Контакт

Македонија

Шефот на грчката дипломатија доаѓа во Скопје

Објавено пред

Од македонското Министерство за надворешни работи информираат дека министерот Бујар Османи утре ќе му биде домаќин на својот колега од Грција, Никос Дендијас, кој доаѓа во официјална посета на земјава.

„Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратешко партнерство.

Предвидено е министрите да дискутираат за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, особено од аспект на неговите интегративни процеси, како и во случувањата пошироко во светот, со посебен осврт на најновите ангажмани во борбата за справување со пандемијата и состојбите во Авганистан.

Во делот на билатералната соработка фокусот се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, кое следува по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности во согласност со договорот како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција“, се наведува во соопштението од МНР.

За време на посетата министерот Дендијас ќе оствари средби и со највисоките претставници на нашата држава.

Македонија

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери-Алијанса и Алтернатива се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден, изјави на прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Рече дека петседателот на Комисијата за труд и социјална политика од редовите на Алијанса-Алтернатива, Хусни Исмаили, упорно не закажува седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, со кои недела станува ден за одмор за сите работници.

Лазаревска потсети дека овие измени на сила треба да стапат на први октомври, и обвини дека денеска, на десет дена пред тоj датум, опозицијата во Собранието се обидува да ги спречи.

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога во Собранието треба да се носат закони кои се во корист на граѓаните, оваа партија на секој начин се обидува да ги блокира и закочи. Овој пат тоа очигледно го прави преку своите коалициски партнери“, рече Лазаревска.

Според неа, лицемерниот и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е одамна прочитан и препознаен, па затоа на изборите ги очекува пораз.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Анкетата на Брима потврди – СДСМ е победник на локалните избори

Објавено пред

Анкетата на Брима потврди, СДСМ е победник на локалните избори, претседателот Заев со најголема доверба од граѓаните, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„На прашањето ‘доколку денеска се одржат парламентарни избори за која политичка партија или коалиција би гласале?’ 19,5 отсто од испитаниците се изјасниле за СДСМ, а 17,5 отсто за ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и натаму е политичар со најголема доверба од граѓаните со рејтинг од 11,8 отсто, додека Христијан Мицкоски има само седум отсто“, рече Кузеска.

Според неа, за првпат откако Брима ги прави својот политички Барометар, односно од 2005 година, ВМРО-ДПМНЕ има најслаб резултат на овие анкети.

„Тоа само потврдува дека граѓаните се силно против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните прават јасна разлика помеѓу одговорното, отчетно и домаќинско работење на СДСМ и деструктивното антинародно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално.

„СДСМ има квалитетни кадри коишто можат и Зоран Заев и кој било да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие забележавте дека стана банално ова во сите овие денови“, одговори Заев на новинарско прашање дали значи дека во СДСМ нема кој да го замени затоа што пред некој ден изјавил дека нема да поднесе оставка како морална одговорност за несреќата за да не дојде Мицкоски на власт.

Според Заев, моралната одговорност за несреќата во модуларната болница е испорачана од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик-министерот за здравство.

„Истрагата да заврши, да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик-министерот за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија2 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија3 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори...

Свет4 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија22 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет22 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија23 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија1 ден

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Досие