Македонија
„Го молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање, со нив АНБ стана партиски штаб“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање. Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.
Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели.
Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби.
Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 124 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )

