Контакт

Македонија

Шилегов: Некои наши соседи со негирањето на нашиот антифашизам ги негираат и сопствените антифашисти

Објавено пред

Со положување цвеќиња и со кино-проекција на филмот „Ослободувањето на Скопје“ Градот Скопје вечерва ја одбележа 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021). Чествувањето се одржа пред Споменикот на одредот, во Карпош 3, а присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, граѓани, борци и министри и министерки во Владата на РСМ.

„Формирањето на првиот скопски партизански одред е голем и значаен настан за македонската историја и историјата на нашето Скопје. Да се формира народно ослободителен партизански одред во 1941 година (на 22 август) претставува чин на огромна храброст, одлучност и хуманост на 12 луѓе подготвени со живот да ја платат слободата, започнувајќи голема борба против фашистичките окупатори и нивните слуги. Да не заборавиме дека токму Скопје во далечната 1941 година беше еден од двата центра на тогашната бугарска административна, воена и полициска структура во Македонија. Во Скопје, на 22 јуни 1941 година, била формирана Воена комисија, која во улога на воен штаб, организирала низа подготвителни активности за отпочнување на оружената борба, а за таа цел на истиот состанок била донесена и одлуката за формирање партизански одред кој на почетокот бил составен од 12 припадници. Подоцна нивниот број пораснал на 42 кои биле од различна етничка припадност, а сепак се обединиле околу една единствена идеја – слободата“, рече во своето обраќање Шилегов.

Тој додаде дека Скопскиот партизански одред по својата разноликост наликувал на денешно Скопје во мало – во него членувале припадници на сите етнички заедници Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Турци, Роми, Власи, имало и жени, партиски и непартиски активисти, сите млади луѓе од најразлични струки, сите со една заедничка антифашистичка мисија – ослободување од фашистичкиот окупатор, истакна Шилегов.

„Диверзантските акции биле основен белег на овој предпартизански период. Првата диверзантска акција во Скопје била изведена на 5 јуни 1941 година, кога на воениот аеродром бил запален еден германски транспортен авион. Во предвечерието на формирањето на скопскиот партизански одред, извршена била и диверзантска акција во рудникот Радуша, со цел одземање на експлозивен материјал. Токму членовите на скопските диверзантски групи го сочинувале јадрото на првиот скопски партизански одред. Затоа уште еднаш заедно да им се заблагодариме за нивните херојски дела на: Чедомир Миленковиќ, Дане Крапчев, Боте Боцевски, Невена Георгиева – Дуња, Раде Јовчевски – Корчагин, Благој Деспотовски – Шовељ, Стерјо Кранго – Дучо, Боро Ончевски, Боро Трајковски – Ѓуро, Ацо Смилковски, Павле Момчиловиќ и Светозар Томиќ. Од вкупно 42 партизани на одредот, 17 го загубиле животот во текот на војната. Тројца од нив: Александар Урдаревски, Раде Јовчевски Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои. Затоа драги мои скопјани, ние немаме од што да се срамиме и секогаш со гордост се сеќаваме на нашата историја. За разлика од нас, некои наши соседи кои во минатото често биле на погрешната страна, преку обидите за интервенции во нашата историја се обидуваа да избришат делови од сопственото минато, притоа заборавајќи дека негирањето на нашата антифашистичка борба е истовремено негирање и на сопствените антифашисти“, нагласи Шилегов.

Тој се обрати и кон борците – ослободители, велејќи дека е чест и задоволство да се биде дел од генерациите кои имаа можност директно од нив да ги слушаат нивните сведоштва за бројните херојски борби, кои со нескриен слободарски дух се воделе во текот на војната.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Џафери на состанок со претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Состанок на претседателите на парламенти од Западен Балкан се одржа денеска во Брдо при Крањ, во рамки на парламентарната димензија на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. Со состанокот претседаваше претседателот на Националното собрание на Словенија, Игор Зорчиќ.

На отворањето на состанокот, со свои воведни излагања се обратија словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот на словенечкиот парламнент, Игор Зорчиќ, министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар и претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националното собрание, Моника Грегорчиќ.

Учесниците на состанокот на претседатели на парламенти од Западен Балкан, подготвија заедничка изјава, која во продолжение ја пренесуваме интегрално:

„Ние, претседателите/спикерите на парламентите од Западен Балкан и претседателот на Националното собрание на Република Словенија,

по заедничките декларации усвоени на двaта Самита на претседатели на парламенти од Западен Балкан кои се одржаа во Брисел на 28 јануари 2020 година и 28 јуни 2021 година и

подвлекувајќи ја важноста на поширока парламентарна дебата пред Самитот ЕУ – Западен Балкан кој ќе се одржи на 6 октомври 2021 година во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ;

ја поздравуваме посветеноста на Европскиот парламент за одржување на редовен дијалог со парламентите од Западен Балкан, што обезбедува неопходна политичка поддршка на процесот на проширување на Европа;

ја нагласуваме потребата процесот на проширување да се стави високо на листата на приоритети на ЕУ, истовремено признавајќи дека европската перспектива на Западен Балкан е важна стратешка одлука на Европска Унија, клучна не само за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот, туку иза иднината на Европска Унија и нејзините земји членки;

ја нагласуваме важноста на парламентарна дипломатија во продлабочувањето на политичкиот дијалог со цел забрзување на процесот на проширување; ја изјавуваме нашата подготвеност за широка размена на искуства и добри практики на разни парламентарни нивоа што ги зајакнува, меѓу другото, административните капацитети на парламентите и придонесува за напредок кон заедничката цел на полноправно членство во Европска Унија;

ја истакнуваме заложбата на парламентите од Западен Балкан за зајакнување на регионалната соработка, што придонесува во зголемувањето на довербата и промовирањето на процесите на помирување во регионот; ја нагласуваме потребата за соодветно решавање на отворените билатерални прашања во целосна согласност со веќе постигнатите договори;

потсетуваме дека напредокот постигнат од кандидатите и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ исто така мора да се одразат во конкретен напредок на нивниот пат кон ЕУ. Подвлекувајќи ја заложбата на парламентите да постигнат напредок во спроведувањето на клучните реформи, пред се во областа на владеењето на правото и основните права, нагласуваме дека Европската Унија исто така мора да го преземе својот дел од одговорноста за ќор-сокакот на проширувањето, соодветно да се справи со тоа и да најде ефективни решенија; исто така ја нагласуваме потребата на ЕУ институциите и земјите членки да го признаат напредокот во реформите и процесот на ЕУ интеграција кај кандидатите и да преземат чекори за да го забрзаат процесот на ЕУ интеграција на кандидатите и потенцијалните кандидати.

наглсуваме дека Европската Унија има партнери во регионот кои историски, географски и културно припаѓаат на заеднички европски простор. Соработката на партнерите од Западен Балкан ќе придонесе за посилна и поиздржлива ЕУ која мора да остане нивниот прв стратешки избор;

обрнуваме внимание на потребата да се стави посебен акцент на помладата генерација и да се отворат дополнителни можности за нивно вклучување во програмите ЕУ, истовремено создавајќи подобри услови и работни места во Западен Балкан што ќе ги мотивира младите луѓе да живеат и работат во регионот; укажуваат на важноста на регионалните организации кои преку своите програми за размена промовираат соработка и ја консолидираат довербата помеѓу членовите на помладата генерација;

ја признаваме значењето на вклучувањето на парламентите, граѓанското општество и другите релевантни чинители во Западен Балкан во програмите и процесите на Европска Унија и особено ја нагласуваме важноста на нивното учество во Конференцијата за Иднината на Европа;

повикуваме на зголемена солидарност помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во справувањето со заедничките предизвици, како што е пандемијата со Ковид-19; ја нагласуваме важноста на меѓу-парламентарниотдијалог во изнаиѓањето заеднички решенија со што ќе се зголеми издржливоста на регионот и Европската Унија;

ја нагласуваме важноста на економската интеграција во регионот кон создавање на заеднички регионален пазар кој ќе го поттикне економскиот раст и ќе го приближи регионот до Единствен пазар на ЕУ;

го поздравуваме усвојувањето на Регулативата на Европскиот Парламент и на Советот за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) со која се воспоставува правна рамка за понатамошна финансиска помош за партнерите од Западен Балкан во нивниот пат кон ЕУ како и за имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан презентиран од Европската комисија, која заедно со Зелената агенда и Дигиталната агенда за Западен Балкан значително ќе придонесе за намалувањето на развојните нееднаквости и ќе го поддржи економскиот раст и закрепнувањето во регионот;

