Македонија
По шест години од петкратното убиство на Смилковско Езеро, судскиот процес на почеток

По шест години од петкратното убиство кај Смилковско Езеро кое се случи на денешен ден, судската постапка тапка во место. На 12 април 2012 година покрај езерото, кај селото Смилковци рибари ги пронајдоа телата на четирите момчиња Александар Наќевски, Киро Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и 45-годишниот Борче Стефковски.
На 19 февруари оваа година обвинетите за масакрот добија доживотни казни затвор, за потоа Врховниот суд да утврди серија пропусти во водењето на постапките и да ги укине пресудите. По оваа одлука, предметот е вратен на судење од почеток. Највисокиот суд ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во којшто живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1. Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се на Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.
Кон петте лица кои беа убиени кај Смилковското Езерo било пукано од три типа огнено оружје, а беа пронајдени три различни видови муниција, што укажува дека има повеќе од еден извршител на чинот, покажа истрагата. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога беа најдени телата на убиените.
„Монструм“ доби нов тек откако лидерот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев, најави бомби, односно прислушкувани разговори кои ќе го расветлат случајот. Родителите и роднините на убиените сè уште очекуваат да ги слушнат разговорите, а истите се во СЈО, каде се води постапка. За една недела ќе почне судењето пред нови обвинители, а ќе бидат презентирани и снимки од прислушувани разговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жирафата Флопи угиналa како резултат на агресивен карцином кој метастазирал и на белите дробови, соопшти ЗОО Скопје

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи, од ЗОО Скопје соопштија дека врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина е добиен заклучок во кој се констатира дека жирафата Флопи угинала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.
„Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.
Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите и посетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување“, се истакнува во соопштението од ЗОО Скопје.
27.11. 2023 година, како што велат, за нив бил трагичен ден.
„Прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа“, се истакнува во информацијата.
Македонија
Првото селфи на слобода, објави Боки 13

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија од пред Соборниот храм во Скопје.
На социјалните мрежи напиша дека ова му е прво селфи на слобода по 4 години.
Прво селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош , прво и најважно здравје а потоа се ќе си дојде на свое место“, пишува Боки 13.
Тој неодамна излезе од затвор поради здравствени проблеми.
Беше осуден во предметот Рекет.
Сервисни информации
Поради снег, забрана за товарни возила на „Ѓавато“

Од АМСМ информираат дека поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на превојот „Ѓавато“
„Oд 18:35 часот на магистралниот пат А-3, Битола-Ресен на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ, се наведува во официјалното соопштение.