Контакт

Македонија

(Видео) Шилегов: Новиот ГУП ќе го развива северниот дел на Скопје

Објавено пред

Во пресрет на почнувањето на процесот за подготовка на новиот Генерален урбанистички план на град Скопје градоначалникот Петре Шилегов и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска имаа работна средба на која разговараа за начинот на кој Министерството за транспорт и врски, како ресорно министерство, може да се вклучи и да ја поддржи неговата изработка. Генералниот урбанистички план на Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на една деценија. Се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот. Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура.

,,Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП 2022-2032 година повеќе од потребна е поддршка не само од министерството, туку и од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните, директно или преку единиците на локалната самоуправа. Претходниот ГУП на град Скопје е усвоен во 2012 година. Од тогаш до денес се извршени многу парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини. Од позиција на градоначалник моите заложби се однесуваат на рационално, контролирано и флексибилно ширење на Скопје во насока на обезбедување одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комуналната инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктурата за прифаќање, селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард. Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето чиста и здрава животна средина”, рече градоначалникот Шилегов, по работната средба.

Шилегов изрази уверување дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе се релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел на градот.

,,Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација. За пример ја земам таканаречената јужна обиколница која според моето мислење, но и според мислењето на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзиното пробивање е потребно да се уништи добар дел од Водно. Сакам да нагласам дека до 2022 година истекува важноста на постојниот ГУП. Имаме доволно време да ги вклучиме сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука верувам и дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани”, нагласи Шилегов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Објавено пред

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката Жоел Гаријо Мајлам.

Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.

Досега 24 земји членки целосно го завршија процесот на ратификација. Вчера тоа го сторија Италија и Велика Британија.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз со писмо до Макрон: Со добивање датум сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам

Објавено пред

Демократскиот сојуз во отворено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон порача дека македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ.

„Се откажавме од многу вредности и идентитетски прашања, ги менуваме уставот, знамето и, на крајот, името на државата, со надеж дека тие се пречки на нашиот пат кон ЕУ. Европерспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евростандардите.

Постои граѓански и политички консензус за прифаќање на европските демократски вредности.

Свесни сме дека имаме уште многу работа на планот на реформите за достигнување на европските стандарди. Искрено се надеваме дека со добивање датум за почеток на преговорите, сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам и позитивна енергија. Ќе се влијае на внатрешната и пошироката стабилност, за младите ќе се отворат нови перспективи во нашата држава и ќе се подобри економската ситуација.

Поради овие, како и поради илјада други причини, дајте ѝ шанса на Македонија да се движи напред. Се работи за преговарачки процес кој долго трае и во кој сме подготвени да ја оствариме крајната цел.

Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија и ќе остане врежан во колективната свест на граѓаните на Македонија.

Искрена благодарност!“ стои во писмото до Макрон.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Објавено пред

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени и девојчиња од сиромашни семејства. Наташа Дуковска од невладината организација „Новинари за човекови права“, која ја организираше акцијата, ја повика бизнис-заедницата да помогне со тоа што секој месец ќе одвојува 1% од својот профит за хигиенски влошки за социјално загрозените девојчиња чии родители не можат да си дозволат да им купат средства за менструална хигиена.

„Загрижувачки е фактот дека овие жени и девојчиња наместо влошки, користат стари весници или стари крпи. Не можеме да си дозволиме во 21 век да постои ваква појава. Преку денешната акција и преку проектот сакаме да ја подигнеме свеста не само кај граѓаните туку и кај бизнисмените да донираат не во пари, туку во хигиенски влошки за социјално загрозените жени. Идејата е овој проект да биде одржлив и секој месец  до 2023 да им се донираат пакети на девојчињата кои се во образовниот процес, да го поминат менструалниот период достоинствено и без проблеми“, рече Дуковска.

 

Според истражувањата на оваа организација, дури 90% од девојчињата од руралните средини за време на менструалниот период не одат на училиште, затоа што немаат средства за одржување хигиена.

 

„Едукацијата е иднината на сите наши деца и не би требало во 21 век девојчињата да отсуствуваат од училиште поради хигиенски потреби. Среќни сме што сме дел од овој проект кој ќе помогне децата да не се срамат и достоинствено да одат во училиште“, рече амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, која даде поддршка за проектот за едукација и донација на средства за менструална хигиена.

 

Акцијата, како што вели кординаторката на проектот, Наташа Дуковска, следи по истражувањето кое покажало дека 15% од 400 илјади жени во репродуктивниот период немаат пари да си купат влошки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион53 минути

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија2 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет2 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион3 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија4 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија5 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија6 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ7 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија7 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ7 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија8 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа8 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија9 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа10 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион11 час

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет11 час

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа11 час

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија22 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија23 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Досие