Македонија
Шекеринска: Евро-атлантскиот курс останува непроменет, нема дилеми дека тоа ќе го потврдат и граѓаните

Членството во најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата значи дека влегуваме во еден систем на колективна безбедност, дека каков било напад на државата значи напад на сите други 29 земји членки, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на синоќешната панел-дискусија во Куманово посветена на придобивките од членството во НАТО.
„Освен политички знак, членството во алијансата е и знак за позитивните економски трендови – во годината во која што ја добивме НАТО-поканата, ние имавме четири пати повеќе странски инвестиции од претходната година, односно повеќе од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година“, рече Шекеринска.
Министерката додаде дека на земјава наскоро ѝ претстојат одлуки што ќе покажат дека граѓаните немаат дилема околу нашата евро-атлантска ориентација.
Посочи дека реформите во одбранбениот сектор се реализираат и за членството во НАТО, но и за нашата држава, нашата армија, нашите војници и дека наскоро ќе бидат објавени серија мерки кои значително ќе го подобрат стандардот на припадниците на армијата и статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст.
Во однос на ратификацијата на пристапниот протокол, министерката рече дека во случајот со нашата држава, тој се движи исклучително брзо – досега парламентите на 25 земји членки го завршиле процесот, додека, пак, фактот што ратификациите од нашите соседи биле особено брзи, како што рече таа, покажува дека Балканот се менува и дека земјите научиле од своето лошо искуство низ историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Првпат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести рано утрово првпат во историјата на македонското здравство беше направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за случајот со починатата 21-годишна девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.
„Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести“, се наведува во соопштението.
Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.
Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден.
Од МЗ велат дека ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат.
Македонија
Успешно извршена трансплантацијата на бубрег од починат донор

Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка.
„Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија. Во моментов во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор“, соопшти Министерството за здравство.
Благодарение на семејството на 21-годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи.
Ноќеска нејзиното срце беше трансплантирано кај 22-годишно момче, а од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести.
Македонија
Во болниците во земјава се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 335 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 702 лица. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.
Во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 998 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш