Контакт

Македонија

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишно образование

Објавено пред

Подигнување на квалитетот на услугите во предучилишното образование и грижа што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата – беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со експертскиот тим што работи на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамките на акцијата 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од акциската програма на ИПА 2017.

Министерката оцени дека врвен приоритет е да се обезбеди најдобриот модел, со кој ќе се унапреди квалитетот на предучилишното образование на децата преку унапредување на квалитетот на стручниот кадар во градинките.

На средбата министерката Шахпаска посочи дека проектот ќе придонесе за побрз професионален и кариерен развој на стручниот кадар во градинките според европските стандарди. Таа предложи воспоставување мерит-систем заснован врз објективни вредности.

„Мери-системот ќе придонесе за унапредување на улогата на стручниот кадар во градинките. Тој ќе биде заснован на вредности што ќе гарантираат објективност. Кариерниот развој ќе биде според постигнатите резултати. Сакаме да ги градиме вредностите. Само така ќе го унапредиме квалитетот на образованието во предучилишната возраст. Тоа значи и мотивација за вработените за надградба и унапредување“, рече министерката Шахпаска.

Воведување систем на обуки и креирање модели, лиценцирање на стручните лица и зајакнување на родителското учество во детските градинки, особено на родителите на деца во ризик и деца што се социјално исклучени се дел од моделите преку кои ќе се унапредува квалитетот во предучилишното образование.

Македонија

Мицкоски до администрацијата: Не се плашете, сигурни се вашите работни места

Објавено пред

Како поминува времето до денот на гласање, притисоците, пропагандната машинерија на власта, обидите за поткуп на вашиот глас се засилуваат. И тоа го прават не затоа што се моќни, туку затоа што се слаби и знаат дека ќе загубат. Само слаба власт посегнува кон злоупотреба на моќта на државата. И тука сакам да потенцирам неколку работи. Лудилото во кое се наоѓаат пред се поради стравот од пораз кој ќе им се случи е толку големо што тие посегнаа да шират невистини, да подгреваат тензии, да измислуваат работи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.

„Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме“, рече Мицкоски.

Затоа, кажа Мицкоски, испраќам порака до тие луѓе да не се плашат.

„Сигурни се нивните работни места, и на овие избори да излезат на гласање и слободно и независно од било какви притисоци да си ја изразат својата волја позади параванот. Не се плашете затоа што тие кои го велат тоа, треба единствено тие да се плашат, затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат мета на политички прогон, ниту пак ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани. Треба и конечно да заврши времето кога луѓето кои се недолжни да треперат за тоа дали ќе се промени власта затоа што може да останат без работа. Јас и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимаваме со работа, проекти и развој, и за тоа е потребен секој еден човек, а не со чистки, притисоци и реваншизам“, рече Мицкоски од Кичево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска: Совет на млади, дигитализирање на информации со само еден клик, се дел од проектите за млади

Објавено пред

Мојата визија за Скопје предвидува овозможување на современи услови за учење за нашите деца. Мора да имаме соодветни модели за одржување на образовниот процес за младите и тие тоа го заслужуваат во 21 век. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на сите наши млади дека местото им е тука, дома и дека треба да останат во Скопје, нагласи кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната панел дискусија на тема „Младите во градот Скопје, младите во центар“.

Во ера на дигитализација Арсовска изјави пред учесниците во панелот дека е потребно да се вложува во младите кои се дел или кои имаат афинитети во ИКТ (информатичка, комуникациска и телекомуникациска) индустријата. Таа додаде и дека ќе се залага за младите луѓе, преку транспарентен процес за избор на Совет на млади, дигитализирање на сите информации за млади со еден клик, преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар.

„Ќе вложиме не само во основни средства, туку и во информатичка опрема за секој ученик со којашто ќе може да располага и секој наставник. Ќе им помогнеме на младите претприемачи. Во рамки на МКЦ преку процес на социјално претприемништво и во соработка со невладиниот сектор ќе почне со работа Центар за младинско претприемништво“, изјави Арсовска од денешната панел-дискусија со младите во општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наутро студено и магливо, во текот на денот сонце и температури до 17 степени

Објавено пред

Утре наутро ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Според УХМР и в среда ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата.

Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија5 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет6 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија7 часа

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ8 часа

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет10 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет10 часа

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет11 час

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион22 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион1 ден

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија1 ден

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ1 ден

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион1 ден

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион1 ден

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет1 ден

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ1 ден

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Досие