Контакт

Македонија

Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните

Објавено пред

Министерката за труд и социјалана политика, Јагода Шахпаска, денеска учествуваше на Националната конференција за недискриминација организирана од страна Мрежата за заштита од дискриминација.

„Борбата против дискриминацијаата е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на РСМ. Како одговорна Влада, а во интерес на граѓаните, сметаме дека ден поскоро Законот за спечување и заштита од дискрининација треба да биде донесен, во една демократска процедура согласно деловничките одредби во Законодавниот дом“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова законско решение има силна поддршка од меѓународните институции, Венециската комисија, 70 невладини институции од нашата држава, што е уште една голема потврда за неговото влегување во сила.

„Законот е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација, но пред сè и изборот на едно професионално независно тело, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која ќе ја сочинуваат лица со професионално искуство од сферата на човекови права“, рече Шахпаска.

Министерката порача дека покрај зајакнувањето на механизмите за заштита од дикриминација, донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација е уште една потврда дека земјава има јасни аспирации и воедно испраќа јасен политички сигнал дека е кредибилен партнер во преговорите со Европската унија, кои официјално стартуваат во декември со првата меѓувладина седница.

Македонија

Започна со градба фекалната канализација во населеното место Гоце Делчев

Објавено пред

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски присуствуваа на отпочнување на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во населеното место Гоце Делчев.

„Покрај ова населено место ќе ги земеме во предвид и барањата на жителите од Чукур маало, од Трубарево и Дунак маало од Јурумлери. Целта ни е да се создадат еднакви услови за да можат сите граѓани во овие две населени места да бидат приклучени на фекална канализација, а септичките јами да станат минато и на тој начин да покажеме дека навистина се грижиме за заштита на човечката околина, а со тоа да влијаеме и понатаму затоа што заслужуваат достоен живот. Во моментот работиме на фекална канализација во Трубарево и во Јурумлери. Продолжуваме со исто темпо и во населените места Смилковци и Црешево. Исто така неопходно е да се смени и свеста кај населението, да можат да влијаат на зачувување на животната средина, особено кога имаат вода во домаќинствата а немаат одводни системи. Проекти за нови одводни системи правиме за населените места Идризово и Брњарци, а за Страчинци е веќе целосно подготвен проектот, а за Булачани и за Раштак се при крај. Со ова ќе ја завршиме целата наша обврска за сите 25 населени места да обезбедиме достојни услови за живот на сите граѓани во општина Гази Баба“, рече Георгиевски.

Првата фаза за изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев чини 12 милиони денари, средства издвоени од општина Гази Баба, а вкупниот проект ќе изнесува 84 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Објавено пред

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти.

Најголем број случаи се потврдени во Скопје-90, Гостивар – 15 и Куманово-11.

Во Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2,  Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.

Починати се 12 лица, и тоа седум пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550. .

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9942, активни 2674
• Куманово 1986, активни 225
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1446, активни 159
• Прилеп 931, активни 226
• Тетово 1727, активни 288
• Струга 749, активни 75
• Велес 433, активни 97
• Битола 466, активни 151
• Охрид 510, активни 86
• Кавадарци 323, активни 85
• Гостивар 1040, активни 104
• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 588, активни 358
• Крива Паланка 178, активни 62
• Радовиш 172, активни 70
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 569, активни 195
• Пробиштип 141, активни 20
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 7
• Берово 170, активни 44
• Валандово 83, активни 47
• Виница 150, активни 49
• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 424, активни 58
• Кичево 418, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 115
• Гази Баба – 280
• Аеродром – 534
• Карпош – 446
• Центар – 445
• Кисела Вода – 320
• Ѓорче Петров – 216
• Бутел – 111
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 8
• Илинден – 36
• Сопиште – 21
• Чучер Сандево – 9
• Петровец –17
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 59

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Битола има 151 активен случај на коронавирус

Објавено пред

Општинскиот кризен штаб одржа состанок во Општина Битола, на кој покрај градоначалничката Наташа Петровска, присуствуваа директорките на медицинските установи и претставници од полицијата.

Центарот за јавно здравје информираше дека во изминатите три недели, на неделно ниво се покачува бројот на заболени во градот за околу 50%. Во моментов во Битола има 151 активен случај. Од оваа институција посочија дека сепак Битола не е во листата на градови со голем број заболени лица.

„За тоа своја улога има и лабораторијата за Ковид-19, во која се реализираат тестирања на дневна основа, резултатите се добиваат истиот ден и на тој начин може побргу да се реагира. Како најголем проблем е посочено криењето на контактите за воспоставување целосна епидемиолошка слика на заболените лица“, соопштија од Општината.

Од битолската полиција истакнаа дека се врши увид кај лицата со решенија за изолација, а на терен се изрекуваат санкции за лицата кои не носат маски, или за субјектите кои не ги почитуваат препораките и законските мерки за заштита од Ковид-19.

Општинскиот кризен штаб и од оваа средба упатува апел до граѓаните за примена на трите најважни правила – носење маска, држење дистанца и редовно миење на рацете, почитување на мерките зададени од Владата, како и повисоко ниво на свест за опасноста од ширење на вирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Топ2 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија2 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет2 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ2 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија3 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија4 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет6 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа6 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет7 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет7 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет7 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија8 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион8 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа20 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа20 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион21 час

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет22 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија23 часа

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Досие