Контакт

Македонија

Ѓорчев: Комарците се вмровци, дојде живот за нив

Објавено пред

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на социјалните мрежи го критикува градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Според пратеникот, ексградоначалникот Коце Трајановски успеал да ги пречека „Реал Мадрид“ и „Манчестер“, а Петре Шилегов не можел да испрска ниту против комарци.

„Тивко е, значи дека прскаат авионите на Шилегов. Дојде живот. За комарците. Пред една година Скопје ги дочека ‘Реал Мадрид’ и ‘Манчестер’. Денес Шилегов не може да испрска против комарци. Врати се Коце. Толку“, пишува Ѓорчев.

Опозицискиот пратеник објави и фотографија од градоначалникот Петре Шилегов, на која пишува: „Што да ви кажам, комарците се вмровци“.

Град Скопје вчера реагира по обвинувањата за комарците. Од Градот велат дека поради зголемените врнежи во изминатиот период, се создала поволна клима за нивно брзо размножување, па одлучиле третото авионско прскање, наместо два, да трае 4 дена, почнувајќи од денес, а копненото прскање да трае од понеделник до петок.

Македонија

„Вело фиеста“ в четврток во Центар

Објавено пред

Европската недела на мобилност 2019 официјално почнува денеска, а ќе трае седум дена, до 22 септември, под мотото „Пешачи со нас“.

„Поттикнувањето на граѓаните активно да се вклучат во локалниот живот, да ја практикуваат својата одговорност и делотворност кон животната средина, како и создавањето услови кои тоа ќе им го овозможат се нашите цели. Реализирањето на целите на граѓаните не само што ќе им овозможат да ја осознаат својата улога во општеството, туку ќе им донесат и драгоцени полезни последици, зачувување на своето здравје, и поради поздравата животна средина и поради секојдневното движење – пешачењето и возењето велосипед“, изјави претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Таа ги повика граѓаните в четврток (19.09) од 18 часот на улицата Димитрија Чуповски да бидат дел од „Вело фиестата“, да се дружат и да се забавуваат, а да учествуваат и во традиционалното „Велосипедско дефиле“ кое во петок (20.09) ќе почне во 11:30 часот од новиот парк Ибни Пајко, кај објектот на Филхармонијата.

Град Скопје годинава ја реализира ЕНМ 2019 во соработка со Македонски зелен центар, канцеларијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целата програма на Европската недела на мобилност е објавена ТУКА.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанушев: Заев ајде на избори

Објавено пред

,,Зоран Заев бега од избори. Бега од соочување со граѓаните, затоа што е свесен дека власта е заглавена во криминал, корупција и мега скандалот Рекет.Тоа што избегнува отчет пред народот не е ново, го видовме и во 2016 кога на два пати одложуваше избори. Но, сега Заев се крие од своите сограѓани затоа што знае дека поразот ќе биде катастрофален”, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, политиките во здравството, образованието, културата доживуваат крах. Економијата е во агонија и каскаме не само во споредба со Европа, туку и во споредба со земјите од регионот.

,,Животот кој го ветуваше се претвори во безперспективност и затоа забрзано Македонија се празни. Ветувањата за кои се пењавеше во кампањите останаа обични лаги. Владата на Заев ќе биде запаметена како најнеспособната влада во историјата на Република Македонија, која не може ни тоа што самата го проектира да го оствари. Тоа што се неспособни граѓаните може и ќе им го простат, ама тоа што се штетни за Македонија тоа никој не може да им го прости, па дури и најголемиот дел од нивните поддржувачи.

Го погазија достоинството и на граѓанинот и на државата, и дрско продолжуваат да му ја потценуваат интелегенцијата на чесниот народ. Капак на сето ова е криминалот во кој се фатени 100:0. На дело видовме дека власта на СДСМ креирала рекетарско-обвинителско-политички октопод кој тргува со правдата, креира и монтира обвинителски акти, за потоа да уценува, изнудува и игра мајтап со правната држава. Нема правда, нема мир беше мотото многу брзо го заборавија и наместо тоа инсталираа Луј Витон правосудство кое има за цел да го штити криминалот на власта, а истовремено да ги гони политичките неистомисленици на Заев. Правдата ја претворија во политичка маша во рацете на Заев која згора на се уште ја користат за земање на милионски суми рекет.
Ова не е ни процент од криминалите, скандалите и катастрофалните чекори на оваа власт на Зоран Заев и однародената елита околу него. Ова е само врвот од сантата мраз. Секој ден излегува нова вистина за криминалот на власта исто како што секој ден Македонија тоне се подлабоко и подлабоко со нив.Затоа Заев ајде на избори!”, рече тој.

Според Јанушев, избори се неопходни што поскоро, затоа што тоа и треба на Македонија. Да се формира техничка влада, согласно законот за да се овозможи фер и демократски избори, а истовремено да се заштити изборниот процес од спринтереските полнења на кутии и злоупотребата на власта. Стравот на СДСМ и Заев е очигледен  бидејќи поразот ќе биде неминовен.

,,Тоа што Заев и власта се храбрат самите себе со нарачани анкети и анализи не им поминува ниту во нивното членство. Но, еве ако Заев се охрабрил од таквите мерења, нека повели и нека излезе на соочување на избори.Заев, да одиме на избори! Иднината на оваа држава стана заложник на криминалот на оваа власт, и колку побрзо ќе се ослободи, дотолку побрзо ќе се тргне сидрото наречено Заев и Македонија ќе тргне напред.Стандардот на граѓаните, благосостојбата на младите, земјоделците, работниците и стопанствениците, пензионерите е можна само со обнова на Македонија која ќе почне токму со деинсталирање на Заев”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Могерини : Владеењето на правото е континуиран бенчмарк за европските интеграции

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел оствари работна средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

„Се наоѓаме буквално на 30 дена од големата одлука за старт на преговорите, со што ќе се стави точка на заедничките напори изминативе две и пол години, за враќање на европската агенда во Република Северна Македонија, како и враќање на процесот на проширување високо на агендата на Унијата“, изјави Османи на средбата, пренесувајќи ја благодарноста на Владата за несебичното залагање на високата претставничка за севкупниот успех на овој процес.

„Ве уверувам дека и во овој краток период што ни претстои, буквално херметички ќе ги затвориме сите евентуални можности за изговор или скептицизам кај земјите – членки, и со тоа заслужено ќе ја обезбедиме одлуката за старт на преговорите“, истакна Османи.

На средбата Османи реферираше и за последните актуелности во земјава особено во областа на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција. „Без разлика што не претставува формален услов за одлуката во октомври, владеењето на правото останува наш постојан бенчмарк за кој ве уверувам дека нема да има никакви отстапки, ниту од аспект на институционалната поставеност за борбата против криминалот и корупцијата, ниту по основ на континуираниот ‘трек – рекорд’, во спроведувањето на владеењето на правото“, истакна Османи.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија2 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија2 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет5 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија5 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија5 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион5 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ5 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет6 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет6 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион17 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион19 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија20 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија1 ден

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Досие