Контакт

Македонија

Ѓеоргиевски: 4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, време е за решенија на проблемите

Објавено пред

Нудам решенија за секој еден од вас. Не сакам да одвојам ниту минута за СДСМ затоа што тие се завршена работа. Граѓаните не се задоволни од нив, а ревизијата за нивното работење ќе си ја прават независни институции, кажа Орце Ѓеоргиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода организирана во истата општина.

„ Четири години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, дотрајани и ископани улица, канализациони и водоводни системи без капацитет, уништени паркови, напуштени и девастирани објекти и игралишта“, кажа Ѓеоргиевски.

Тој посочи дека власта и Филип Темелковски не направија ништо во изминативе 4 години.

„ Време е за решенија за проблемите. Јас ја барам поддршката од сите наши сограѓани. Не е време ниту за лево, ниту за десно. Време е да тргнеме напред. За да има нормални услови за живот за сите, за да прекине рушветот и митото, да има рамномерен развој, повеќе паркови, детски игралишта и инклузивност на ранливите категории“, рече Ѓеоргиевски.

Тој се обврза да биде меѓу граѓаните, на терен.

„ Гласот за малите партии кои ќе имаат свои кандидати во Кисела Вода е глас за Филип Темелковски и СДСМ. Затоа ја барам вашата поддршка без разлика на која партија и да припаѓате“ кажа Ѓеоргиевски со што и го заврши својот говор пред присутните.

Македонија

Арсовски: Ако не е местен тендерот тогаш зошто истата фирма која ја направила реконструкцијата потоа и го добила

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски и денеска упати обвинувања за случајот со, како што тврди, скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод.

Тој повторно ги обвини градоначалникот Петре Шилегов и директорот на Водовод, Душко Весковски дека со фирмата КБК Инженеринг претходно бил договорен тендерот за реконтрукција на улицата Варшавска.

„Фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани“, тврди Арсовски.

Тој денеска пред новинарите рече дека реконструкција на иста улица по пропорции во 2017-тата година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, би чинела поевтино, односно 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за 2 ипол пати повеќе.

„На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап. Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе. Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе. Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега. Замислете подупирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017-тата година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека пак за подупирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017-тата година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно“, истакна Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност, порачувајќи институциите што поскоро да постапат согласно документацијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кризен менаџмент – теорија и пракса на меѓународно ниво на вежбата „Северна Македонија 2021“

Објавено пред

Во Охридско-струшкиот регион заврши големата меѓународна вежба „Северна Македонија 2021“. Вежбата е од областа на кризниот менаџмент, во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центар за управување со кризи (ЦУК).

На завршната церемонија директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од НАТО страна, Вим Ванхеим, а од земјата домаќин,  Урим Вејсели, одржаа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички. Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.

 

Ова е прва цивилна НАТО вежба во Република Северна Македонија која од областа на кризниот менаџмент, којашто заради состојбата со пандемијата од „Ковид 19“ истовремено се одвиваше и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, заедно со надлежните институции коишто се дел од Системот за управување со кризи во координација со колегите од НАТО. Како дел на вежбат беше и дводневниот научен ВИП симпозиум, каде што се одржа дискусија помеѓу високи претставици на НАТО, членки на НАТО, земји партнери, меѓународни организации и невладини оргнизации. Се реализираше во периодот од 20 до 23, заклучно со 24 септември 2021 година кога учесниците заминаа од Охрид и Струга кон своите земји.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга. Истовремено, за првпат се тестираше на вежба кај нас и оперативно НИКС – Нато командниот систем за инциденти (NICS), којшто во Западен балкан го развива ЦУК, во име на нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бесплатен јавен превоз од утре од 18 часот до 5 часот в недела

Објавено пред

ЈСП Скопје соопшти дека и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).

Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 часот до 05 часот во недела (26.09.2021 год).

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела (26.09.2021 год) со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај)

Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче)

Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче)

Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 (Транспортен центар – Лепенец)

Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2)

Поаѓање од Припор 01 ч

Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 (Транспортен центар – Долно Лисиче)

Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч

ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)

Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч

Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани)

Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч

Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В (Транспортен центар – Стајковци)

*по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Ново Лисиче

Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци

Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда

Прикажи повеќе...

Најново

Топ15 минути

Работник починал при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија45 минути

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија52 минути

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет3 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија3 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет3 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија16 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет16 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ19 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија21 час

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија23 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет23 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Досие