Контакт

Македонија

Школата за млади лидери на Иванов ќе се одржи онлајн

Објавено пред

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека 11. пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери, но првпат во онлајн-издание поради мерките и препораките за превенција од коронавирусот. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, која оваа година ќе биде на тема: „Лидерството во услови на глобални кризи“.

Меѓународната обука за млади лидери се одржува од 2010 година. Вкупно во досегашните 10 обуки учествуваа околу 400 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред десетте генерации учесници на Школата за млади лидери свои предавања одржаа над 200 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и од светот. Во 2018 година Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели.

Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат своите лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Оваа година Школата за млади лидери ќе се организира онлајн во декември, во три викенди, 5-6, 12-13 и 19-20 декември 2020 година.

Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство, фокусирани на искуствата и знаењата што би ги поттикнале учесниците да размислуваат аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Предавањата ќе се одвиваат на македонски и на англиски јазик, а предвидуваат и интерактивно вклучување на младите учесници. Бројот на учесници на Школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади што ги исполнуваат условите наведени во конкурсот, кој е објавен на веб-страницата и на фејсбук-страницата на поранешниот претседател Иванов.

Македонија

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, Ресен-15, Неготино-20.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-46, Штип-46, Прилеп-56, Тетово-38, Струга-15, Велес-26, Битола-28, Охрид-60, Кавадарци-12, Гостивар-31, Гевгелија-10, Струмица-22, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-3, Кратово-7, Свети Николе-11, Кичево-19, Ресен-9 и Неготино-9.

Починати се 33 лица, девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68), еден од Куманово (70), еден од Штип (89), шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85), еден од Тетово (72), четири од Струга (60, 71, 65 и 79), еден од Велес (71), еден од Битола (55), еден од Гостивар (76), еден од Гевгелија (53), еден од Струмица (73), еден од Крива Паланка (62), еден од Пробиштип (70), двајца од Берово (88 и 63), еден од Кратово (71) и еден пациент од Кичево (67). Од нив едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63890, бројката на оздравени пациенти е 40977, на починати е 1825, а бројот на активни случаи изнесува 21088. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 27890, активни 10273
• Куманово 3841, активни 884
• Дебар 467, активни 102
• Штип 2739, активни 510
• Прилеп 3147, активни 1002
• Тетово 3905, активни 917
• Струга 1507, активни 445
• Велес 2058, активни 681
• Битола 2173, активни 914
• Охрид 1669, активни 575
• Кавадарци 1316, активни 503
• Гостивар 2645, активни 936
• Гевгелија 766, активни 233 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 135 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1756, активни 556
• Крива Паланка 449, активни 130
• Радовиш 444, активни 116
• Крушево 136, активни 73
• Кочани 1252, активни 227
• Пробиштип 368, активни 88
• Демир Хисар 203, активни 74
• Македонски Брод 175, активни 50
• Пехчево 102, активни 21
• Берово 391, активни 105
• Валандово 223, активни 64
• Виница 379, активни 146
• Делчево 473, активни 213 (141 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 156, активни 44
• Свети Николе 853, активни 224
• Кичево 1300, активни 465
• Ресен 479, активни 190
• Неготино 628, активни 327 (89 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2564 теста се преку: ИЈЗ-395, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-368, Биотек-204, МАНУ -245, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Систина со PCR метода -187, лабораторија Лаор –58, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-40, Инфективна клиника-2, ГАК-3, Синлаб-67, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -718, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 337.862 тестирања на Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска на министерски состанок за Западен Балкан: Со заедничка стратегија обезбедуваме одржлив економски раст

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска, беше дел и од третата сесија на министерскиот состанок на Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан, посветена на Стрaтегијата за смарт специјализација. 

Царовска напомена дека овој пристап им нуди на сите земји и региони многу потенцијал за соработка и партнерства, споделување на знаење, поддршка на иновации, создавање нови вредности и нови можности за одржлив економски раст.

„Република Северна Македонија, во 2018 година, го започна процесот за развој на Стратегијата за паметна специјализација, како сеопфатен модел за одржлив економски раст. Оваа стратегија треба да се поврзе и да додаде вредност на индустриската политика, како и стратегиите за конкурентност, иновации, истражување и развој. Целта е да ги идентификува областите на специјализација каде државата постигнува конкурентни или потенцијални предности, со цел да се зголемат ефектите од јавните инвестиции“, рече Царовска.
 

Прикажи повеќе...

Македонија

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

Објавено пред

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален јазик на РС Македонија или македонски јазик според Уставот се неприфатливи, бесмислени и самоуништувачки и нема да бидат на штета само на Македонците во Република Македонија или надвор од неа туку ќе бидат и на штета на сите говорители на македонскиот јазик. Имајќи го предвид сево ова, упатуваме апел до преговарачите од македонската страна да не прифаќаат разговори за категории, како јазик, нација и историја, за кои не може да се преговара и да ги чуваат македонските државни и национални вредности, како и идентитетските обележја. Ова е ставот на лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје за статусот на македонскиот јазик во преговорите меѓу Македонија и Бугарија.

По последните случувања поврзани со можното отворање преговори со ЕУ за членство и со барањата на Бугарија да не се именува нашиот јазик како македонски, туку како официјален јазик на РС Македонија, научните работници во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје го изнесоа својот став.

„Кога го имаме предвид јазикот, треба да се осврнеме на Европската повелба на фундаментални права, чиј чл. 22 гласи: ‘Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост’. Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба. Всушност, овој член ги поставува како беспредметни притисоците од Бугарија, но го поставува и прашањето за отсуство на реакција од ЕУ во врска со споменатите притисоци.

