Контакт

Македонија

Јанакиески: Дај боже Мукоски да постапеше во согласност со мојата порака, немаше да ги отвори вратите

Објавено пред

Ексминистерот Миле Јанакиески смета дека обвинителката Вилма Русковска не приложила ниту еден материјален доказ за да го докаже сведочењето на Александар Василевски-Нинџа, а со кој го поткрепува обивнителниот акт за „Организатори на 27 април“.

Јанакиески повтори дека не можел да прави некаков план за што го товари Русковска бидејќи нема комуникација со обвинетите, а бегалецот Никола Бошковски не го ни познавал. За комуникацијата со Спиро Ристовски и Никола Груевски, обвинетиот Јанакиески рече дека со нив не разговарал за никаков план. Говорот го заврши со цитат од изјава на премиерот Зоран Заев, во која кажува дека не смета дека тој е организатор на упадот во Собранието.

„За Обвинителството е најлесно да се каже: ‘Кој ако не Миле, Миле за сѐ е крив’. Како може да направиш план со лица што воопшто не ги познаваш. Во мојот исказ пред овој суд истакнав и тврдам дека лицето Никола Бошковски воопшто не го познавам. Како изгледа Бошковски, видов од телевизија. Со Трајко Вељановски не сум имал никаква комуникација во текот на 2017 година, а тоа се потврдува и со доказите на Обвинителството. Како може со некого да сум правел и координирал план ако во критичниот период февруари-април 2017 година од неговите 30.000 изведени пораки, ниту една не е со мене. Ниту една! Со Спиро Ристовски имавме комуникација додека бевме министри. Исто така, и покрај тоа што постои детаљна анализа од комуникацијата помеѓу мене и Спиро Ристовски, за критичниот период се потврди дека не постои никаков разговор – доказ меѓу нас за некаков наводен план, а најмалку за дејствто што ми се става на товар. Со Владимир Атанасовски сум немал комуникација. Со Никола Груевски никогаш, ама баш никогаш не сме зборувале за некаков си план за настаните. Исто така, не постои запис, ниту беше изведен доказ во оваа постапка дека со Груевски сум правел план. Во периодот од 22.4 до 1.5.2017 година, период за кој Обвинителството има обезбедено листинзи од мојата комуникација, јас имам разменето, единствено една СМС-порака, што Груевски ја праќа до мене“, рече Јанакиески за комуникацијата со другите обвинети.

Тој рече дека сведокот Александар Василевски-Нинџа е лице без кредибилитет, со криминално минато, повеќепати осудуван и осуден за настаните од 27 април. Тој праша дали нему или на сведоци на државни функции со пристап до безбедносни информации релеватни на настанот треба да им се верува.

„Исказот на сведокот, кој е основата во обвинителниот акт, Александар Василевски-Нинџа, не е потврден од ниеден друг изведен материјален и вербален доказ. Со измените на обвинителниот акт, а поради немање докази, не сум обвинет за организирање на партиската структура – општинските и месните комитети и организаторите на протестите, а се става ново дејство – организирање протести. Во пресудата по првиот предмет е констатирано дека во период од 60 дена имало ненајавени, односно непријавени собири на граѓани во МВР, но тие не биле организирани од ниедна политичка партија, а се одржувале под името ‘За заедничка Македонија’. Како организатори на протестите, во согласност со извештајот што е прифатен како релевантен доказ во првата постапка, ‘се јавувале Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски’. Не е доставен доказ дека Никола Груевски ми дал или дека јас сум примил негова наредба“, додаде Јанакиески.

Обвинетиот Јанакиески рече дека не постои комуникација со кој било пратеник, која би придонела да се случат дејствата во обвинителниот акт.

„Во однос на мојата порака испратена до Крсто Мукоски: ‘качете се дел во прес-салата’. Во согласност со доставените докази на одбраната докажавме дека ништо не презел во врска со неа. Дај боже да постапел во согласност со мојата порака и да се качел во прес-салата, немаше да ги отвори вратите и масата народ немаше да влезе во Собранието. Сакам да потсетам дека тројца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои се најдоа во прес-салата, со жив штит ги бранеа колегите од СДСМ, кои беа нападнати“, додаде Јанакиески.

Јанакиески цитира изјава на Заев во која вели дека многумина од организаторите се во затвор, а за обвинетиот вели дека ќе биде осуден за други предмети.

