Контакт

Македонија

Шекеринска на панел-дискусија со групата „Охрид“: Успеавме да го исполниме она што ѝ треба на Македонија

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска учествуваше на панел-дискусија заедно со претставници на новоформираната група „Охрид“ во која членуваат поранешни дипломати за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

На панелот учествуваа и поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, поранешнот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, францускиот дипломат Ален Ле Роа и лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот дом на британскиот Парламент.

Заблагодарувајќи се на сите членови на неформалната група „Охрид“ за нивните напори и понудената помош во исклучителните моменти кога се случуваат многу работи во Македонија, Шекеринска истакна дека со поранешните дипломати соработувала во минатото и дека Македонија уште тогаш се покажа како кредибилен партнер на ЕУ и НАТО.

„Денеска, кога одлучуваме за нашето учество во мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина, во Либан, меѓу другото, како држава мислам дека имаме обврска тоа што функционира и ѝ помогна на Македонија да го искористиме и да го понудиме како наша помош на други држави“, рече вицепремиерката Шекеринска.

Таа се осврна на улогата на Европската Унија и НАТО во минатото како сојузник на Македонија за обезбедување на мирот и стабилноста во напорите да се создаде општество без етнички бариери.

Вицепремиерката истакна дека актуелната Влада, следејќи ги европските лекции, го прифати развивањето добрососедски односи и посебно преку договорот со Бугарија покажа дека само така може да се гарантираат напредокот и заедничката безбедност на балканските држави.

„Како Влада, по 10 години успеавме да го исполниме она што ѝ треба на Македонија и мора да сметате на нас и нашите стратешки интереси што ги решаваме како заеднички интереси на сите граѓани и соседи“, им се обрати Шекеринска на пријателите од неформалната група за поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон.

Во своето обраќање Робертсон оцени дека во минатото Македонија се соочила со разни интереси и била земја на работ на распаѓање, но не се распаднала благодарение на граѓаните што се обединија.

Заедно со поранешниот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, Робертсон се согласи дека просперитетна земја и земја со добра иднина се гради само со надминување на партиските интереси и соработка на преостанатите полиња, како што се економскиот и културниот развој во регионот.

Плевнелиев нагласи дека единствен начин за градење стабилен и безбеден Балкан се заедничката соработка и довербата во економски и културни проекти што ги обединуваат граѓаните. Тој посебно позитивно ги оцени добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија додавајќи дека тие се чин на политичка добра волја и споделување на заедничката историја, а не на поделби.

Францускиот дипломат Ален Ле Роа се осврна на можноста како дел од групата на пријателите на Македонија да им помогне на државата и граѓаните, кои веќе чекорат по патот на европската перспектива. Ле Роа рече дека неформалната група нема политички мандат, но може да помогне со разни стручни експертизи и искуства.

За важноста на членството на Македонија во ЕУ и НАТО говореше и поранешниот портпарол на Северноатлантскиот сојуз, Марк Лејти. Тој истакна дека со членството во ЕУ и НАТО се обезбедува рамка, која Владата и граѓаните треба да ја искористат за креирање на економските и демократските можности, но особено за обезбедување на владеењето на правото, кое е клучно за економскиот раст и просперитет.

„Имав средби со премиерот Заев и тој ме убеди дека приоритет на оваа земја е да ги задржи младите луѓе и тоа е клучно, така ќе се создадат вистински можности за економски инвестиции“, додаде Лејти.

 

 

 

Македонија

Владата итно ќе одлучува за ПЦР тестот за патници од регионот

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски информираше дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР-тест не постар од 72 часа. Тој вели дека предлогот ќе биде разгледан веднаш и ќе биде донесена одлука во најкраток можен рок.

„Денеска има таков предлог од Комисијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука“, изјави Спасовски.

Претходно Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести одржала состанок на кој одлучила да достави предлог до Владата од утре при влез во земјава за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат концепт и нудат само обнова на режимот

Објавено пред

Оваа изборна кампања, повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата Можеме и ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна е нашиот концепт што води напред, нашата Програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени. Од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби. Тоа го гледаме во изминатите три години, го гледаме во кампањата, а го гледаме и во нивната изборна програма. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку се фалат во суштина не е ништо освен лоша содржина, полна со небулози, нереални проекти и лицемерни и задоцнети ветувања.

