Контакт

Македонија

Шилегов во дводневна посета на Нирнберг

Објавено пред

Нирнбeрг викендов го организира 14. безграничен фестивал на збратимени градови на кој се претстави и Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов во рамките на фестивалот имаше свое обраќање, а исто така отвори и изложба во рамките на фестивалот.

„Ми претставува чест и задоволство да ја предводам делегацијата на Град Скопје на овој меѓународен фестивал на збратимени градови, тука во збратимениот град Нирнберг. Верувам дека ќе се согласите дека збратимувањето на градовите е од особена важност за интензивирање на соработката и развивање партнерски однос на многу полиња. Најважната придобивка е спојувањето и негувањето на различностите“, изјави Шилегов.

Тој нагласи и дека соработката со пријателскиот град Нирнберг е навистина одличен пример за тоа како два збратимени града може многу успешно да соработуваат во многу области.

Ги потенцира активностите на двата града во соработката и размената на искуства на полето на културата, младинската и спортската размена, а ги најави и активностите во правец на развивање на соработката во областа за заштита на животната средина.

 

Македонија

Владата препорача откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, спортските натпревари да се играат без публика

Објавено пред

Во насока на натамошна превенција од коронавирусот, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март.

Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични.

Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика.

Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.

Владата на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.

Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести да продолжи да ги известува Владата, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и Кризниот штаб, за епидемиoлошката состојба со корона вирусот, за да се планираат идните чекори во превенцијата и справувањето со ситуацијата.

На оваа своја седница Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб.

Како еден од заклучоците на оваа седница е и одлуката да се воспостави соработка со „Црвен Крст“ на Република Северна Македонија и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.

На денешната седница Владата ја разгледа информацијата за последиците од невремето со силниот ветер на 26 февруари и донесе заклучок да ги повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да покренат постапки за одговорноста за рушењето на фасадите и другите делови од јавните објекти, врз основа на увидот на стручните служби што го направија на оштетувањата на зградите на МЕПСО, на Владата на Северна Македонија, како и на другите објекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев ја претстави економската програма: „600 евра просечна, 300 евра мининална плата“

Објавено пред

100.000 нови работни места, 36.000 денари просечна и 18.000 минимална плата до крајот на мандатот во 2024. Ова се дел од ветувањата на СДСМ за економската програма за период од 2020-2024 година, што денеска ја презентираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„ До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Ако можевме за 2,5 години да отвориме 60.000 конкретни, јасно видливи работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места. Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот. На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина. Невработеноста ќе ја донесеме под 8%, односно под 20% кај младите. Денес стапаката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година. За само две и пол години, минималната плата ја покачивме за 60 отсто или за 5.500 денари, а просечната за над 4.000 денари. Покажавме дека платите можат да растат во сите сектори. За само две и пол години просечната плата ја зголемивме на 450 евра. Затоа, во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и побрз и посилен. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари. Минималната на 18.000 денари. 600 евра просечна, 300 евра мининална плата“, рече Заев.

Тој додаде дека платите на вработените во образованието и здравството ќе пораснат за 20 отсто, а најави и дека продолжува субвенционирањето на придонесите за сите компании кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен.

„Ги унапредуваме условите за работа во ИТ индустријата која е генератор на илјадници добро платени работни места. До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%. Заедно со мерките на повраток на персоналниот данок, директно во самата индустрија, за конечно сите во ИТ индустријата да плаќаат 0% данок. Ќе развиеме и еден нов модел на номади и слични меѓународно признати механизми, за развој на оваа важна индустриска гранка. За оние кои сакаат да се обучуваат, доообучуваат или преквалификуваат, обезбедуваме целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација“, нагласи Заев.

Првиот човек на СДСМ најави целосно нови стратегии преку грантови или неповратни средства од 5.000 – 15.000 евра за млади и жени за отворарање на сопствени бизниси, каде државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.

Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка кај младите, рече Заев.

Со чесна и одговорна понуда, вели Заев, бараме од граѓаните мандат од четири години за да покажеме дека невработеноста може уште многу да се намалува, дека платите и пензиите можат уште повеќе да растат, дека има пари и за поддршка на компаниите, на земјоделците, на ранливите категории граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пуштени во употреба новите простории на кумановското Основно јавно обвинителство

Објавено пред

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на кумановското обвинителство Теута Бедиу-Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската Унија.

Од денеска кумановското обвинителство е сместено на третиот кат во зградата на Основниот суд Куманово, со значително подобрени просторни услови за функционирање.

Со одлука на Државниот јавени обвинител од 1 март во кумановското обвинителство ќе почне да функционира и истражниот центар, за што е обезбедена посебна канцеларија во која ќе бидат сместени истражителите.

Во рамките на истиот проект финансиран со средства од ИПА-фондовите на Европската Унија, подобрени се просторните услови во вкупно 11 основни јавни обвинителства.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Владата препорача откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, спортските натпревари да се играат без публика

Во насока на натамошна превенција од коронавирусот, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот...

Македонија2 часа

Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на зградата на МЕПСО

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО,...

Свет3 часа

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Македонија4 часа

Филипче предлага да се забранат сите јавни собири за најмалку седум дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција од вирусот во пресрет...

Регион5 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ5 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија5 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет6 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет6 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет7 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа17 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа17 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион18 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа20 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија20 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија23 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија1 ден

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија1 ден

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија1 ден

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија1 ден

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Досие