Македонија
Шаренило од маски, смеа и песна во пресрет на Денот на шегата во општина Илинден
Во пресрет на Светскиот денот на шегата, 1 Април, ден што децата со нетрпение го чекаат цела година, денеска во детската градинка „Гоце Делчев“ и основните училишта во општина Илинден се одржа маскенбал, на кој можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички, соопштија од Општината.
„И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските, при што буквално ги оживеаја многуте ликови од детските приказни, од бајките, херои од стриповите.
Дел од веселата атмосфера и дефилето под маски во училишните дворови исполнета со многу смеа, песна и детски џагор беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој не го криеше воодушевувањето од детската иновативност во маскирањето во ликовите на своите омилени јунаци“, велат од Општина Илинден во своето соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
