Контакт

Македонија

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Објавено пред

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако во декември 2018 скопска Апелација ѝ го укина предметот.

Поповски е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и го оштетил буџетот за над 450 илјади евра. Во затворот му се засметува и времето поминато во притвор.

Кацарска во мај 2018 го осуди Поповски на казна затвор од 9 години за набавката на 300 полициски возила. Тој го доделил тендерот на фирми чии понуди не биле економски најповолни.

„Со тоа е нанесена штета на МВР од огромни размери“, рече Кацарска пред Поповски кого го донесоа од затворот да ја чуе пресудата.

„Обвинетиот не можел, а да не знае кои се најповолни понуди, и покрај тоа ги повластил економските оператори“, образложи Кацарска.

Судијката цитираше и извадоци од бомбите, каде што ексминистерката Гордана Јанкулоска кажува дека направиле финта за да бидат сите задоволни.

Поповски има право на жалба до Апелациониот суд. Тој е осуден и за предметот „Тенк“ со набавката на „мерцедесот“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Машините во Министерството за одбрана се набавени во транспарентна тендерска постапка

Објавено пред

„Само лажни вести и измислици од белиот дворец, договорените тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, а денес постапките се јавни и транспарентни“. Ваква е реакцијата на СДСМ по прес-конференцијата на Димче Арсовски, кој обвини дека министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, била вмешана во сомнителен тендер за машини, каде што постои сомнеж за проневера на 250.000 евра.

„Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

Освен јавниот повик до сите фирми да земат учество во набавката и техничкиот дијалог, било одговорено на сите прашања, предлози и сугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата.

За разлика од 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес не се договараат цените по телефон и со тајни разговори туку се јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ му нема крај. Истата таа партија го кочеше Законот за одбрана во Собранието, особено важен за нашето членство во НАТО, со години ги држеше замрзнати платите на вработените во армијата и не направи ништо позитивно.

Наспроти нив, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата, платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари и обезбеди надомест од 7.000 денари за станарина.

Затоа,граѓаните на 12 април ќе ги поразат лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе“, наведе СДСМ во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Креираме јазични политики според потребите на граѓаните од сите етнички заедници

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска во Владата се одржа јавна дискусија во рамките на подготовките за донесувањет програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците.

На дискусијата, покрај премиерот Оливер Спасовски, воведни обраќања имаа и потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедници, Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, Илбер Села, а модератор на настанот беше заменикот на генералниот секретар на Владата, Тахир Хани.

Во обраќањето, Спасовски истакна дека оваа дискусија е уште еден заеднички чекор на најдобар можен начин да се промовира и практикува владината стратешка определба за изградба на концептот „Едно општество за сите“, инспириран од големата европска идеја – Обединети во различностите.

„Од формирањето во 2017 година, Владата континуирано работи на создавање на одржливо граѓанско општество во кое е афирмирана и воспоставена меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во земјата, со истовремено признавање на етничките, националните, верските и културните разлики. Оваа цел во себе ги обединува посебноста и суштината на нашето заедништво, и во таа насока убеден сум дека сите учесници на денешната дискусија ќе го дадат значаен придонес во таа насока“, наведе премиерот Спасовски.

Тој истакна дека тргнувајќи од Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам, како и од обврската од Законот за употреба на јазиците, Владата е задолжена да развие програма за покренување на јавната свест за доследна примена на Законот за употреба на јазиците.

„Примената на Законот за употреба на јазиците се заснова на промовирање на основните човечки вредности, еднаквост на слободите и човековите права и на почитување на различностите. Концептот на разноличност во Република Северна Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата. Како истоветна слика на концептот на Европската Унија и НАТО, како организации кои во различноста го пронајдоа и го јакнат единството и заедништвото“, истакна Спасовски.

Воедно тој подвлече дека Владата од 2017 година е определена да им овозможи на сите граѓани полесно да функционираат во секојдневниот живот и во комуникацијата со институциите.

„Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други заедници. Креираме јазични политики кои се сообразуваат според потребите на граѓаните од сите етнички заедници. Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива Република Северна Македонија, како граѓанска и демократска држава“, нагласи премиерот Спасовски.

Тој истакна дека Македонците како мнозински народ во нашата земја ја имаат одговорноста да креираат политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите останати јазици на припадниците на граѓаните кои живеат во нашата земја.

„Македонскиот јазик денес е признаен во целиот свет. Рамноправен со сите светски јазици. Запишан како македонски јазик во личната карта и во каталогот на нациите во Обединетите нации. Како што е посебен и рамноправен и македонскиот народ во заедницата на народите“, подвлече премиерот Спасовски.