„Имено, во својата изјава премиерот наведува, цитирам: ‘Нема правда ако не ја зборувате вистината од почеток до крај. Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ниту се ниту ќе бидат повеќе политичари. Што имам јас интерес да правам калкулации. Миле Јанакиески, веројатно, ќе биде осуден за некој предмет, 7-8 има. Но, за ова, моја должност е да ја кажам вистината. Делото за кое се товари тој е над 10 години затвор. И сега те прашуваат во суд и треба да дадеш исказ и треба да ја дадеш вистината. За мене, политички, ако ги осудат на 15-20 години, е аргумент плус. Меѓутоа, правда ли е ако знаеш нешто, а не го кажеш. Многумина од организаторите се во затвор, Чавков, Нинџи, минџи и сите што беа внатре што даваа инструкции. Правда не е само ако се водите како ви одговара на вашата политичка гарнитура, туку ќе се исправите пред судот и ќе кажете сè што мислите за да може и на тој суд да му стане јасно да носи мерливи податоци. Многу често нашата болка е судиите гледаат да ѝ учинат на власта, не бе, не треба никому да му учинат’, рече Јанакиески цитирајќи ја изјавата од Заев.

Македонија

Шилегов: Кејот 13 Ноември повторно назад кај граѓаните, реконструиран и поширок

Објавено пред

На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот 13 Ноември, на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов, има целосно ново партерно уредување.

„Шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе што со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од кејот опфати партерно уредување на површина од речиси 12.500 квадратни метри, која концептуално е поврзана со околните објекти“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Со реконструкцијата на кејот, како што информира Шилегов, е изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, канти за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветление и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.

„Ослободивме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе може да ја користат сервисната улица лоцирана непосредно до самиот ѕид на кејот. Кејот има доволно простор за сите граѓани што го користат за прошетки, одмор и релаксација, па сѐ до бизнисите што во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите што ги користат угостителските објекти сега се унифицирани и организирани се на начин што овозможува да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни крошни“, нагласи Шилегов.

Според него, конечно е воспоставен ред на овој дел од кејот, спречени се, како што рече, самоволието и хаосот од непрописно паркирани возила, кои последните десетина години го правеа небезбедно движењето на пешаците и на велосипедистите.

„Кејот 13 Ноември повторно е полн со наши сограѓани, кои се чувствуваат пријатно тука и уживаат во благодатите што ги нуди вака уредениот простор. Денес, сеќавајќи се на жртвите на скопскиот земјотрес, во нивна чест со гордост можам да кажам дека Скопје повторно е наша радост, а Кејот 13 Ноември повторно е местото каде што таа радост најубаво се гледа“, изјави Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево и многу топло, од средината на неделата со температури и над 40 степени

Објавено пред

Утре, според најавите од УХМР, се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа по должината на Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжено работно време за угостителите во Гостивар, бара Таравари

Објавено пред

Советот на Општината, по предлог на градоначалникот Арбен Таравари, се очекува в четврток да донесе одлука за продолжување на работното време за хотелските објекти за уште два часа, информираат од Општината.

Таравари, како што стои во писмениот допис, предлага, наместо до полноќ, во работните денови работното време да трае до 2 часот, а за време на викендите, наместо до 1, да трае до 3 часот.

„Ваквиот предлог доаѓа во време кога нашите сонародници се во својот роден крај, но исто така и за да може кафулињата и рестораните да работат бидејќи подолг период беа затворени поради пандемијата. Градоначалникот Таравари очекува неговиот предлог да наиде на едногласна поддршка од советниците на седницата в четврток, што ќе биде последна на сегашниот состав во согласност со законот бидејќи се очекува да бидат распишани локални избори и овој Совет, освен за итни случаи, нема да може повеќе да се собере. Доколку предлогот помине на Советот, сопствениците на угостителските објекти нема да бидат обврзани да поднесат барање за продолжување на работното време бидејќи сите институции ќе бидат веднаш известени за новата одлука“, стои во соопштението.

Од Општина Гостивар потсестуваат дека минатата година Општината ги ослободи угостителите од плаќање општински такси со цел да ја ублажи финансиската криза што ја претрпе овој сектор од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион3 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија7 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија9 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија10 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија10 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија10 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа11 час

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија11 час

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет13 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија13 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија15 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет2 дена

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија2 дена

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија2 дена

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија2 дена

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Досие