Контакт

Македонија

Ѓуровски: Руските разузнавачки служби имаат продор на Балканот и во Северна Македониja

Објавено пред

Професорот по безбедност, Марјан Ѓуровски, истакна дека Руската Федерација го искористила неснаоѓањето на Европската Унија и притоа си создала простор во претстојниот период да користи класични политички средства за влијание преку продор на руските разузнавачки служби во регионот на политичките и во бизнис-круговите на одделните земји за економски и енергетски средства за влијание.

Притоа, потенцира Ѓуровски, таа прави обид да го прошири своето влијание преку медиумите, културата, академската средина, преку разни владини и невладини организации, кои потекнуваат од Руската Федерација или се формирани во одделните земји, употребува разни групи, како и Руската православна црква.

Обраќајќи се на свеченото отворање на регионалната школа за безбедност „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евроинтегративниот процес на Западен Балкан“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Ѓуровски додаде дека многумина на пораките за ризиците што произлегуваат од кинеското и руското влијание на овој дел од Европа гледаат со иронија.

„Многумина на нашите денешни пораки за ризиците што произлегуваат од кинеското и руското влијание на овој дел од Европа ќе гледаат со иронија, а можеби и со потсмев, но воедно останува нејасно зошто ненаоѓајќи го своето место и простор тука дома, се одлучуваат да заминат, да ја побараат својата иднина во западниот свет, како СР Германија, САД, Австралија. Доколку не се сложуваат со нас, а воедно ги нагласуваат кинеските вредности и влијанија, останува неодговорено прашањето зошто во најголемиот дел, наместо во Берлин, некои денес не размислуваат својата иднина и работа ја побараат во Пекинг, Москва или, пак, во западниот свет“, нагласи Ѓуровски.

Тој потенцира дека Балканскиот Регион е дел од хибридниот конфликт меѓу Западот, од една страна, и Руската Федерација и НР Кина, од друга. Според него, потребно е да се подигне нивото на свесност за ширењето на влијанието на новите надворешни државни актери и интереси на Балканот, кое, како што вели, е силно изразено и негативно за регионот.

Според Ѓуровски, новите државни актери имаа цел да го запрат или забават процесот на проширувањето на НАТО во регионот, да ја прошират енергетската зависност во регионот, посветени се да го забават процесот на ЕУ-интеграцијата во регионот и да проектираат мека сила во регионот преку сите можни инструменти на националната моќ.

„Интенција е да се креира замрзнат конфликт или статус кво во регионот. Преку пласирање лажни вести се форсира стратегијата на неутралност на Балканот убедувајќи ги граѓаните на земјите од регионот да останат надвор од НАТО и ЕУ. Тоа е користење нелинеарен пристап за креирање перцепција дека западните вредности се погрешни наспроти играње на картата на националните чувства на граѓаните бидејќи повеќето сме свртени кон минатото и оптоварени со него“, напомена Ѓуровски.

Инаку, доколку западните држави сакаат да запре процесот на стагнација во регионот, професорот Ѓуровски смета дека политиката на европските интеграции не треба да биде политика на стапот и морковот, тука преку реални и видливи политики на интеграција на Западен Балкан ќе се придонесе да запре дезинтеграцијата и наместо умови надвор, да извезуваме успешни приказни.

Според Ѓуровски, денес американско-германското сојузништво и заедничкиот пристап е клучот за влијателен евро-атлантски клуб и фукционален и стабилен Западен Балкан.

„Кина и Русија се актери, кои како стратешки ривали на западниот модел на општество имаат разни идеи за демократијата, владеењето на правото и слободата на религијата. Кинеските амбиции оправдано будат страв во ЕУ. Се стравува дека корупцијата може да продолжи да расте поради евтините пари. Кај многу проекти станува збор за одобрување заеми од кинеските банки. Кинезите не бараат демократија и правна држава кога одобруваат финансиски заеми, што го олеснува задолжувањето на земјите што сѐ уште не се членки на ЕУ (Албанија, Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина). На овој начин се гради корозивен капитал, односно дипломатија на лихварство“, заклучи професорот Ѓуровски.

Во рамките на свеченото отворање воведни предавања и свое обраќање имаа Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, Ханс-Герт Потеринг, поранешен претседател на Европскиот парламент и висок претставник за европски прашања при Фондацијата „Конрад Аденауер“, Вернер Фаслабенд, претседател на Академскиот совет на Центарот на европско образование, Вилфред Мартенс од Брисел и поранешен министер за одбрана на Австрија, УКЛО, Анке Холштајн, амбасадор на Сојузна Република Германија во земјата, Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Северна Македонија.

Според најавите, активно учество на тридневната конференција, која се одржува на хибриден начин, зедоа истакнати експерти и студенти од СР Германија, Австрија, Белгија, Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Грција, Република Србија.

Македонија

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти. Од денеска е дозволено и одржување на настани на отворено со 1.000 посетители, како и свадби, прослави и веселби на отворен простор.

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:

– престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.

– се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

– Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.

– Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.

– Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вработените во МВР добиваат бонус плата за прекувремена работа

Објавено пред

Денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денари во вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020, велат од Министерството за внатрешни работи.

„Ова е резултат на заложбите на раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот. Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија“, стои во писмениот допис од МВР.

„Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување на европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и потопло со температури до 31 степен

Објавено пред

Денеска, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната од 22 до 31 степен. УВ = 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови, според најавите од УХМР, во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешно-политичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион12 минути

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија49 минути

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет1 час

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска во Женева американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и тоа ќе биде нивна...

Свет2 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ17 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија19 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија21 час

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија22 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет22 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија22 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија23 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет2 дена

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет2 дена

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Досие