Контакт

Македонија

Шест месеци казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1oн

Објавено пред

Основниот суд го прогласи за виновен и му одреди затворска казна во траење од шест месеци на Матија Каников, лицето кое ја нападна новинарската екипа на А1он за време на протестите на „За заедничка Македонија“ на 28 февруари минатата година.

Судијката Марија Клетничка Марковска напомена дека при донесување на одлуката предвид се земени сите олеснителни и отежителни околности.

Јавното обвинителство во текот на доказната постапка приложи над 1 час видеоматеријали и фотографии како докази за делото.

Оштетените претходно во постапката се изјаснија дека се приклучуваат кон материјално побарување.

Осудениот Каников има право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена.

Виктор Јованов

Крвав четврток

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток. Прв сведочи Сашко Коцевски, самостоен референт во системот за електронско гласање и мониторинг. Коцевски рече дека до 20 март и самиот бил учесник во протестите на иницијативата „За заедничка Македонија” и дека како учесник добивал насоки од претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ против тиранската платформа. Коцевски во одговор на прашањето на обвинителката Вилма Русковска, рече дека организатори на иницијативата биле Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

Судијката Добрила Кацарска го предупреди да не се осврнува на политичкиот контекст, туку да ја говори фактичката состојба која ја засведочил.

Коцевски рече дека им рекле да се заклучат во собата за техничка режија оти влегол народ во Собранието. Таму, како што рече, биле од 18.40 до 20 часот. „Останавме заклучени. Се обидувавме да стапиме во контакт со генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски“, рече сведокот. Денковски ги побарал подоцна, но освен што прашал за опремата, не се заинтересирал како се и дали може да помогне во нивното извлекување.

Додека биле заклучени во собата, се слушало викање, тропање и истрели: „Почнаа да викаат: ‘Отворете, отворете! Излезете комуњари’“, рече Коцевски пред судот. Се присети дека на колешката раковидителка ѝ дал дијазепам за да се смири. Сведокот рече дека се скриле зад регалот оти стравувале за да не се одбие некој куршум.

Коцевски рече дека од собата ги извлекле Горан Ѓошевски Леви заедно со тројца од собраниското обезбедување, кој ги спречил лицата кои биле дел од толпата да ги нападнат затоа што „биле нивни“.

Освен Коцевски, денеска треба да сведочат и пратеникот Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Објавено пред

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка за стопирање на активностите за референдумот.

Според уставниот судија Дарко Костадиновски, прашањето не е двосмислено и нејасно.

„Предлагачот, односно Собранието, сака да ги консултира граѓаните. Трите прашања срочени во едно имаат причинско-последични врски. Тоа не ги доведува во заблуда граѓаните. А дали бил надлежен Димитров, не е тема на денешната иницијатива и расправа“, рече Костадиновски.

Со сличен став е и судијата Осман Кадриу, кој оцени дека ниту една одредба од Уставот не е повредена со одлуката за референдум и најави дека ќе гласа против предлогот на Гошева.

Судијата Сали Мурати направи споредба со референдумот од ’91 кога истo така, како што рече, имало повеќе прашања во едно и за него не треба да се проблематизира од уставен аспект.

Судиите Влатко Стојановски, Вангелина Маркудова и Насер Ајдари во дискусијата исто така наведоа дека не треба да се поведе постапка.

Прикажи повеќе...

Македонија

За Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

Објавено пред

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа е судија известител за иницијативата за оценувње на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, поднесена од Левица и Светскиот македонски конгрес.

Според Гошева, одлуката не содржи 4 од 7 елементи за референдум, а прашањето е двосмислено и збунувачко.

„Од анализите ценам дека има посебни правни недостатоци што е спротивно на Уставот. Во одлуката не е наведен целиот назив на спогодбата со Грција, прашањето не е прецизно, збунувачко е, погрешно и нејасно. Треба да се посебни три прашања, не се содржани сите елементи, договорот е неуставен, а министерството нема мандат да склучува вакви договори“, образложи Гошева.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток5 минути

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Македонија14 минути

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка...

Македонија31 минута

За Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа...

Вести2 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија2 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија2 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура23 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Досие