Контакт

Македонија

Ѓорѓиевски: Незаконски е полициски инспектори да се притискаат за да излезат на партиски митинзи

Објавено пред

Зоран Заев, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат полицијата и се обидуваат да ја претворат во партиска подружница на СДСМ, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Незаконски и под секое ниво на професионалност е полициски инспектори да се притискаат за да појавуваат на партиски митинзи, изразуваjќи поддршка за политичари, наместо да ја вршат својата работа во функција на обезбедување на мирот и сигурноста на граѓаните на Република Македонија. На митингот на СДСМ во Карпош на 22 април полицискиот инспектор Елхам Шкрета му се обрати на Заев, со зборовите: ‘Кај нас има еден збор што се вика ‘беса’ вечерва ти ја давам бесата дека на петти ние сме победници и нема да те оставиме во кал, како што ти нас не нè остави нас, ти си нашата икона’.  Со оваа своја изјава полицискиот инспектор директно ги крши законските акти од областа на полицијата. Имено, според приоритетите за 2019 година како приоритети на МВР се наведени професионализацијата, департизацијата и деполитизацијата на вработените во оваа институција“, истакна  Ѓорѓиевски.

Тој рече дека ова не е единствен пример на партиски активизам на полициски службеници, а во текот на целата кампања можело да се забележиме како Јовче Ременски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, кој е инспектор во УБК, стои во првите редови аплаудирајќи му на Заев и на Пендаровски.

Ѓорѓиевски оцени дека ваквото однесување не доликува и е недозволиво за полициски службеници, а МВР како институција има обврска да им служи на граѓаните, а не на политичките партии.

„Заев, Пендаровски и Спасовски мора да одговараат за оваа злоупотреба на полицијата. Одговорност за ваквиот однос мора да има. Полицијата која наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски собири и агитира за Пендаровски е главниот причинител за криминалот кој царува по улиците“, додаде Ѓорѓиевски.

 

Македонија

Викендов сончево и топло време

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 25 до 33 степени. УВ- индексот ќе биде 8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето датум за почеток на преговори за Северна Македонија, но и за Албанија. Тие се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.

„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор, како и Договорот за добрoсоседски односи со Бугарија, и се осврна на препораките на Комисијата за отворање на пристапни преговори со Република Северна Македонија врз основа на нејзината позитивна оценка за постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. Поради ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно поскоро и не подоцна од октомври 2019 година“, се наведува во заклучокот на Советот.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес-конференција соопшти дека мнозинството членки на Советот не ја поддржале чистата препорака на Европската комисија за доделување на датум за преговори на денешниот состанок.

„За жал мнозинството членови не ја поддржа чистата препорака на Комисијата за отворање преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија“, рече Хан.

Додаде дека е уверен дека во октомври ќе има одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот кај Желино

Објавено пред

Сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово е нормализиран, информира АМСМ.

Сообраќајот кај клучката Желино беше во прекин поради превртено возило на патот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ29 минути

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија1 час

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа3 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија5 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија5 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет5 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион6 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија7 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт8 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет9 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија9 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија10 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech12 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток24 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија1 ден

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 ден

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија1 ден

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Досие