓувладина работна група за култура, наука и образование се назначува Артан Груби, прв потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, и Јетон Шаќири, министер за образование и наука – копретседавач. За членови во групата треба да бидат назначени и претставници на Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, од Агенцијата за млади и спорт – член.

Дополнително ќе се назначат и копретседавачи и членови за работната група којашто треба да се состои од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија4 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет5 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет5 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија7 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија8 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија10 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија11 час

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија11 час

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет13 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет13 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт13 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа14 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија1 ден

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија1 ден

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија1 ден

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија1 ден

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет2 дена

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Досие