Македонија
Шест починати лица, регистрирани 844 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на Ковид-19: Скопје – 374, Kуманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.
Регистрирани сe 815 оздравени пациенти од: Скопје – 350, Битола – 65, Куманово – 44, Кавадарци – 39,Прилеп – 38, Тетово – 28, Охрид – 27,Велес – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар – 17, Ресен – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 14, Кичево – 13, Кочани – 10, Струга и Кратово – по 9, Радовиш и Крива Паланка – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Демир Хисар – 4, Дебар, Крушево, Виница и Богданци – по 3, Демир Капија – 2, Македонски Брод – 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година.
Направени се 1.890 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-26, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–125, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-52, Систина-36, лабораторија Лаор-19, Синлаб-12, Ремедика-10, Плодност-14, Генеа-10, Никоб лаб-67, ВФВ Медикал-9, Ели медика плус-12, Ројал медика–3, Спектра-ММ-17, Рапид лаб–10, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 964.
Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи изнесува 4.139
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 155788, Активни 1749
Куманово 17581, Активни 203
Битола 16972, Активни 271
Прилеп 14938, Активни 184
Тетово 14102, Активни 169
Кавадарци 11478, Активни 187
Велес 10407, Активни 127
Гостивар 9975, Активни 124
Охрид 9668, Активни 206
Струмица 8496, Активни 120
Штип 8465, Активни 102
Кичево 5906, Активни 69
Кочани 5300, Активни 47
Струга 4992, Активни 110
Гевгелија 4627, Активни 66
Неготино 3937, Активни 70
Ресен 2913, Активни 41
Свети Николе 2720, Активни 11
Радовиш 2686 68
Крива Паланка 2540 26
Делчево 2017, Активни 3
Дебар 1756, Активни 38
Берово 1745, Активни 17
Валандово 1559, Активни 16
Виница 1422, Активни 16
Пробиштип 1291, Активни 5
Богданци 1053, Активни 10
Кратово 1043, Активни 24
Крушево 981, Активни 24
Демир Хисар 894, Активни 21
Македонски Брод 771, Активни 8
Демир Капија 608, Активни 2
Македонска Каменица 529, Активни 3
Пехчево 494, Активни 1
Дојран 362, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Со советничката листа на СДСМ за европско Тетово, за еднакви и подобри услови за живот

Од партијата на власт потсетуваат дека Тетово на 20 август избира членови на новиот совет, тело кое има важна улога и големо влијание за функционирањето и иднината на општината и претставува силен коректив на работата на градоначалникот.
„Советничката листа на СДСМ и коалицијата, предводена од носителот Глигорије Стојановски е составена од докажани, угледни и чесни личности подговтени да работат за своите сограѓани, за Тетово да се развива, да ги користи сите свои потенцијали за да обезбеди еднакви и подобри услови за живот и работа на сите граѓани“, велат од СДСМ.
„Општина Тетово да го задржи правецот по кој се движи изминатиот период, кога се реализирани бројни проекти важни за граѓаните меѓу кои се издвојуваат нов затворен пливачки базен, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ. Тетово денеска е град кој живее во духот на мултикултурализмот, град во коj се отвораат нови работни места, град кој дава еднакви шанси за секого, град каде ќе се произведуваат европски брендови“, се посочува во соопштението од страна на СДСМ.
СДСМ, дополнуваат од таму е сплотен, обединет за нови успеси, за политики и мерки што носат придобивки за граѓаните.
„Се залагаме за европско Тетово. Затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата“, е истакнато во дописот на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата платила 6,5 милиони евра казна за неискористен кредит, тоа покажува колку се некадарни

Ковачевски пред неколку недели говореше за изградба на пругата кон Бугарија, а пропуштил да каже дека поради неспособноста на неговата влада, Македонија ќе плати 6,5 милиони евра казна за нереализирани средства поради неискористување на заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Или не му кажале на Ковачевски каква штета е направена или тој не разбрал. Имале одобрени средства на располагање, а не ги искористиле нешто да направат за својот народ и својата држава и тоа доволно говори за отсуството на капацитет, кадарност и одговорност на оваа власт. Веројатно владата на Ковачевски може да конкурира за најштетна влада во светот, да позајмиш пари, да не изградиш ништо и згора на се да платиш камати и казни во износ од 6,5 милиони евра! А со тие пари можеше да се изгради училиште, детски градинки, патишта, канализации и други проекти“, се посочува во нивната реакција.
За ваквата штета по буџетот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да понесе одговорност или Ковачевски, или Бочварски како ресорен министер или друг надлежен за реализацијата на овој проекти и овој кредит.
„За жал, на владата на Ковачевски и СДСМ три нацртани овци да им дадеш да ти чуваат, една ќе изгубат, една ќе украдат, а третата ако имаш среќа ќе си ја вратиш“, се додава во дописот од оваа партија.
Потсетуваат, како што велат, дека владата на СДСМ изгуби 14 милиони евра од Европската банка за изградба на штипската болница, кои беа стопирани како казна за тоа што ништо не се градело цели 4 години.
„И сега поради СДСМ нема нова штипска болница, која требаше да биде капитален објект во здравството. Оваа штетност и криминогеност на власта на СДСМ е епска. Што поскоро падне оваа власт толку подобро за Македонија. Затоа е потребно соочување со народот, за да се соочат со казната за сите штетни и неодговорни политики“, се дополнува во писмената реакција од партијата на Мицкоски.
Македонија
На Табановце и Пелинце се чека околу еден час на Богородица околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути.
На ГП Табановце и ГП Пелинце се чека околу 1 часа за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.