Контакт

Македонија

Шекеринска: Од 1 март дополнителни 7.000 денари за сите припадници на Армијатa

Објавено пред

Министерската за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска, заедно со британскиот бригаден генерал Хју Лојд Џонс, ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во изјава за медиумите таа рече дека штипската касарна е место за добри вести.

„Тука бев кога првпат најавивме подобрување на условите за работа и покачување на платите на припадниците на Армијата пред две години. По две вакви покачувања, денеска во Штип можам да потврдам дека на сите припадници на Армијата од крајот на овој месец ќе бидат дополнително зголемени 10 отсто, а дека со почеток од март сите припадници на Армијата, оние што имаат над тригодишни договори, ќе добиваат месечни надоместоци за станарина во износ од 7.000 денари секој месец. Тоа значи дека ако пред две и пол години платата на одреден професионален војник изнесувала 20.000 денари, тогаш заедно со овие покачувања, заедно со станарината, тој или таа сега секој месец ќе добиваат над 30.000 денари, што значи дека токму за оние што имаат најниски примања во Армијата зголемувањето на месечните приливи ќе биде над 50 отсто“, рече Шекеринска.

Шекеринска додаде дека на овој начин им се зголемуваат мотивираноста и желбата на припадниците да продолжат тука да работат, но и се подобруваат условите, со што се покажува дека нашата Армија е подготвена да биде Армија на НАТО.

„Во кампањите што ги водевме изминативе години велевме: ‘Ние сме НАТО’. Оваа година навистина ќе станеме членка на оваа најголема алијанса. Меѓутоа, членството значи и повисоки стандарди и повисока професионалност и повисоко знаење. И затоа ми е навистина задоволство што токму во Штип ќе биде лоциран нашиот главен НАТО-ресурс, лесната пешадиска борбена група, која ќе ги има и повисоките стандарди на обука и повисоките стандарди во дел на опремата. На крајот на минатата година успеавме да го потпишеме првиот договор со кој обезбедивме оклопни возила токму за оваа група. Меѓутоа, опремата е дел од процесот. Најважниот дел во нашиот процес се луѓето. Покажавме дека ни се важни со зголемување на нивните приходи, но сега, денеска, овде во Штип и во Криволак, покажуваме дека ни е важно, пред сè, нивното знаење и сакам да ја изразам мојата благодарност до Обединетото Кралство, кое во овој момент е фокусирано токму на обука на луѓето што ќе бидат рамката на оваа борбена група. Денеска, некои од нив се тука во Штип, други се на терен во Криволак. Навистина ќе ни биде задоволство преку вакво сојузништво со една од нашите стратешки партнери, Обединетото Кралство, да покажеме за што сè е подготвена нашата армија. Ова е плус за нас, ова е плус за припадниците на Армијата, но ова ќе биде и плус во поглед на НАТО-ресурсите, сите за еден и еден за сите“, рече министерката Шекеринска.

Бригадниот генерал, Хју Лојд Џонс, изјави дека Обединетото Кралство со нетрпение очекува да ја поздрави Северна Македонија како 30-та членка на семејството на НАТО.

„Лесната пешадиска баталјонска група што ја развива Армијата на Република Северна Македонија ќе биде подобро опремена, подобро обучена и ќе има подобри ресурси од која било друга конвенционална единица што ја претставувала АРСМ на терен. Оваа способност ќе биде организирана и обучена во согласност со НАТО-стандардите и ќе биде основа на воениот придонес на Армијата кон алијансата“, рече Џонс.

Тој додаде дека Обединетото Кралство многу ја цени можноста да даде своја поддршка на приемот на Северна Македонија во алијансата и да обезбеди практична помош во развојот на Лесната пешадиска баталјонска група.

Обуката ја изведува тим за обука од Вториот баталјон на полкот на војводата од Ланкастер. Дел од обуката беше презентирана пред министерката Шекеринска и бригадниот генерал Џонс. Во моментот на полигонот „Криволак“ се врши лесна пешадиска и лидерска обука за 30 потенцијални подофицери од првата пешадиска чета.

Целта на обуката е создавање врвна обучена единица, која ќе биде интероперабилна со НАТО-тактиките и процедурите за изведување здружени комбинирани операции.

Македонија

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Објавено пред

Министерството за здравство соопшти дека вчера, во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“.

„ Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид-19. Според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини на „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe)“ соопшти министерството.

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини. Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Објавено пред

Претседателот, Стево Пендаровски, и бугарскиот претседател, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

Како што е предвидено, Радев најпрво ќе допатува во Скопје каде ќе се сретне со Пендаровски, а потоа заедно со бугарски авион ќе заминат за Рим.

„Двете делегации ќе отпатуваат заедно во Италијанската Република. На 27 мај претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре“, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Во базиликата, во IX век, Папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од Светите браќа Кирил и Методиј.

Прикажи повеќе...

Македонија

24 Мај – Ден на сесловенските просветители неработен за сите граѓани

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера, во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „ Од нив 4.680...

Македонија23 минути

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот, Стево Пендаровски, и бугарскиот претседател, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј...

Свет53 минути

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде побаран...

Свет1 час

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загина, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет1 час

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на појасот Газа, израелските сили ја...

Свет1 час

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион15 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија15 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија15 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа15 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија18 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија21 час

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет22 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија22 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет22 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет1 ден

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет1 ден

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Досие