Контакт

Избори 2019

Шекеринска од Делчево: Mладите заслужуваат да живеат како нивните врсници во Европа

Објавено пред

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше во посета на Делчево и населеното место Тработивиште. На средбите со младите во Делчево се разговараше за актуелната состојба во државата, претстојните претседателски избори и можностите што се отвораат со интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Гласот за Стево Пендаровски е глас за големи можности за младите“, истакна Шекеринска.

Секој млад човек во нашата држава, додаде таа, заслужува да живее како своите врсници во Европа, слободно да патува, да се образува и работи.

Посетата на Шекеринска на општина Делчево продолжи и во село Тработивиште.

Заменик-претседателката на СДСМ зборуваше со граѓаните за тоа дека членството во НАТО не значи само безбедност и сигурност на државата, туку значи и голем економски напредок кој граѓаните го почуствувале уште кога се навестило членството, се охрабриле и инвеститорите како домашните така и странските, па ланската година се добиени рекордни 624.5 милиони евра странски директни инвестиции, а невработеноста е намалена на 19,4 отсто, што воедно е најнизок процент од осамостојувањето на државата до сега.

„И нашата армија, и нашата одбрана, и нашата безбедност бараат да имаме престседател кој ќе биде вистински врховен командант, кој ќе знае како да ѝ помогне на армијата и како да ја засили и одбрани државата“, рече Шекеринска.

Таа посочи дека на државата ѝ треба претседател којшто ќе обединува, а нема да дели и ги повика граѓаните да дадат поддршка на човекот кој сите овие години покажа дека не брка личен интерес, туку дека се труди на својата држава да ѝ помогне.

 

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

„Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе“: му порачува Георгиевски на Груевски

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, во објава на социјалните мрежи му упати порака на својот поранешен сопартиец Никола Груевски...

Економија17 часа

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот „Беласица“, ќе имаме ценовно цунами со парното греење во Скопје

Скопјани ќе плаќаат повисока цена за парно греење ако не се стави цевковод на опожарениот мост „Беласица“. Претседателот на Регулаторната...

Македонија18 часа

35-годишен маж загина во пожарот во зградата во Хром

Триесет и петгодишен скопјанец е пронајден изгорен во стан во пожарот што избувна утрово во скопската населба Хром. Според информациите...

Македонија19 часа

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Бугарските пратеници со 180 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан на прво читање гласаа за измените во Законот...

Македонија21 час

Беќаровски за забраната од Хрватска: Пиперките што се продаваат на нашите пазари се со многу поголема концентрација на пестициди

Во врска со оспорената пратка на пиперки во Хрватска, која вчера беше потврдена и од страна на Агенцијата за храна...

Македонија21 час

Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец: „Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари“

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец предупредувајќи ги дека ако не се попишат...

Македонија21 час

Во дворските игри и дилови Мицкоски да не не меша, сам да си ги решава кавгите, велат од СДСМ

„ДПМНЕ се распаѓа. Внатрешни кавги, дворски игри, обвинувања и препукувања. Големи се внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот....

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија не владее правото, туку владее мафија, криминалот и корупцијата се главниот приоритет на владата

Во Македонија не владее правото, туку владее мафијата. Во Македонија криминалот и корупција се основниот приоритет на владата на СДС...

Регион22 часа

Габриел Ескобар: Не е точно дека САД не сакаат Срби во новата влада на Црна Гора

Специјалниот американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека Вашингтон очекува новата црногорска влада да биде проевропска и реформистичка...

Европа23 часа

Зеленски по средбата со Бајден: Токму тоа им треба сега на нашите војници

Американскиот претседател Џо Бајден му рече синоќа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе ја задржат силната поддршка за...

Свет23 часа

Криптоменувачница во Хонг Конг под истрага, користеле инфлуенсери и измамиле илјадници луѓе

Полицијата во Хонг Конг ги истражува наводите за измама против платформата за тргување со криптовалути, JPEX, кога инвеститорите се пожалија...

Европа23 часа

Експлозија во руски град, илјадници луѓе без струја

Најмалку 5.000 дома останаа без струја во рускиот град Тула, јавува руската режимска агенција РИА. Се наведува дека имало „тен...

Свет23 часа

(Видео) Се преврте училиштен автобус во САД, двајца загинати

Автобус со членови на средношколски оркестар на екскурзија во музички камп излета од автопат по стрмен насип во државата Њујорк...

Регион1 ден

Милановиќ ги повика ОН да го признаат Косово; Вучиќ: Жабата виде дека коњот се потковува…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се потсмеваше на повикот на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој побара на Генералното...

Топ1 ден

Mалолетничка е жртвата на тинејџерот од Скопје кој ја прегази возејќи брзо украден автомобил и без дозвола

МВР објави детали за настанот од 30 август, кога 18-годишен скопјанец прегази девојче возејќи брзо, без дозвола и со украден...

Македонија1 ден

Мицкоски би бил најсреќен ако ме удри трамвај во Будимпешта, вели Груевски

Влијание врз пратеници од моја страна немало. ВМРО-ДПМНЕ треба аргументирано да и се спротивстави на Бугарија. Мицкоски раскажува дека ако...

Регион2 дена

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија кои внеле над 10.000 такви монети во Приштина

Келнерите во едно кафуле во Приштина се откажаа од проверката дали монетите од две евра се оригинални или не, бидејќи...

Македонија2 дена

Уставниот суд пресече за преспанскиот договор: „Донесен е во согласност со Уставот“

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за преспанскиот договор, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за уставното...

Македонија2 дена

Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да...

Македонија2 дена

Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска

Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со...