Контакт

Македонија

Ѓорѓиевски: Време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа и да стане извор на гордост

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“.

-Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. И секогаш, токму културата била таа што го чувала неговиот дух. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и инфраструктура. Зборуваме за тоа каков град сакаме да изградиме град што се развива, но не ја губи својата душа. Затоа, денеска ви претставувам уште еден од седумте столбови врз кои се темели мојата програма. Истиот е насловен „Скопје – град на слоеви, град на култура“. Културната стратегија за Скопје ја препознава слоевитоста на градот како негово најголемо богатство. Токму затоа, таа се темели на три клучни насоки: ревитализација на јавните простори, развој на културната инфраструктура и системска поддршка на културниот развој. Скопје е град што ја раскажува својата историја преку Скупи, Чаршијата, Калето и Аквадуктот. Тоа се симболи на историскиот и општествениот континуитет на нашиот град. Но мора да признаеме, овие места со години се запоставени. Аквадуктот пропаѓа, Скупи е заборавено, Калето без живот, а Чаршијата полека, но сигурно ја губи својата автентичност, рече тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа и да стане извор на гордост, енергија и нов живот.

-Време е тоа да се промени. Време е да го вратиме духот на Скопје. Време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа и да стане извор на гордост, енергија и нов живот. Аквадуктот ќе го претвориме во современ културен парк – со сцени за концерти, настани и фестивали, со уредени зелени површини и пешачки патеки. Ќе го изградиме и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа, како симбол на современата уметност и младинската енергија. Од запуштено место, Аквадуктот ќе стане новата визит-карта на урбаната култура во Скопје, потенцира Ѓорѓиевски.

Најави дека Археолошкиот локалитет Скупи ќе биде повторно вратен на јавноста преку негово целосно отворање, уредување и интегрирање во културниот живот на градот. -Планот предвидува културна активација на просторот преку театарски претстави, изведбени уметности, артистички и археолошки резиденции и фестивали, рече тој.

Ѓорѓиевски истакна дека Старата скопска чаршија, како едно од најзначајните културно-историски јадра на градот, ќе се уредува со почитување на сите обврски во однос на заштитата на културното наследство.

-Пристапот ќе вклучи унапредување на урбаното функционирање и унифициран изглед на тендите, со цел зачувување на автентичноста, но и отворање кон современи содржини. Историските објекти ќе се интегрираат во секојдневниот урбан живот, како јавна уметност, пренаменети простори за културни центри, пазари или уметнички работилници, создавајќи жив историски кварт кој ќе привлекува и странски и домашни посетители. Скопското Кале ќе го интегрираме како жив културен центар преку развивање на континуирани културни програми, адаптација на просторот и современо уредување што ќе ја нагласи неговата историска вредност. Со поставување на монтажни сцени и објекти за културни настани, Калето ќе се отвори за фестивали, концерти, театарски претстави, едукативни активности и изложби, со што оваа историска тврдина ќе ја спои меморијата на минатото со современата креативност, правејќи ја достапна и привлечна за сите генерации, изјави тој.

Најави дека ќе ја унапреди работата на МКЦ, кое е белег на културното и урбаното живеење во Скопје, како и на Музејот на град Скопје, Културно-информативниот центар, како и сите сите културни институции кои се под надлежност на Градот. Посочи дека Киното „Милениум“ ќе биде целосно реконструирано и повторно ставено во функција како мултифункционален културен објект.

-Скопје ќе стане град на фестивали, град што живее преку културата целата година. Системска поддршка ќе дадеме на реномирани скопски фестивали како „Skopje Jazz Festival“, „Skopje Calling“, „Пиволенд“, „Виноскоп“, „Баскерфест“, „Фестивал на светлина“, „Скопје танцува“, „Скопје Рок Револуција“, „Скопски филмски фестивал“ и други манифестации. Ќе го вратиме Скопскиот фестивал на забавна музика и ќе го оживееме меѓународниот фолклорен фестивал „Скопје“. Истовремено, Скопје мора да се отвори и кон меѓународната културна сцена, привлекувајќи странски уметници, продукции и културни мрежи, нагласи тој.

Ѓорѓиевски истакна дека сите овие чекори се дел од визијата Скопје да биде град на идеите, уметноста и луѓето – град со културна сила што ќе биде пример за целиот регион. -Зашто културата е инвестиција во иднината. А иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува, рече кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Најново

Економија5 минути

Златото повторно ја надмина границата од 4.000 долари за унца, централните банки продолжуваат да ги зголемуваат резервите

По неколкунеделни значителни ценовни осцилации, златото повторно ја надмина границата од 4.000 долари за тројска унца. Новите податоци на Светскиот...

Свет6 минути

(Видео) Новинар: Вашето богатство се зголеми за 3 милијарди долари; Трамп: На сите им се зголеми

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на новинар од Си-би-ес дека „требало да поседува акции“, откако новинарот – за време...

Спорт7 минути

Шефот на Мерцедес горд на тимот: По пет години сме повторно на врвот, малкумина успеале да го направат тоа

Тимот на Мерцедес на трката во Бразил ја освои титулата кај конструкторите во овогодинешниот шампионат во Формула 1. Возачите на...

Свет11 минути

Џо Бајден за ракот на простатата: „Нема да можам да водам толку разговори колку што се надевав“

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, сподели информации за неговата борба со ракот на простатата, истакнувајќи дека „некои денови се...

Забава16 минути

Чекор што многумина го прескокнуваат, а сепак е важен: Зошто е од суштинско значење да ѝ посветите внимание на кожата пред спиење?

Вечерната нега на кожата на телото помага во одржување на хидратацијата и мекоста. Откријте кои креми, масла и активни состојки...

Спорт22 минути

Карик за својата иднина: Ништо нема да се случи

Манчестер Јунајтед успеа магично да освои бод против Астон Вила, но за иднината на тренерот Мајкл Карик сè уште се...

Македонија22 минути

Левица: ДПМНЕ го врати феудализмот – работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

„Додека Мицкоски секојдневно ја убедува јавноста дека Македонија доживува економска преродба, во државното претпријатие „Национални шуми“ работничките права се враќаат...

Забава25 минути

(Фото/Видео) Роузи Хантингтон-Вајтли во интригантна креација: никој не ја очекуваше во разголено издание

Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли се појави во интригантна креација која многумина ги остави без зборови. Никој не очекуваше дека еден скулптурален...

Култура33 минути

Самир Љума, кинематограферот на „Медена земја“, на светска премиера во Талин со филмот „Моето заробено срце“

„Моето заробено срце“ (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на...