Македонија
Јаневска: Продолжуваат одличната соработка со младите и грижата за подобар ученички и студентски стандард

Новата Влада има одлична соработка со младите. Во изминатите шест месеци излеговме во пресрет на повеќе нивни барања, со што се проширија правата и можностите за учениците и студентите. Ја продолжуваме редовната комуникација и заложбите за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска по денешната средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени, на која се дискутираше за заедничките приоритети во 2025 година.
„Продолжуваме да дискутираме за нивните потреби и за олеснување на процесот на образование и секојдневно функционирање. Драго ми е што учениците и студентите се
задоволни од досега преземените активности и мерки, а јас уверувам дека ќе биде уште подобро за нив во сопствената земја. За оваа година обезбедивме буџет за студентски стандард кој е за 18% поголем од ланскиот и ќе изнесува 30 милиони евра“, рече Јаневска.
Потсети дека на самиот почеток на календарската година, овозможен е бесплатен превоз за студентите во Скопје, односно Владата одлучи да префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје, за разлика од претходното владино раководство кое три години немаше донесено ваква одлука.
Јаневска информираше дека минатата година го прифати барањето на студентите за субвенциониран студентски оброк да користат и бруцошите почнувајќи од месец октомври, што порано не беше така, како и дека оваа мерка или ќе го прошири опфатот на корисници или ќе се зголеми дневниот износ за студентите кои сега го остваруваат ова право.
„Ги олеснивме критериумите за искористување на стипендиите за студенти запишани на студиски програми за наставен кадар. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои порано беа дискриминирани. Постапките целосно ги дигитализиравме, така што повеќе нема доставување на хартиени договори и решенија. Ќе напоменам и дека навремено ги исплативме ученичките и студентските стипендии за тековната учебна, односно академска година, за разлика од минатото кога исплатата доцнеше по шест и повеќе месеци“, рече Јаневска.
Министерката потсети и дека во тек е етапна реконструкција на студентските домови, како и дека оваа година ќе продолжи изградбата на ФИНКИ и ФФК.
„Ќе има уште многу нови инвестиции, подобри услови за образование и повеќе права и можности кои ги уредуваме со нова законска регулатива. Следува изработка на нови закони за високо образование и за студентски стандард, процес во кој студентите се директно вклучени“, додаде Јаневска, потенцирајќи дека младите се иднината и мора да им се овозможат сите услови за тука да го реализираат својот потенцијал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.