Македонија
Шилегов: Утре се остранува објектот на покривот на ГТЦ

Градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук објави дека денес градот Скопје донел одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа, како што наведува тој, подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.
„По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.
Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило“ напиша Шилегов на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Од УХМР најавуваат дека уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст.
Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.
Македонија
Министерката Шахпаска на онлајн-форумот за Западен Балкан, повика на еднакво општетсво за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска учествуваше на онлајн-форумот за Западен Балкан: „Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција“, во коорганизација на Европската комисија, Светската банка, Советот на Европа и УНДП и на која учество зедоа претставници на овие институции и министри од земјите од Западен Балкан.
Министерката Шахпаска посочи дека Владата и Министерство за труд и социјална политика имаат заедничка цел – еднакво општество за сите. Сите мерки и секоја политика, додаде таа, е креирана во насока на овозможување еднаква шанса за сите, со посебен акцент на најранливите категории граѓани, како што се Ромите, со цел да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството.
„Ромите се дел од сите владини мерки што беа донесени со цел справување со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19. Конкретно, со последниот петти пакет антикризни мерки се предвидува финансиска поддршка за Ромите претприемачи преку креирање „мечинг-фонд за претприемаштво за Ромите“. Вредноста за оваа мерка е 123 милиони денари за 2021 година, а пред сѐ, е наменета за микро и малите компании, кои имаат ризици во работењето. Исто така, намерата е голем дел од оваа ранлива категорија граѓани да добие финансиска поддршка со цел формализирање на нивната дејност“, истакна Шахпаска.
Таа посочи дека Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија презема низа активности за зголемување на вработувањето на невработените лица Роми како една од ранливите категории на пазарот на трудот.
Притоа била истакната соработката со УНДП како клучна и била посочена програмата „Ацедер“, која се реализира втора година по ред, а е фокусирана на поддршка на припадниците на ромската заедница за пристап до вработување со главна цел да се подобри социјалната инклузија и еднаквоста на Ромите во земјата.
„Досега постигнавме одлични резултати, од 2007 година со поддршка на УНДП над 210 нови бизниси се основани од ромски претприемачи во рамките на програмата за самовработување, заеднички спроведена со УНДП и националните партнери“, рече Шахпаска.
Притоа таа ја истакна важноста од активното и рано ангажирање на локалните власти и локалните невладини организации во кодизајнирање на локалните програми, имплементирање на интервенциите на локално ниво.
Македонија
Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на „Инвока груп“, Даниел Станчев, им одреди ефективен притвор. Тие треба да се спроведат од своите домови во истражниот затвор во Шуто Оризари, каде што ќе останат 30 дена. Ова доаѓа по жалбата на обвинителката Ивана Трајчева, која сметаше дека Рашковски и Станчев и од дома може да влијаат на сведоци, како што веќе имало обид.
„Ценејќи го предлогот, како и изјавените жалби, донесе решение со кое ја прифати жалбата на јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д. Р. и Д. С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во одлуката на судот.
Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци за што Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент нема одлука од Кривичниот совет.
Според неофицијални информации, како што пренесуваат медиумите, иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак Обвинителството преку друг вид комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.
Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата што го добила тендерот. Во прилог на ова Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.
„Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка, наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 2.1.2020 година првоосомничениот донел одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор, каде што сопственик и управител е второосомничениот, и бил склучен договор за набавка на услуги. Во јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари, со вклучен 18 % ДДВ, па иако софтверот не бил вграден, фактурата во рок од седум дена била исплатена“, велат од Обвинителството за постапката.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?