Контакт

Македонија

Шахпаска – Кохер: Предизвик за државите од Западен Балкан е одливот на едуцирани млади луѓе

Објавено пред

Во пресрет на вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, утринава присуствуваше на работен појадок што го организира австрискиот министер за труд, Мартин Кохер, за министрите вио врска со прашањата од областа на трудот од Западен Балкан.

На состанокот присуствуваа и министерката за цивилни прашања на Босна и Херцеговина, Анкица Гуделјевиќ, како и министерот за финансии, труд и трансфери на Косово, Хекуран Мурати.

Министерката Шахпаска на состанокот истакна дека Република Северна Македонија и Република Австрија досега имаат одлична соработка во доменот на вработувањето, социјалната заштита и социјалната инклузија.

Таа се осврна на политиките за подобрено вклучување на младите лица на пазарот на труд, а особено на имплементацијата на Младинската гаранција, што ја имплементираме како прва и единствена земја од овој регион на Западен Балкан.

„Имплементацијата на оваа програма за нашата држава даде исклучително позитивни искуства и резултати. Но, сепак, сѐ уште има предизвици со кои се соочуваме и кои мораме да ги надминеме. На тоа интензивно работиме. Во тие напори од особено значење би ни била и понатамошната соработка со Австрија и споделувањето на нивните искуства и научени лекции, добри практики во имплементацијата на Младинската гаранција и политиките за млади како земја членка на ЕУ“, нагласи Шахпаска.

Австрискиот министер Кохер информира за приоритетите на Австрија во делот на пазарот на труд, преминот кон дигитализација и кон зелени работни места, вработувањето и образованието на младите, особено во делот на заздравувањето од ковид-кризата.

Тој го сподели искуството на неговата земја во делот на имплементацијата на образовната гаранција, но и системот за практиканство на младите и во тој контекст на силната поврзаност со приватниот сектор и компаниите.

Министерката Шахпаска оцени дека за државите од Западен Балкан, вклучително и за нашата, предизвик е одливот на едуцирани млади луѓе.

„Ние како држава креираме конкретни политики што треба да овозможат задржување на младите дома и градење на нивната иднина во Северна Македонија. Во таа насока е и имплементацијата на активните политики за вработување, зголемувањето на буџетските средства што ги издвојува државата за оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Работиме и на рамномерен регионален развој, како и на поттикнување на диверзитетот и на инклузивноста што ги вградивме како основни принципи во годинешниот оперативен план“, информира Шахпаска, која се осврна и на тековните реформи во образовниот систем со цел негово што поголемо приспособување кон пазарот на труд и потребите на младите.

Соговорниците ја нагласија потребата од продлабочување на заедничката соработка во иднина.

Во попладневните часови министерката Шахпаска ќе има свое обраќање на вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Објавено пред

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од девет години.

Тој бил спроведен од страна на полицијата околу 16 часот и е сместен во приемното одделение на затворот. Во идните денови ќе се направи и проценка на ризик, по што, треба да биде префрлен во друг дел на затворот.

Од Кривичниот суд, велат дека упатниот акт за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, осудена на седум години, ќе го изготви судија од судот во Гевгелија. Потоа и таа од домашен протвор ќе биде спроведена во затвор.

Спроведувањето на Јовановски во „Идризово“ доаѓа откако Апелација вчера ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ и истата стана правосилна.

Во „Рекет“ Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванова од СДММ: Само со активни жени можеме европските стандарди да ги донесеме дома

Објавено пред

СДСМ креира и реализира политики, проекти скроени за младите, да можат иднината да ја гледаат дома, а не во странство, креира родово балансирани политики за еднакви можности на младите и жените, истакна потпретседателката на СДММ, Марија Иванова на трибината во организација на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „Активни жени – напредно општество“ во Дојран.