Во обраќањето претседателот на Владата Спасовски наведе дека на централно ниво, со примена на Законот за употреба на јазиците се употребува македонскиот јазик и неговото писмо, и албанскиот јазик и неговото писмо, додека на локално ниво, се употребуваат повеќе јазици освен македонскиот јазик.

„Албанскиот јазик се употребува во 25 општини, турскиот јазик во 10 општини, српскиот јазик во 3 општини, ромскиот јазик во 2 општини, босанскиот јазик во 2 општини и влашкиот јазик во една општина. Ова покажува отвореност на општеството на нашата држава на сите рамништа, особено земајќи во предвид дека во неколку од општините во кои се употребуваат повеќе јазици, тоа е направено со одлука на советот, а не поради законска одредба, што ја покажува желбата на институциите да бидат отворени и пристапни кон своите граѓани“, наглaси премиерот Спасовски.

На крајот од обраќањето премиерот Спасовски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик освен на македонски упати честитки на турски, ромски и на албански јазик.

Министерот Дураки во својот говор се осврна на примената на Законот за употреба на јазиците, при што наведе дека значаен сегмент во неговата имплементација е постоењето на волја и свест кај граѓаните за јазичниот диверзитет и истакна дека на јазичните различности треба да се гледа како на вредност, а не како на пречка.

„Во јуни минатата година Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците започна со работа. Несомнено, во наредниот период, ова министерство, заедно со Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците и Инспекторатот за спроведување на законот за употреба на јазиците, ќе бидат клучни институции во креирањето и спроведувањето на политиките за употребата на албанскиот јазик во Република Северна Македонија. Но, помошта на сите други институции во јавниот сектор, невладините организации и граѓаните на Република Северна Македонија е повеќе од потребна во целосното спроведување на Законот за употреба на јазиците“, оцени Дураки.

На јавната дискусија се обрати и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Илхан Рахман, кој нагласи дека Република Северна Македонија е успешен пример во однос на спектарот на употребата на јазиците на заедниците. Воедно тој посочи дека е потребно преку дополнителни системски решенија и мерки да се заштитат јазиците на помалите заедници, особено оние со мал број говорители како влашкиот јазик.

Свое обраќање на дискусијата имаше и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, Илбер Села, кој во нагласи дека ширината на употребата на јазиците е рефлексија на демократските капацитети на едно општество, но и основно човеково право.

Директорот Села се осврна и на предизвиците околу практичната имплементација на Законот за употреба на јазиците и нагласи дека тоа треба да се спроведува низ разбирање, дијалог и толеранција за различностите.

На јавната дебата во Владата присуствуваа голем број претставници од општествената јавност и дел од нив во работната дискусија ја поздравија иницијативата да се разговара за унапредување и почитување на употребата на мајчиниот јазик со негување на различностите и почитување на јазиците на сите народи.

Ширум светот денеска и утре, под покровителство на Обединетите нации и УНЕСКО, се организираат настани преку кои се промовираат негувањето и афирмацијата на сите јазици што ги користат народите во светот. Темата што ја предложи УНЕСКО за одбележување на годинашниот Меѓународен ден на мајчиниот јазик е „Јазици без граници“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шкријељ: Градинка за 120 деца во Ресен

Објавено пред

Ресен добива градинка за 120 деца. Вкупната вредност на зафатот е 22,4 милиони денари, во кои Министерството за труд и социјална политика учествува со 20,8 милиони денари. Средствата се обезбедени со поддршка на Светска банка.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, направија увид во адаптацијата на градинката.

„Се грижиме за најмладите. Децата се нашата иднина. И во оваа градинка тие ќе учат и ќе го осознаваат светот, ќе се социјализираат и ќе се развиваат во љубопитни и истрајни личности. Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат и затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот. Обврска на институциите од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме“, рече дополнителната заменик-министерка Шкријељ.

Градоначалникот на Ресен Гошаревски изрази задоволство што и оваа градинка е во програмата на Министерството. Со тоа што се отвораат нови места за опфат на деца, многу им се помага на семејствата каде родителите работат.
Шкријељ и Гошаревски го посетија и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Во моментов го користат осум лица, за кои е обезбеден превоз, престој и храна, како и помош за корисниците и семејствата.

„Социјалните сервиси, како што е овој дневен центар, треба да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство, и да бидат мост со другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите“, нагласи Шкријељ.

За корисниците на Центарот се реализира воспитно-образовна работа преку прилагодени програмски содржини.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија9 часа

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија9 часа

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија9 часа

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија9 часа

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион10 часа

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа10 часа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет11 час

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија11 час

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет12 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт21 час

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет23 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион24 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион1 ден

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ1 ден

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија1 ден

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија1 ден

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ1 ден

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија1 ден

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Досие