Македонија
Јанакиески започна штрајк со глад во истражниот затвор ,,Скопје”

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој од минатата недела повторно се најде зад решетки во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, од саботата почнал штрајк со глад. За ова е известен и Кривичниот суд во Скопје.
Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов, за ,,Макфакс” вели дека причина за штрајкот на поранешниот министер е одлуката на судот кој му изрече мерка притвор за најновото обвинение на ОЈО за продажба на државно земјиште.
„Јанакиески моментално има 2 активни решенија, едното е за куќен другото за притвор во Шуто Оризари. Револтот е поради несоодветното постапување на судот, односно тоа што има 2 притвори со идентични причини. До сега куќниот притвор се покажа како ефективен, односно дека Јанакиески не може да се даде во бегство ниту, пак, да влијае врз сведоци”, вели Миланов.
На ексминистерот за транспорт и врски покрај обвиненијата од СЈО, му се става на товар и едно обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продажба на државни парцели, како и една истражна постапка во која е осомничен како организатор на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема пратеници за Уставни измени, Ковачевски не сака да поднесе оставка зошто знае дека ќе ги изгуби изборите

Вистинината испадна на виделина, СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за Уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Пропаднаа лагите на СДСМ дека уставни измени ќе има. Димитар Ковачевски ја одби понудата од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае дека нема доволно пратеници за промена на Уставот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Нека не се плаши Ковачевски. На првата наредна седница нека ги стави Уставните измени на дневен ред во Собранието за да се соочи со реалноста дека нема пратеници за промена на Уставот. Ама ден потоа нека си поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори, за да го слушне и види мислењето на граѓаните за националните предавства кои ги направи на Македонските граѓани и Македонија.
Соочен со реалноста и исплашен од предвреми парламентарни избори, Ковачевски бара начин како да избегаа од соочување со граѓаните. Стравот е голем бидејќи знае дека ќе доживее катастрофален пораз.
Уставни измени нема да има, и за тоа се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат заплашувањата и заканите на СДСМ. Нека собере храброст Димитар Ковачевски и нека се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата излажа, сепак историските прашања се предмет на договарања

Власта на Ковачевски бесрамно ги лажеше граѓаните дека историските прашања и теми не се дел од пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. И како за многу работи така и за ова излажаа без око да им трепне.
Прво Ковачевски на 30 јуни убедуваше дека „Историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ(францускиот предлог)“. По него и министерот Османи на 2 јули излажа „Лага е дека историските и билатералните прашања се влезени во францускиот предлог“. Но, вистината е дека токму овие двајца излажаа, а по нив и сите останати функционери од СДСМ и ДУИ. Лажеа-сушеа се дури не дојде денот да се дознае вистината, за жал болна и тешка за Македонија. Историските прашања за жал се предмет на договарања и оваа власт за жал е страната која распродава историски личности и настани.
Брзо се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ биле во право кога говореа дека Ковачевски и владата прифатија штетен предлог во кој обврските од Протоколот и историската комисија ќе доведат во ситуација државата или да се соочува со вечни преговори или со асимилација по бугарски диктат.
Историската комисија пред два дена објави пакет одлуки со кои неколку историски личности, Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски се поврзуваат со средновековната бугарска држава, а дополнително за Македонија се предвидува минимализирање на конекциите со антиката на сметка на зголемено изучување на античките Дарданци и Тракијци.
Со ова безмалку целата средновековна историја на Македонија се поврза со средновековна Бугарија. Како тргнале Ковачевски и СДСМ во исполнување на бугарските желби за една година ќе ја ретушираат целата историја, па ќе остане после и нивните лични биографии да ги прилагодуваат на бугарските барања. Срамно и бедно. Оваа власт ја доведе Македонија во подредена положба. Оваа власт ги исплука сите оние кои се жртвуваа во нејзинито градење. Очигледно Ковачевски со Заев е во тесна трка кој е поверен следбеник на бугарскиот живковизам.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.