Во однос на изнесените негаторски ставови од бугарска страна и ставовите дека наводно македонскиот јазик бил создаден во 1944 година, треба да го имаме предвид развојниот процес на македонскиот јазик. Во лингвистиката се прифатени и научно се фундирани фактите дека дијалектната диференцијација во Македонија почнала од 11 век, од кога може да се следат многубројни иновации, а основните црти на македонските дијалекти се проследуваат на преминот од 13 кон 14 век. Во текот на 19 век во Македонија се јавуваат многубројни дејци, кои исцрпно се занимаваат со посебните јазични особености на македонските говори во споредба со бугарските и српските говори, како што се: Х. Матов, П. Зографски, Е. Спространов, Т. Китанчев и други. Автентичната дејност и јазичен израз на Ѓорѓија Пулевски, кој во Речникот од три јазици во 1875 година пишува: „Наше отачество се велит Македонија и ние се именуваме сл. Македонци“, го отвора патот кон македонското наречје во книгите, речниците и во учебниците и кон обработката на историјата во книгата „Славјанско-македонска општа историја“. Кон втората половина на 19 век почнале во Македонија да излегуваат учебници на македонски говори од Димитар В. Македонски, Димитар Хр. Узунов, Кузман Шапкарев, Венијамин Мачуковски и др. и почнале да се отфрлаат бугарските учебници како неразбирливи за учениците. Во 1891 година е формирана Младата македонска книжовна дружина, која го издава списанието „Лоза“, во кое се употребуваат правописни правила што ги истакнуваат јазичните особености на македонските говори. Вистинска артикулација на идејата за македонски литературен јазик е книгата на Крсте Мисирков, „За македонцките работи“ од 1903 година, во која се изнесени основните критериуми за стандардизација на македонскиот јазик. Преку оваа книга и во списанието „Вардар“, Мисирков ја промовира правописната норма преку фонетската реализација на централните македонски говори. Македонскиот јазик во 1903 година бил и службен јазик на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, на чие чело биле К. Мисирков и Д. Чуповски. Со прифаќањето на основните Мисиркови поставки за стандардизацијата на македонскиот јазик и нивна разработка се заокружи кодификацијата на македонскиот во 1944 година, чија јазична норма беше широко прифатена во сите сфери на општествениот живот“, велат лингвистите.

Според нив, од историска перспектива, за македонското малцинство е важно да се знае дека во периодот до 1948 се признаваат македонската нација и Пиринска Македонија, СР Бугарија, при што се постигнува и еден вид културна автономија, реализирана со: изучување на македонскиот јазик и историја, отворање Македонски народен театар во Благоевград (Горна Џумаја), печатење прилози на македонски јазик во „Пиринско дело“ итн. Таквата ситуација траела во изменета форма до 1958 година кога почнал стриктно да се промовира ставот дека македонска нација не постои, односно дека е тоа бугарска нација, а сето тоа се промовира и преку текстовите на БАН во врска со историјата и со јазикот. Бугарија како членка на ЕУ сѐ уште ја нема ратификувано Европската повелба за регионални и малцински јазици. Македонците во Бугарија го употребуваат својот дијалект во секојдневната комуникација, а единствено во Благоевград излегува весникот „Народна волја“ како периодичен весник за историја, култура и уметност, во кој се објавуваат текстови и на македонски стандарден јазик.

„Ако ги земеме предвид демократските постулати на ЕУ и потребата од нивно спроведување, Бугарија се поттикнува да ги примени средствата за унапредување на јазичните права на малцинствата, поточно: Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, Европската повелба за регионалните или малцинските јазици на ЕУ, Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата против дискриминација во образованието на ООН. За македонските лингвисти, како и за сите Македонци, без разлика дали се државјани на Република Македонија или не се, е неприфатлива и синтагмата македонски јазик според Уставот затоа што македонскиот им припаѓа на оние што го зборуваат, како што е, всушност, со сите други јазици во светот. Синтагмата македонски јазик според Уставот е бесмислена самата за себе и не соодветствува на општествените законитости зашто, за да постои еден јазик, не му е потребен устав. Современиот македонски јазик ги опфаќа сите негови пројави, и стандардната варијанта и разговорните варијанти, но и дијалектните, од коишто, всушност, е произлезен стандардниот јазик.

За разлика од стандардниот јазик, за дијалектните варијанти на македонскиот јазик, кои се протегаат и надвор од границите на Република Македонија: во егејскиот дел во Република Грција, во пиринскиот дел во Република Бугарија, во малопреспанскиот крај, Голо Брдо и Гора во Република Албанија и во неколку села во горанскиот крај во Косово – не е потребен устав. Неоспорни се фактите за протегањето на македонскиот дијалектен ареал, потврдени од врвни дијалектолози, и Македонци и странци, врз база на научни докази и факти. Притоа не треба да заборавиме дека имаме и голема македонска дијаспора што го зборува и изучува македонскиот јазик во многу земји во светот, каде што владеат правото и демократијата“, се вели во соопштението потпишано од асистент истражувач м-р Христина Андоновска и проф. д-р Наталија Андријевска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија1 час

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија4 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Македонија6 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија6 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија7 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија7 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија7 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет7 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион8 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет8 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион8 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија9 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет10 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет11 час

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет11 час

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет12 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија1 ден

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија1 ден

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Досие