ја истакануваме важноста на зајакнувањето на безбедносната соработка и го поздравуваме процесот на развојот на Стратешкиот компас, кој според приоритетот на вклучување на партнерите од Западен Балкан во безбедносните и одбранбените структури на ЕУ, може да им даде нов поттик на евроинтегративните процеси и да придонесе за траен мир, стабилност и безбедност во регионот;

ја подвлекуваме Европската перспектива на Западен Балкан како важен аспект во справувањето со модерните масовни миграциски текови кои претставуваат заеднички предизвик; ја признаваме, со оглед на ситуацијата што постојано се развива на периферијата на Европа и пошироко, стратешката важност на сеопфатниот пристап за управување со миграциските движења и на солидарноста и соработката помеѓу Европската унија и нејзините партнери во Западен Балкан во оваа област;

се обврзуваме да одржуваме отворен и континуиран дијалог за напредокот, можностите и предизвиците на европската перспектива на Западен Балкан

на највисоко парламентарно ниво во различни меѓу-парламентарни форуми и формати;

се согласуваме дека претседателот на Националното Собрание на Република Словенија ја носи оваа Заедничка изјава на внимание на Европски парламент, Европската комисија и претстојниот Самит на ЕУ – Западен Балкан како и Конференцијата на претседатели на парламентите на Европската унија“, се наведува во заедничката изјава на претседателите на парламенти од Западен Балкан.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи – Зутер-Техада: Швајцарија е голем поддржувач на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, на која набргу ѝ завршува мандатот.

Битиќи упатил благодарност за личниот ангажман на амбасадорката Зутер Техада во процесот на спроведување на реформите во нашата земја.

„Швајцарија уште од 1992 година е една од земјите што даваат најголема поддршка во политичкиот, општествениот и во економскиот развој и една од најголемите донатори на Северна Македонија и силен поддржувач на евроинтеграцискиот пат“, нагласил вицепремиерот.

Тој воедно констатирал дека во изминатиот период со швајцарска поддршка се реализирани голем број проекти со кои се овозможиле подобри услови за живеење и подобар животен стандард за граѓаните.

„Во изминатиот период Швајцарија даде силна поддршка во проекти за рамномерен регионален развој, за подобрување на конкурентноста и за зголемени можности за вработување, а поддршката од Швајцарија продолжува и понатаму и ќе се реализира во согласност со Швајцарската програма за поддршка на земјата во периодот 2021 – 2024 година, која беше претставена неодамна“, посочил Битиќи.

Тој упатил честитки за успешниот мандат на амбасадорката Зутер Техада и посакал уште поголем успех на нејзината следна должност.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пендаровски: Дезинформациите и пропагандите се опасен вирус

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на регионалната конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан на тема „Справување со дезинформациите“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.

Во обраќањето Пендаровски порача дека константно треба да се работи на подигнување на нивото на медиумска писменост кај јавноста за граѓаните да може полесно да ги разликуваат вистината и фактите од манипулациите.

„На тој начин ќе помогнеме во развивањето на институционален и личен имунитет кон опасниот вирус на дезинформациите и пропагандите“, истакна претседателот.

Тој се повика на многу истражувања на оваа тема, кои, како што рече, покажуваат дека дезинформациите најчесто не се спонтани.

„Имено, тие се производ на планиран пристап кон одредена тема. Намерата е системски да се манипулира јавноста со пласирање погрешни информации, а со крајна цел да послужи на интересите на одредени политички или бизнис-центри на моќ. На тој начин, интернетот како алатка, која секојдневно ја употребуваат милијарди луѓе, многу лесно може од платформа за информирање да стане платформа за дезинформирање“, нагласи Пендаровски додавајќи дека многу држави во светот ги препознаваат и ги третираат дезинформациите како една од приоритетните закани за нивната национална безбедност.

Според претседателот, потребно е да се обезбедат подобри услови за професионално и независно работење во медиумите и справување со дезинформациите.

„Тоа подразбира и доследна имлементација на постојната регулатива и нејзино подобрување на линија на европските стандарди во оваа сфера. Исто така, потребно е да ги поддржиме саморегулаторните механизми во медиумската сфера, како и платформите за проверка на фактите“, порача Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Најмалку пет лица застрелани пред ресторан на Менхетн, меѓу нив и напаѓачот

Најмалку пет лица се застрелани во пукотници пред еден ресторан на Менхетн рано утрово, соопшти њујоршката полиција. Полициските службеници биле...

Европа3 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Европа4 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет8 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија9 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија10 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ24 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион1 ден

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија1 ден

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Досие