Таа нагласи дека парламентарно мнозинство предводено од СДСМ го донело Законот за младинско учество и младински политики, кој има важна улога во унапредувањето на квалитетот на живот на младите и формира Национално советодавно тело за младински политики.

„СДСМ преку институциите што ги предводи носи важни решенија за граѓаните, за жените и младите, а честопати дел од тие решенија доаѓаат по предлог на СДММ“, посочи Иванова, додавајќи дека последен пример е иницијативата што СДММ ја покренала за намалување на ДДВ на производите за менструално здравје од 18 на 5 отсто.

„Во однос на младите, СДММ поднесе, а Собранието ги усвои законските измени со кои 40.000 редовни студенти добиваат по 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк со можност за искористување кај секој трговец, со што се унапредува економскиот стандард на студентите.

Преку низата мерки, преку привлекување странски инвестции, преку државна помош и активните мерки за вработување, ја намалуваме невработеноста како кај младите, така и кај жените.

Преку директна помош кон младите даваме поддршка за самовработување и отварање на сопствен бизнис – неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за отварање на сопствен бизнис за млади и жени, тука е континуираната поддршка преку ФИТР за старапи и развој на бизниси, како и преку Оперативниот план за вработување“, посочи потпретседателката на СДММ.

Таа подвлече дека младите го препознаваат најдоброто, и не случајно 30 отсто од новите членови кои се приклучиле во СДСМ се млади луѓе, мотивирани и подготвени да работат за добро на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Амбасадорката Брнз на средба со Мицкоски: Важните приоритети треба да бидат прифатени од сите партии

Објавено пред

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, попладнево остварила средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да го брифира за извршната наредба на претседателот Џо Бајден за Западен Балкан.

Амбасадорката на „Твитер“ објави дека го информирала Мицкоски за извршната наредба.

„Извршната наредба е одраз на посветеноста на администрацијата на Бајден за борба против корупцијата и зајакнување на демократските институции, кои се важни приоритети и треба да бидат прифатени од сите партии во Северна Македонија, за да може земјата да влезе во ЕУ и да се подобрат животите на нејзините граѓани“, нагласи Брнз.

Извршната наредба која ја потпиша Бајден го прошири опсегот на вонредни мерки во врска со Западен Балкан, па се опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека на средбата со американската амбасадорка присуствувале лидерот Мицкоски и секретарот за меѓународна политика на партијата, Тимчо Муцунски, а се зборувало за високиот степен на корупција и криминал присутни во структурите на власта, законот за марихуана и резолуцијата за спорот со Бугарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ4 часа

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија7 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија10 часа

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ13 часа

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ14 часа

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија15 часа

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија16 часа

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион17 часа

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Македонија1 ден

Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања, барање изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на...

Топ1 ден

(Видео) Момче натепа девојка во Куманово

Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи. Подоцна дечкото беше нападнат...

Македонија1 ден

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и силна главоболка

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба. Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25...

Македонија1 ден

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Апелација ги потврди пресудите – за Катица Јанева седум, за Бојан Јовановски девет години затвор

Апелациониот суд Скопје ги потврди првостепените пресуди во случајот „Рекет“, со кои поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева,...

Топ1 ден

Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

Прилепското Обвинителство поднесе обвинение за тренерот по џудо од Прилеп за силување деца, односно негови ученички кои му биле доверени...

Македонија1 ден

Првпат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете на Клиниката за хематологија

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската клиника за детски болести, денеска се...

Регион2 дена

Четвртиот бран е веќе тука, од одмор одете директно во изолација, порачуваат експертите во Словенија

Шефот на словенечкиот Институт за јавно здравје, Милан Крек, вчера, на прес-конференција предупреди дека новите варијанти на вирусот се раширени...

Македонија2 дена

Димитров за „Евроњуз“: Ако македонскиот јазик е причина за тоа да не можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде

Проблематизирањето на македонскиот јазик не е во согласност со вредностите за кои се залага Европа како континент, каде што се...

Досие