Контакт

Македонија

Шаќири: Тетово добива државен студентски дом, објектот е изграден и во моментот се опремува

Објавено пред

Новиот студентски дом, кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово, се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година. Градежните работи се целосно завршени, а во моментот етапно се опремуваат собите и сите други простории, кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување.

Увид во активностите изврши министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, заедно со заменик-министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот, проф. д-р Куштрим Ахмети, и претседателот на универзитетскиот Сенат, проф. д-р Вулнет Амети. Шаќири информира дека се работи за крупна инвестиција што ја реализира Министерството за образование и наука и таа е во последна фаза на реализација. Ќе следува партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводната и електричната инфраструктура во градот.

„Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно-научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број студенти во следниот период. Тука недостигаше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради во согласност со сите современи стандарди за квалитет“, изјави Шаќири додавајќи дека новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.

Најново

Економија10 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија16 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт20 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт27 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија42 минути

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура43 минути

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија50 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника1 час

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...

Црна хроника1 час

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во...