Контакт

Македонија

Шилегов: Почнува проектот „Дрво за секое дете“

Објавено пред

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, и претставници на гинеколошките клиники од Скопје денеска потпишаа меморандум за соработка за реализација на проектот „Дрво за секое дете“.

„Како што ветив во предизборната кампања пред неколку месеци, ja почнуваме реализацијатa на проектот „Дрво за секое дете“. Заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко-акушерските болници, преку овој проект им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Во текот на годините секој што засадил дрво ќе може да го следи неговиот раст заедно со растот на детето“, истакна Шилегов.

Дрвото на новороденчињата ќе биде посадено во сезонска акција на расположива локација по избор на родителите. По напуштање на гинеколошката клиника, родителите ќе треба да го пријават добиениот код на 071/395-395, каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации за овој проект.

Тој нагласи дека секој граѓанин на Скопје има право на сопствено дрво на иднината, а влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации.

„Должни сме да го надоместиме изгубеното зеленило и дополнително да ги зголемиме парковите и дрворедите во сите општини во градот. Нашите сограѓани заслужуваат подобрување на услови за живеење, а промената започнува од самите нас. Ние сме пример на нашите деца, внуци, на најмладите. Заедно ќе го направиме Скопје поубаво место за живеење“, потенцира Шилегов.

Меморандумот за соработка го потпиша Град Скопје со ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, ЈЗУ Специјалната болница по гинекологија и акушерство – Чаир, „Ре-медика“ и со „Аџибадем Систина“.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија8 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија20 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија31 минута

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија54 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет1 час

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника1 час

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника1 час

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион2 часа

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура2 часа

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...