Контакт

Македонија

Јавниот сообраќај во Скопје од денеска до 20 часот

Објавено пред

Од денеска, вторник 6.4.2021 год до вторник 20.4.2021 год, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18:30 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Од таму додаваат дека режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб-страницата на „ЈСП“ Скопје, информираат од оваа институција.

Потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, и дека времено се укинати и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту жичницата.

Македонија

Телефонски разговор Османи-Кулеба

Објавено пред

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски разговор со неговиот украински колега, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Двајцата Министри се согласиле дека Република Северна Македонија и Украина споделуваат заедничка визија за стабилна, обединета и просперитетна Европа, истакнуваат од кабинетот на Османи.

Од таму додаваат дека во таа смисла а реафирмирајќи ја взаемната приврзаност кон европските принципи и вредности, Министрите се осврнале на европските и евро-атланските интеграции на Република Северна Македонија и Украина, како и на можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Станало збор и за актуелните состојби во источна Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше јасната и недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи притоа дека Северна Македонија поддржува целосна имплементација на договорите од Минск во согласност со напорите на Трилатералната контакт група и политичкиот процес на Нормандискиот формат врз основа на принципите и заложбите на ОБСЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Објавено пред

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС). Апелираат на исполнување на нивните барања, во најбрз можен рок.

Во допис до медиумите, Здружението наведува дека приватните специјализанти сè уште немаат здравствено осигурување, а нема ни покачување на платата која изнесува 26.000 денари од 2018 година, што во моментов е за 2.500 денари под просечна плата во Македонија.

Специјализантите сè уште бараат и платени дежуства, иако пред три години им било ветено дека проблемот ќе биде решен.

„ЗЛС нарави неколу пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Истите не изнесуваат повеќе од 27.000 евра на месечно ниво за којашто сума добивме одобрување од Министерството за здравство. Покрај сè специјлизантите сè уште извршуваат  24 часа дежуство за нула денари. Дел од овие неплатени дежурства колегите ги релизираат во ковид-центрите“, велат од Здружението.

Понатаму се наведува дека покрај најавата дека се обезбедени средства за вработувња на 250 приватни специјализанти во декември минатата година, три месеци подоцна ниту еден конкурс не е реализиран.

„Со порастот на бројот на активни случаи и во недостиг на медицински кадар повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид-центрите кои се отвораат ширум државата. Бројот на заразени приватни специјализанти кои работат во ковид-центрите континуирано расте. А во меѓувреме колегите херојски се борат со Ковид-19 под овие услови веќе една година. Но во рамките на сопствената држава, не за долго“, додава Здружението на лекари специјализанти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје: За еден ден исцрпени повеќе од половина од субвенциите за велосипеди и тротинети

Објавено пред

За еден ден се исцрпени речиси половина од предвидените средства за субвенции за граѓаните за купување  велосипеди и електрични тротинети, информираат од Град Скопје.

Од таму додаваат дека во текот на вчерашниот ден, преку системот за електронско аплицирање пристигнале повеќе од 1.200 пријави за субвенции за велосипеди, како и 142 пријави за субвенции за електрични тротинети.

„Доколку продолжи големиот интерес за субвенциите, можно е исцрпување на средствата превидени за субвенциите за електрични тротинети и затворање на јавниот повик на крајот на денот“, велат од таму.

Како потстеување, Град Скопје објави повици за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година.

Граѓаните можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Право на учество на овие повици имаат жителите на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет во Република Северна Македонија од 1.1.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавните повици, информираат надлежните.

Инаку во буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Согласно со предвидените финансиски средства, Градот годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

На двата повика за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети граѓаните можат да се пријавуваат електронски, преку интернет-страниците на Град Скопје и Скопје лаб, www.skopje.gov.mk и aplikacii.skopjelab.mk или директно на линковите https://aplikacii.skopjelab.mk/velosipedi/ и https://aplikacii.skopjelab.mk/trotineti/

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа1 час

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Македонија2 часа

Владата ќе ги разгледа препораките за рестриктивните мерки

Владата денеска на седница ќе ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за продолжување на рестриктивните мерки до 27...

Регион2 часа

Грчки министер за туризам: Целата земја е безбедна

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис ги објави плановите на владата за вакцинирање на 280.000 работници во туристичкиот сектор во...

Свет2 часа

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија4 часа

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија15 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа16 часа

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија16 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа19 часа

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија19 часа

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија20 часа

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија21 час

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија23 часа

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија24 часа

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија1 ден

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Регион1 ден

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до...

Македонија1 ден

Денеска во Македонија пристигнуваат 10.000 вакцини на „Фајзер“

Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела. Вакцините...

Европа1 ден

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни. „Денешната...

Свет2 дена

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Досие