Македонија
Шекеринска: Интересот на жените за учество во Армијата се зголемува

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска се обрати на конференцијата организирана од SEESAC, посветена на родовата еднаквост и родовата перспектива во одбраната, каде што посочи дека зголемувањето на учеството на жени во армиските редови не се прави и не треба да се прави преку ноќ, туку треба силна работа и силна посветеност.
За тоа дека овој проблем не е само на регионот, туку и пошироко, рече дека доказ се многуте невладини организации, многуте резолуции на Обединетите нации, многуте здруженија на граѓани, кои во целиот свет се трудат да ги разбијат стереотипите.
„Од речиси 6.700 припадници на Армијата, 635 се жени, односно околу 10 проценти, а од нив офицерки се 15 проценти, подофицерки 11 проценти, а професионални војнички само пет проценти“, информира министерката и додаде дека фактот оти десет проценти во последната класа граѓани на доброволно служење воен рок се девојки, покажува дека интересот за професијата се зголемува. Она што е најважно, истакна министерката, е не само да ги привлечеме жените да бидат дел од војската, туку и да ги задржиме да ја градат тука својата кариера.
„Навистина правиме сè да ја направиме Армијата пријатна средина, конструктивна, отворена средина за работа на жените и да имаме што повеќе жени на високи позиции. Донесовме упатство за заштита од вознемирување на работно место, целосно во согласност со политиките на НАТО и програмата на ООН за жени, мир и безбедност. Со предложените измени на Законите за одбрана и за служба во Армијата првпат родовата компонента треба да биде интегрирана во сите структури и е дел од политиките на Министерството. Оваа година првпат работиме на родова структура на Министерството и Армијата, со која се воведуваат родов советник на началникот на Генералштабот, родов советник на Министерството и родови претставници на сите пониски нивоа“, истакна Шекеринска.
Министерката посочи дека клучната промена не е во фактот дека се преземаат овие чекори, туку дека оваа политика е реално прифатена и од Генералштабот, што овозможува таа да е одржлива на подолг рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пендаровски : Немаме друга алтернатива освен градењето на едно општество за сите

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел-дискусијата на тема „Правата на помалобројните заедници во нашата земја“.Во својот говор тој нагласи дека претстојното официјализирање на нашето полноправно членство во НАТО како и процесот на пристапување кон ЕУ, треба да бидат дополнителен мотив за засилување на кохезијата во нашето општество. Ние, подвлече претседателот, немаме друга алтернатива освен градењето на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет.
„Неспорен факт е дека нашата земја напредуваше многу во последните две децении во однос на правата на заедниците. Тоа беше резултат на политичката волја, на законските решенија, на демократското зреење на државата, на усвојување на европските стандарди, но, и природен тек на традиционално добриот соживот, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите граѓани.
Сепак, мораме да бидеме објективни и да кажеме дека, како и во многу други области, недостасува почитување и доследна имплементација на законската регулатива. Изговорите кои најчесто ги слушаме се поврзани со недостатокот на финансиски средства, но од она што сите можеме да го видиме, навистина не станува збор за големи суми на пари, особено за така важна област. Сакам јасно да порачам дека државата мора да посвети повеќе внимание и, пред сè, ресурси за имплементација на правата на заедниците. Не смееме да правиме компромиси и импровизации кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик, за зачувување на културата и традицијата на сите помали заедници. Притоа, верувам дека клучна е правичната застапеност во институциите. Не би сакал да звучам како ништо да не е направено досега на ова поле, затоа што многу работи се направени, туку сакам да поттикнам доследно и до крај да се имплементира правичната застапеност во администрацијата и да важи подеднакво за сите етнички заедници“, рече тој.
Според Пендаровски, претстојното официјализирање на нашето полноправно членство во НАТО како и процесот на пристапување кон ЕУ, треба да бидат дополнителен мотив за засилување на кохезијата во нашето општество.
„Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет. Тоа не треба да го правиме за политички или маркетиншки цели или поради тоа што некој друг го бара од нас, туку затоа што тоа е реална потреба на нашите граѓани за нивен личен, но, и за севкупен општествен развој. Ние сме мала земја и сите граѓани ја делат заедничката судбина. Доколку нашите соседи, нашите најблиски се несреќни, не можеме ниту ние да бидеме среќни.
Во тој контекст сум убеден дека одговорноста на припадниците на поголемите заедници е клучна за почитување на правата и потребите на припадниците на помалите заедници. Токму Агенцијата за остварување на правата на заедниците е институцијата која има цел и задача да овозможи поголема интеграција на припадниците на заедниците, како рамноправни граѓани во сите сфери на општествениот живот, притоа внимавајќи да се зачуваат нивните етнички и културни специфики. Се надевам дека една деценија по нејзиното формирање, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, конечно, кадровски ќе се доекипира и ќе добие соодветен буџет за непречено и целосно остварување на целите заради кои и беше формирана. Кон таа цел треба да придонесе и новиот предлог-закон за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението и кој во моментов е во собраниска процедура. Практично со овој закон, Агенцијата ќе добие инструменти и капацитет да ги реализира своите надлежности во контекст на следење, заштита и надзор врз спроведувањето на законите кои ги уредуваат правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во државата“, рече претседателот.
Во врска со иницијативата за измени и дополнувања на Законот за празници, според кои се предлага воведување на десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“, Пендаровски вели: „Можеби овие заедници се квантитативно мали, но придонесот на секој нивен припадник за напредокот на нашето општество е квалитативно еднаков со придонесот на припадниците на побројните етнички заедници. Имено, предлогот предвидува и останатите граѓани, припадници на помалите заедници да имаат свој неработен ден, датум што е битен за нивната историја, традиција и култура. Овој предлог заслужува поддршка затоа што е дефинитивно во духот на градење на општество на еднакви граѓани. Поради тоа и очекувам да се најде во собраниска процедура и да биде усвоен“.
Македонија
Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019) и релевантните заклучоци на Владата за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот Регион, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во регионот и афирмирање на владеење на правото.
Владата ја задолжи Канцеларијата на претседателот на Владата, во соработка со Националната комисија за УНЕСКО, да ги координира работите и програмата за Реактивната мисија на УНЕСКО закажана за крајот на јануари 2020 година, како и изработката на извештајот за напредок, а сите релевантни државни институции најдоцна до 13 декември да достават до Канцеларијата на претседателот на Владата ажурирани и сеопфатни информации за степенот на реализација на препораките на УНЕСКО, кои ќе бидат дел од прогрес-извештајот за напредокот кој ќе се достави до УНЕСКО најдоцна до 31 јануари 2020 година.
Со заклучоците од денешната седница се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8 што ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година.
Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година.
Македонија
Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна служба.
Целта на законот е да се воспостави високата раководна служба заснована на начелото на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, со што едновремено ќе се направи јасна разлика помеѓу политичките избрани и именувани лица и администрацијата.
Предлог – законот е во насока на професионализација на високата раководна служба како еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци