Контакт

Македонија

Шефовите на набљудувачките мисии: Потребна е сеопфатна реформа на изборното законодавство

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со шефовите на набљудувачките мисии на штотуку завршените претседателски избори – на парламентарните собранија на ОБСЕ, Серен Моборњ, и на Советот на Европа, Мари-Кристин Далоз, како и со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Корнелија Јонкер.

Од Министерството соопштија дека на средбата високите меѓународни претставници изразиле задоволство од добро спроведениот втор изборен круг и од мирната и демократска атмосфера која овозможила слободно изразување на волјата на гласачите.

„Во рамки на средбата беа истакнати ефикасноста, професионалноста и непристрасноста на изборната администрација, како и транспарентноста на целокупниот изборен процес. Потенцирана беше и улогата на медиумите кои овозможија мноштво информации за кандидатите и балансирано покривање на кампањата. Иако законската рамка за одржување на изборите е оценета како погодна за одржување демократски избори, сепак, беше укажано на потребата од сеопфатна реформа на изборното законодавство која ќе ги отстрани воочените правни недостатоци и празнини“, велат од Министерството.

Димитров истакнал дека одржаните претседателски избори го покажале демократскиот капацитет и зрелоста на институциите, но пред сè и над се на граѓаните, како неопходен предуслов за европската интеграција на земјата. Заблагодарувајќи се за поддршката на ОБСЕ/ОДИХР и на Советот на Европа, министерот ја реафирмирал подготвеноста на Владата за продолжување на реформите на изборното законодавство, како неопходност и во контекст на европската интеграција на земјата, информираат од Министерството за надворешни работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ : Повеќе нема присилно извршување за социјално загрозените граѓани

Објавено пред

„СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните и го враќаат достоинството.Измените во законот за извршување, усвоени во Собранието на предлог СДСМ, особено се во интерес на загрозените категории на граѓани, чии приходи целосно се изземаат од присилно извршување“, соопшти партијата.

Според СДСМ, примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица, отсега целосно се изземаат од присилно извршување.

„Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.
СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ФРОДЕМ : Дополнителниот заменик министер во МЗШВ е срам за пржинската влада

Објавено пред

„Кадрите кои верно му слугуваа на режимот воспоставен од бегалецот од Будимпешта, наместо со знаење и културно и цивилизациско однесување кон држаната управа, тие повторно почнаа да се наметнуваат со сила и агресија и да ја злоупотребуваат времената државна позиција. Дополнителниот заменик министер во МЗШВ уште не седнат на фотеља започна со суптилно политичко насилие и вознемирување на државните службеници на нивното работно место. Заштитата на правата на земјоделците од нехуманиот однос на локалните функционери не се врши со ваков нехуман, неетички и непрофесионален упад во простории на подрачните единици и со вршење политичко заплашување и покажување ,,мускули” над службениците од страна на ,,дополнителниот”, соопшти ФРОДЕМ.

„ФРОДЕМ го потсетува овој ‘дополнителен политички насилник’ и целата јавност дека во Законот за државни службеници постојат одредби кои се однесуваат на одговорноста на државните службеници како и одредби за контролата и оценување на нивната работа вклучувајќи го и оценувањето на нивниот хуман или нехуман однос кон граѓаните.
Начинот на кој овој ‘грујов апаратчик’ врши наводна контрола над вработените во подрачните единици на министерството е далеку од здравиот разум и достоинствено функционерско однесување. Обидот да се покаже ‘кој е кој’ е класичен акт на политичко насилие и психичко вознемирување на вработените во државните институции. Нормален и достоинствен заменик министер, па нека е тоа дури и дополнителен заменик министер, не се пресметува со својот министер преку грбот на вработените во подрачните единици. Ваквите функционери се класични политички кабадахии кои му припаѓаат на времето кое е одамна зад нас“, велат од партијата.

ФРОДЕМ очекува од техничкиот премиер на привремената влада поради скадалозното однесување на овој дополнителен заменик министер итно да побара негово разрешување и енергично да го стопира секој иден обид или акт на политичко насилие над државните службеници во функција на претстојните избори. Техничката влада мора да ја остави државната и јавната администрација професионално, совесно и непристрасно да си ја врши својата работа.

„Истовремено упатуваме и апел до јавноста, но пред се до УПОЗ и останатите синдикати со сите можни законски средства да ги заштитат правата на државните и јавни службеници од психичко вознемирување, заплашување и секој друг вид политички терор кој се врши од страна на високи партиски и државни функционери како пред изборите, за време на нивното одржување, но и по нив. Потребна е професионална и сервисно ориентирана кон граѓаните државна и јавна администрација, а не администрација која ќе ги извршува наредбите и желбите на некадарните политички големци“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Објавено пред

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги, тетки, деца, братучеди, блиски и далечни роднини на партиските функционери.Нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија по државната и јавна администрација, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ ги користи последните моменти на власт за изигрување на законите и за згрижување на своите партиски активисти и полтрони.

„Во Општина Ѓорче Петров лицето Лепа Ѓорѓиевска Јакимовска, односно жена на личниот шофер на градоначалникот Александар Наумовски ќе биде вработена како соработник за односи со јавност во општината. Непотизмот е присутен и во Битола каде што Јове Смилевски, инаку вработен во РЕК Битола и Претседател на синдикатот на ЕЛЕМ, близок до Васко Ковачевски и СДСМ, си го вработил својот син Наум Смилевски во РЕК Битола, а истиот тој е Претседавач на Советот во општина Новаци од редовите на СДСМ.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров непосредно пред формирањето на техничката влада си ја вработил сопругата Теодора Димитрова во МВР односно СВР Штип.
Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни сомнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7-ма на рангирањето, односно се барале 5. Иако била 7-ма, сепак била вработена од страна на болницата.

Досегашниот командир на полициската станица Прилеп, партискиот полицаец на СДСМ, Кире Спиркоски, сестрата на сопругата, Викторија Јовческа ја вработил во општина Прилеп. Најверојатно како награда за работата која што ја вршел до сега за СДСМ.
СДСМ знаат и се исплашени од поразот којшто ги чека на 12-ти април, па затоа брзаат да ги вработат своите партиски активисти. Никој од СДСМ нема да се спаси од прекршување на законот. По 12-ти април следува обнова на Македонија, и тоа обнова која што ќе донесе рамноправност за сите граѓани, а не само привилегии за локалните и централните функционери на СДСМ и власта“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет32 минути

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Свет40 минути

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет14 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа16 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија17 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа19 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет21 час

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион22 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ23 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет23 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија24 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија24 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион1 ден

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет2 дена

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија2 дена

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Досие