Контакт

Македонија

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде чиста од влезот до нејзината крајна граница

Објавено пред

Сезонските работници од Општина Кисела Вода денеска работат на потегот што го следи Јужен булевар до местото наречено Рампа, каде што почнува Кисела Вода. Се работи за гранична улица со општина Центар, во чија околина е насобрана огромна количина комунален смет.

За оваа локација, како што вели градоначалникот Ѓорѓиевски, иако е под надлежност на друга локална самоуправа, до Општина Кисела Вода секојдневно пристигнуваат многубројни поплаки за нехигиена. Токму затоа од утрово таму се косат тревни површини, се мете, со камион се расчистува наталожениот смет, со цистерна се мијат улиците и тротоарите, нагласи Ѓорѓиевски.

„Наша обврска е на граѓаните да им овозможиме чиста и здрава животна средина. Во конкретната ситуација, Јужниот булевар е само на 200 метри од булеварот Борис Трајковски, кој е главна артерија на Кисела Вода, но и на Скопје. Нам ни е важно како изгледа и влезот на нашиот дом и самиот дом“, изјави градоначачникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден темелно беше исчистен и Паркот на бранителите во Драчево.

„Тука слободното време го поминуваат голем број наши сограѓани со своите дечиња, па особено внимание се обрна при чистењето на детските игралишта и просторите предвидени за детска игра. Секако, и тука не изостана метењето на лисјата, собирањето на отпадот, миењето на пешачките патеки“, додаде тој.

Ѓорѓиевски најави дека генералното чистење на општина Кисела Вода ќе продолжи и во наредниот период.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров: ЕУ треба да докаже дека ја разбира стратешката важност на проширувањето со земјите од регионот

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска учествуваше на регионалната конференција посветена на европската иднина на регионот „Западен Балкан: Иднината на Европа е наша заедничка агенда“.

Димитров истакна дека за надминување на застојот во процесот на проширување регионот треба да испрати јасна порака поткрепена со конкретни дела.

„ Колку повеќе зборуваме во еден глас, толку погласно ќе одекне нашата порака и подалеку ќе се слушне. Во главните градови на ЕУ вестите од една држава од регионот влијаат на перцепциите за целиот Западен Балкан, треба да покажеме дека можеме да работиме заедно и да ги надминеме отворените прашања. ЕУ, пак, од своја страна, треба да докаже дека ја разбира стратешката важност на проширувањето со земјите од регионот. Ако зајакнувањето на отпорноста на Унијата е една од точките што ја засегаат иднината на Европа, тогаш токму регионот е виталната точка за остварување на оваа цел. Успехот на европското досие на Северна Македонија е клучно ако сакаме европскиот политички билет да биде добитен“, изјави Димитров.

Настанот беше организиран во соработка со Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ), при што поздравни обраќања имаа премиерот на Црна Гора – Здравко Кривокапиќ и претседавачот со Советот на ЕУ – Гашпер Довжан, додека, пак, во дискусијата учествуваа и вицепремиерката на Косово – Доника Гервала, главната преговарачка за Црна Гора – Зорка Кордиќ, главниот преговарач за Албанија-  Зеф Мази и други високи претставници од регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Објавено пред

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот.

Ова доаѓа откако Владата не ги усвои мерките предложени од министерот за здравство, Венко Филипче, за рестрикции кои предвидуваа без вакцина или негативен ПЦР-тест вработените во државни институции да не можат да одат на работа.

Владата побара дообјаснување, но Филипче се откажал бидејќи е дојдено до заклучок дека претставуваат финансиски товар.

„Сметам дека карантеризирање, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат, не треба да е опција, но не знаеме што може да се случи. Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма, вакцинацијата да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација“, рече Филипче.

Прашан дали ќе се спроведуваат мерките со забрана за одење на работа без вакцина, Филипче рече: „Засега нема да се спроведува. Стигнавме до констатација дека отвора сериозни прашања како ќе се казни тој што нема да прифати вакцинација, а е и голем финансиски товар. Потребна е комуникација со граѓаните. Ова ни е најпрактичен механизам, тоа се матичните лекари“.

Дел од матичните доктори ја искритикуваа мерката со која им се дава 30 денари по пациент, ако вакцинираат 70 отсто од запишаните пациенти. И покрај тоа, Филипче смета дека ќе даде резултат.

„Матичните лекари први имаат контакт. Надоместокот ќе се даде почетокот на летото, крај на есента, другата година. Просекот е околу 1.000 пациенти, тоа не се пари за занемарување. Ова е битно за државата, има различни степени на опфат кај матичните. Тие можат веднаш да почнат. Оваа мерка е на која матичните треба да стават акцент, и да ја пуштат пораката“, додаде министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара со 250 милиони евра да се субвенционира струјата за граѓаните и компаниите

Објавено пред

Повеќе од јасно е дека енергетската криза ќе трае подолго од 30 дена и дека ќе треба согласно закон да биде продолжена, посочи на денешната прес-конференција во Собранието Владо Мисајловски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата пратеничка група бара да се закаже седница на Собранието на која ќе биде продолжена енергетската кризна состојба.

„Ние како пратеничка група со нашето присуство ќе помогнеме за обезбедување кворум за истата“, истакна Мисајловски, кој потсети дека кризна состојба донесена на 9 ноември со рок на траење од 30 дена би требало да заврши на 8 декември.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата неуспешно се справува со кризата и од име на пратеничката група постави два услова за самата седница.

„Најпрво, бараме да се предвидат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација.

Како второ, бараме да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот па сè до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите, односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија. Овие средства да бидат обезбедени од Владата и на тој начин да се помогне компаниите и на граѓаните“, нагласи Мисајловски предупредувајќи дека ситуацијата е крајно сериозна и не смее да се дозволи енергетска криза дополнително да го загрозува стандардот на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија2 часа

Денеска нова средба Заев – Гаши

Денеска според последните најави во 14 часот, во Клубот на пратеници, се очекува повторно да се сретнат премиерот Зоран Заев...

Македонија2 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет3 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија4 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија4 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа4 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија16 часа

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија17 часа

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион18 часа

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет18 часа

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија20 часа

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија21 час

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ22 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија23 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа1 ден

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион1 ден

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа1 ден

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија2 дена

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Досие