ВМРО-ДПМНЕ денес ветува 20.000 евра грантови за млади земјоделци, ветува решавање на долговите на општините, ветува ратификација на Истанбулската конвенција, а сите овие работи се веќе завршени од Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ. Уште еден од многуте докази дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните е нивното ветување за нови концесии за рудници. СДСМ и граѓаните со години се бореа да нема опасни рудници, а ВМРО-ДПМНЕ денес пак ги ветува рудниците на смртта.

За ВМРО-ДПМНЕ профитот е секогаш пред здравјето на граѓаните, пред заштитата на животната средина. Најлицемерното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во нивната таканаречена Обнова е ветувањето за нулта толеранција за корупција и ветувањето за владеење на правото.

Денес, нулта толеранција нуди Мицкоски кои секојдневно кршеше мерки и забрани за заштита од коронавирусот, нуди Игор за кого слушаме како ќе тепал жени ќе убивал луѓе. Владеење на правото нудат Милошоски кој бега од судски доставувачи и Игор Дурловски кој предводеше толпа спремна да убие на 27 април во Собранието.

Тоа е нечесна, неискрена и несериозна понуда, тоа е понуда за обнова на режимот. Граѓаните на 15 јули ќе ја дадат вистинската оцена за оваа понуда, за овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ. На 15 јули граѓаните масовно ќе застанат зад СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ќе му испорачаат нов пораз на незрелиот Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ“ порача Костадинов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Северна Македонија и Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Анке Гизелa Холштајн, новоименувана амбасадорка на  Германија.

Пендаровски оцени дека Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи, посочувајќи на интензивниот политички дијалог меѓу двете држави и истакнувајќи го фактот дека Германија е најважен економски и трговски партнер на Северна Македонија, со трговска размена преку 4 милијарди евра на годишно ниво.

Претседателот Пендаровски оцени дека вклучувањето на прашањето за проширувањето во приоритетите на германското претседавање со Европската Унија во втората половина на 2020 година е јасна порака за нашата држава, но и недвосмислен стимул за понатамошно спроведување на неопходните суштински реформи во сите сфери од општественото живеење, а особено во изградбата на правната држава и во борбата со организираниот криминал и со високата корупција.

„Свесни сме дека пред Вашето претседавање со Советот на Европската Унија се исправа најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ, поврзан со заздравување на земјите погодени од коронавирусот. Но, истовремено сме сведоци дека пандемијата уште повеќе ги засили европските чувства на солидарност, единство и одговорност кон Западен Балкан. Во тие рамки, нашите очекувања се до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција со што ќе се означи и официјалниот почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија“, рече претседателот Пендаровски на церемонијата.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната германска помош за нашата држава во справувањето со пандемијата од КОВИД-19.

Амбасадорката Холштајн оцени дека Северна Македонија во изминатите години спроведе важни чекори на патот на евроатлантските интеграции.

„Приемот во НАТО како 30-та членка, важните договори со соседните земји Грција и Бугарија и најпосле зеленото светло за започнување на пристапните преговори со Европската Унија кое одамна требаше да го добиете, се успеси за кои си дозволувам да Ви честитам од сѐ срце. Германија за тоа време Ви беше доверлив партнер, кој Ве поддржуваше со сите расположливи сили. Дозволете да Ве уверам дека така и ќе остане. Можете да сметате на тоа, дека сѐ, за што можам да придонесам како германска амбасадорка лично, и ќе го сторам“, рече амбасадорката Холштајн на церемонијата на предавање на акредитивните писма.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Владата итно ќе одлучува за ПЦР тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информираше дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион16 минути

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик – градоначалникот на Белград, Горан Весиќ објави на Фејсбук фотографии од хаосот кој остана на улиците на Белград по...

Регион51 минута

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата Н1 пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 час

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија2 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет3 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет3 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет4 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија4 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион4 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет15 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион19 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија19 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион22 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија22 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија23 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија23 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет1 ден

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија1 ден

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Досие