Македонија
Јаревски: Каде завршуваат парите од пластичните кеси, кои влегуваат во Фондот за животна средина?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, на вчерашната собраниската седница за поставување пратенички прашања, праша за што се трошат парите од пластичните кеси, кои влегуваат во Фондот за животна средина, нагласувајќи дека законот се применува неколку месеци, а никој не знае каде одат парите, односно, како што рече тој, само 1 или 2 денара остануваат во маркетите, другите одат во Фондот за животна средина.
„Првото прашање е до премиерот какви се фондовите за животната средина. Она што многу малку се дискутира е како се делат тие 15 денари? Од тие 15 денари, 1 или 2 се за маркетите, остатокот влегува во Фондот за животна средина. На месечно ниво тоа се 200.000 евра, а законот се применува веќе неколку месеци, што значи дека влегуваат неколку милиони евра во фонд за кој не знаеме како се трошат парите. И ова не го велам јас како пратеник од опозицијата, туку луѓе навлезени во оваа проблематика, кои кажуваат дека не може да добијат информации како се трошат парите, згрозени од нетранспарентноста на Владата на Министерството. Затоа, каде одат парите, како се искористуваат тие пари?“, праша Јаревски.
Во однос на безбедноста, Јаревски истакна дали граѓаните може да се чувствуваат безбедно на улиците кога две униформирани лица, односно заменик-началник, пука на улиците со началник.
„Второто прашање ми е во однос на нашата безбедност. Дали премиерот или министерот за внатрешни работи се чувствува безбедно? Дали ние се чувствуваме безбедно кога во 20 часот имаме 200 повици, кои ни кажуваат дека на еден-два или три километри од местото на нашето живеалиште се пука, дали се чувствувате безбедно кога ќе ви кажат дека пукал заменик-началник си пукал со началник, две униформирани лица?“, праша Јаревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бала: Можно е нареднaта недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ

Координаторот на пратеничката група на социјалистите (партијата на Еди Рама) Таулант Бала, по средбата со чешкиот амбасадор во Тирана, Карел Урбан, на својот Фејсбук профил објави дека е можно, наредната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ.
„Се согласивме за фактот дека Западен Балкан мора да остане приоритет на Европската Унија за да овозможи продолжување на длабоките и трансформациони реформи започнати во рамките на процесот на интеграција. Со амбасадорот ја споделивме добрата вест од Брисел за можноста следната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија“, има напишано Бала на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата.
„Барам веднаш без криење ако е добар толку овој предлог да го објави веднаш на нејзината електронска страница. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија“, рече Мицкоски.
Кажа дека за ВМРО-ДПМНЕ предлогот кој првично беше објавен беше отфрлен и ништовен за неговата партија.
„Ова е дебакл“, посочи Мицкоски.
„Напоменуваме дека сето она што се случуваше изминатиот период од Владата која го лажеше народот дека не е запознаена со предлогот, се со цел како денеска со нарачани реченици во медиумите се обидува да создаде впечатокз за голем триумф. Овој модифициран предлог за кој се говори го немаме видено, ниту истиот сме го прочитале. Но можеме да кажеме врз основа на информациите кои ги имаме тој не е ништо друго освен два различни збора од првиот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија сега имаме нокаут со продолжено дејство“, оценува тој.
Предлогот како што прецизира е неприфатлив и кажа дека има сомнителни работи и дека се работи за дипломатски нокаут.
„Овој предлог веднаш беше прифатен од Петков и Радев. Во државата нема влада и парламент, за моменталниот мандатар и актуелниот претседател истиот овој модифициран предлог е одлично решение и веднаш го прифатија“.
„Се чудам од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и за македонскиот народ а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го знаат? Од каде Рама ја има информацијата а ние со граѓаните ја немаме?“, праша Мицкоски.
Третата причина зашто сметам дека е нокаут, е зашто СДСМ и ДУИ имаат традиција на предавство, зато што предлогот го кријат наместо да ја запознаат јавноста“ додава Мицкоски.
Ни се подготвува асимилација, го повикувам народот на будност, немојте да верувате на тоа што ќе ви го кажуваат, барајте да го видиме документот на виделина“, дециден е Мицкоски.
Македонија
Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите на сите засегнати институции, ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа со претседателот, парламентит, како и со севкупната јавност. Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме план и стратегија која дава резултат“, истакна на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски во врска со најновите случувања околу спорот со Бугарија и францускиот предлог.
Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека предлогот во моментов е на анализа во Министерството за надворешни работи.
„Историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ. Шефот на дипломатијата Османи од утре ќе има консултации за детали со медиумите“, рече Ковачевски.
„Апелирам до сите политички актери и медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации“, изјави Ковачевски за денеска пристигнатиот француски предлог до Владата.
Упати јавна благодарност до сите кои, како што рече, беа конструктивно вклучени во процесот досега.