Македонија
Шилегов со ветување за следниот мандат: 4 милиони евра за инвертер клими и субвенции за 30.000 велосипеди

Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов.
Тој истакна дека во изминатите четири годни градот се грижел за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.
„Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење“, нагласи Шилегов.
Потсети и дека за четири години доделени биле 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети.
„Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди“, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба на Спасовски со амбасадорот на Словенија, Милан Предан

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Предан, на кој му завршува мандатот во земјава.
На средбата Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Предан за поддршката од страна на Република Словенија во процесите за започнување на преговори со ЕУ и одличната соработка на Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
Спасовски му врачи плакета од МВР на Предан во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија
Македонија
Сали по најавите дека ќе го сменат: Ќе ме видите уште најмалку петпати

По една година министерување во Здравство, Беким Сали на чекор да ја предаде функцијата на кадар од Алијансата за Албанците. Тој денеска имаше презентација на опрема во тетовската болница. На новинарите им посочи дека не го гледаат последен пат, а откога тие му посочија дека матичната партија се откажува од него и го предава Министерсвото на друга партија.
„Ова не ми е последен јавен настап, не е, затоа што оваа недела ќе ги промовираме сите центри што добија соработката со Светската банка, така што најмалку уште петпати ќе се гледаме, а за понатаму ќе видиме. И десет години да сте министер, никогаш нема да стигнете до крајот да ги решите проблемите во здравството, многу е важно она што ќе го кажете во јавноста и да го исполните“, рече министерот Сали.
Инаку, Сали дојде како министер за здравство кога неговата партија Алтернатива влезе во Владата во јануари минатата година. Во тек се преговорите на владејачкиот СДСМ со Алијансата за Албанците, од каде што неофицијално се бара овој ресор за партијата да даде поддршка на владините политики.
Македонија
(Вудео) Унгарската претседателка без коментар за азилот на Груевски: Се радувам што се развиваат односите меѓу нашите држави

Унгарската претседателка Каталин Новак се огради од дадениот азил на експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Прашана од „Макфакс“ како може Унгарија, земја членка на ЕУ, да даде азил на лице кое што е на црната листа на САД и ексфункционер, кој се гони за криминал и корупција – таа немаше конкретен одговор.
Посочи само дека се радува што Груевски не ги нарушил односите меѓу Македонија и Унгарија.
„Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство и јас за тоа многу се радувам дека во рамките на мојата посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држава се развива успешно и дека имаме добра основа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓаните се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања и на никакви криминални односи“, одговори Новак на прашањето од „Макфакс“.
Експремиерот Никола Груевски во 2018 година избега од Македонија во Унгарија, каде што експресно доби политички азил. Македонија бараше екстрадиција поради судските постапки што се водат против него, но барањето беше одбиено. Пет години, никој не сноси одговорност за неговото бегство, кое се случи непосредно пред да влезе во затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.