Контакт

Македонија

Шаќири: Посветени сме на забрзувањето на дигиталната трансформација

Објавено пред

„МИОА во целосна координација со Владата на Република Северна Македонија, ги постави своите цели во процесот на дигитализација на земјата. Наша цел е да промовираме понатамошни мерки за помош на ИТ-секторот, за да може овој сектор да го продолжи својот раст без никакви пречки“, рече министерот на информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, во воведниот говор на онлајн Регионалниот форум за иновации организиран од Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) за Европа, на тема: „Развој на иновативни дигитални екосистеми кои ја забрзуваат дигиталната трансформација на клучните сектори“, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација.

,,Дигиталната трансформација може да поттикне иновации и да ја зголеми продуктивноста во многу активности, да ги трансформира јавните услуги и да ја зголеми благосостојбата, бидејќи информациите, знаењето и податоците стануваат подостапни. Иновацијата и претприемништвото во ИКТ-секторот се препознаваат како основна алатка за создавање работни места и економски развој во Република Северна Македонија. Истиот тренд важи и за другите земји од Западен Балкан“, додаде во својот говор Шаќири.

Министерот  ја истакна посветеноста на МИОА и Владата кон процесот на дигитализација и иновации и во исто време изрази благодарност за континуираната поддршка и помош што ја нуди Европската Унија.

Овој состанок ги собра сите засегнати страни, владини претставници и претприемачи од цела Европа, за да разменат идеи и да разговараат во контекст на иновативни дигитални екосистеми, кои ја забрзуваат дигиталната трансформација во клучните сектори.

Македонија

Османи-Шмид: Претседавањето со ОБСЕ ќе ги зајакне позициите на Северна Македонија во меѓународни рамки

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи беше домаќин на Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, која е во прва работна посета на Северна Македонија во овој капацитет.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за следните чекори во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година, подготовките кои се во тек; активностите на работната група во МНР како и воспоставувањето на структурата која ќе го понесе големиот товар од претседавањето во Виена; како и за консултативниот процес околу приоритетите и агендата на Претседавањето.

„Како земја ние демонстрираме проактивност, капацитет и волја за преземање на сопственост и одговорност врз глобалните текови во време кога тие се исполнети со несигурност и непредвидливост. Впрочем, тоа и се очекува од нас, како земја која гради сопствен успешен модел на функционална мултиетничка демократија; земја – членка и на НАТО алијансата, и сериозен претендент за членство во Европската Унија“, истакнал Османи.

Тој воедно ја информирал Шмид, дека се вложуваат максимални напори процесот на претседавање да биде отворен, инклузивен и целисходен; дека Северна Македонија има капацитет да одговори на оваа задача, како и дека во рамките на претседавањето со ОБСЕ ќе биде ориентирана кон креирање решенија кои ќе овозможат напредок и позитивни придвижувања на процесите во Организацијата.

Соговорниците се согласиле дека претседавањето со Организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен контрибутор во зачувувањето на мултилатерализмот, како најважната цивилизациска придобивка на човештвото кое обезбедува долгорочен мир, стабилноста и соработката.

Веќе од идната година Северна Македонија влегува во ОБСЕ триото заедно со овогодишниот претседавач Шведска, како и, претседавачот во 2022 година, Полска. Наредната година ќе претседаваме и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како генерална проба за нашите обврски како претседавач со организацијата во 2023 година.

ОБСЕ преставува најголемата регионална организација на северната хемисфера, која опфаќа 57 земји-учеснички од Ванкувер до Владивосток, протегајќи се на три континенти Европа, Азија и Америка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на Универзална сала со поддршка за Шилегов

Објавено пред

Филип Аврамчев, висок функционер на ЛДП и директор на Универзалната сала, преку својот профил на ФБ изрази поддршка во вториот круг за кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

„Зедно со Петре го започнавме процесот на реконструкција на Универзална сала со огромен број разговори со граѓаните и културните работници. Заедно стигнавме до финално решение. Токму поради овие дебати, како и одредени технички проблеми задоцнивме со почетокот на реконструкцијата. Поддршката за Петре значи веќе в година сите заедно да уживаме во новата Универзална сала!“ напиша Аврамчев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Шмид: Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска ја прими генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Хелга Шмид, која денеска и утре е во посета на нашата земја.

На средбата на која присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата и регионална стабилност и безбедност.

Соговорниците се согласија дека продолжува заложбата за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и ОБСЕ, како и помошта која земјата ја добива во реализацијата на реформските процеси и во насока на продолжување на демократските процеси и остварувањето на стратешките цели на земјата, како што е полноправното членство во Европската Унија и поттикнување на европскиот развој.

На средбата се разговараше и за подготвителните процеси за идното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година, при што беше подвлечено дека тоа е признание за нашата држава.

Беше истакнато дека мултилатерализмот е одлична платформа каде малите земји можат на дело да го покажат својот капацитет и да одиграат важна улога на меѓународната сцена.

На средбата е поздравен придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која дава поддршка и помага изминативе години да се спроведат реформските процеси.

Беше најавено дека поддршката кон Северна Македонија на демократскиот пат продолжува, во насока на реафирмирање на посветеноста и поддршката за завршување на започнатите успешни реформи, важни за развојот на државата и зачувување на безбедноста и стабилноста на регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија44 минути

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија2 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ4 часа

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет6 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион20 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија21 час

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ22 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија1 ден

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија1 ден

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа1 ден

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Досие