Македонија
Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе објасни зошто се откажа од „Пуч“
Специјалната обвинителка Катица Јанева, во втроник на пладне, дојде во Советот на јавни обвинители на покана од претседателот Петар Аневски, да објасни зошто се откажува од кривично гонење на обвинетите за случајот „Пуч“.
Во „Пуч“ обвинети беа Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров службеник во Општина Струмица, и лидерот на СДСМ Зоран Заев, кои се товареа за шпионажа, насилство врз преставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.
Специјалното јавно обвинителство на 18 јануари соопшти дека се откажува од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. Појаснија дека ваквата одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
