Контакт

Македонија

Шилегов: Кејот 13 Ноември повторно назад кај граѓаните, реконструиран и поширок

Објавено пред

На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот 13 Ноември, на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов, има целосно ново партерно уредување.

„Шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе што со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од кејот опфати партерно уредување на површина од речиси 12.500 квадратни метри, која концептуално е поврзана со околните објекти“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Со реконструкцијата на кејот, како што информира Шилегов, е изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, канти за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветление и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.

„Ослободивме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе може да ја користат сервисната улица лоцирана непосредно до самиот ѕид на кејот. Кејот има доволно простор за сите граѓани што го користат за прошетки, одмор и релаксација, па сѐ до бизнисите што во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите што ги користат угостителските објекти сега се унифицирани и организирани се на начин што овозможува да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни крошни“, нагласи Шилегов.

Според него, конечно е воспоставен ред на овој дел од кејот, спречени се, како што рече, самоволието и хаосот од непрописно паркирани возила, кои последните десетина години го правеа небезбедно движењето на пешаците и на велосипедистите.

„Кејот 13 Ноември повторно е полн со наши сограѓани, кои се чувствуваат пријатно тука и уживаат во благодатите што ги нуди вака уредениот простор. Денес, сеќавајќи се на жртвите на скопскиот земјотрес, во нивна чест со гордост можам да кажам дека Скопје повторно е наша радост, а Кејот 13 Ноември повторно е местото каде што таа радост најубаво се гледа“, изјави Шилегов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: Шаховската федерација ја има поддршката од Владата за организација на идните меѓународни шаховски првенства

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Светската шаховска федерација (FIDE) предводена од претседателот на федерацијата Аркадиј Дворкович и која е во посета на нашата земја по повод 36. Европски клупски куп (ЕКК) во шах, што се игра во Струга.

„Премиерот Заев на средбата, на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, истакна дека во рамките на спортската дипломатија заложбата на Република Северна Македонија е да биде домаќин на што поголем број меѓународни спортски и шаховски настани со цел да ги поддржи врвните остварувања во сите спортски дисциплини и во шахот“, соопштија од Владата.

На средбата било нагласено дека Владата е подготвена да ѝ ја даде потребната поддршка на Шаховската федерација на Република Северна Македонија како организатор на идните меѓународни шаховски првенства.

„Во разговорот за време на средбата, во која зедоа учество и претседателот на Европската шаховска федерација, Зураб Азмаипарашвили, извршната директорка на FIDE, Дана Озола, претседателката на Шаховската федерација на Северна Македонија, Александра Гакидова, и шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, стана збор и за системското вклучување на шахот во образованието за што од Светската шаховска федерација се подготвени да ја дадат неопходната поддршка“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски – Штајнмајер: Почетокот на преговорите позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на САД по повод неговото учество на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Македонскиот претседател упатил благодарност до претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција.

Претседателот Пендаровски нагласил дека градењето пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Република Северна Македонија.

„Во тој контекст соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека почнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот. Соговорниците разменија мислења и информации за последните случувања во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево, од вторник дожд

Објавено пред

Утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија12 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија13 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа14 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа14 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ16 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија17 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија17 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет19 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија20 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет20 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија1 ден

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет1 ден

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија2 дена

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија2 дена

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет2 дена

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа2 дена

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт2 дена

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет2 дена

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Досие