Контакт

Македонија

Шекеринска од прославата на ДУИ: Треба да ги разбереме оние што се против уставните измени

Објавено пред

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.

„Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања“, вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, предупреди таа.

Според Шекеринска, војната во Украина ја сменила геополитичката карта за проширување на ЕУ.

По толку години, избира да биде оптимист, но сепак смета дека многу е потешко за малите држави, кои, како што вели, мора да знаат да ја читаат геополитичката карта.

„Кога големи држави прават стратешки грешки, тоа е грешка и има цена, но кога мали држави прават грешки, тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат дека летоска нѐ очекува многу тешко лето. Во најдобро сценарио, влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет. Треба да знаеме кај сме. Според мене, фер е да ги поставиме отворено прашањата. Дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта, па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е да“, рече Шеќеринска.

Шекеринска зборуваше на дебатата „Европски фронт“, организирана по повод годишнината на ДУИ во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

Најново

Спорт50 минути

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт2 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт3 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет3 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава3 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион4 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...