Контакт

Македонија

Јовановски нуди гаранција од 142 илјади евра за да излезе од притвор

Објавено пред

Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде пуштен во домашен притвор.

На денешната јавна седница во Апелацискиот суд кој треба да одлучи по жалбата на Јовановски, тој изјавил дека како гаранција тој ја нуди куќата во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор во вредност од околу 40 илјади. Дел од куќата е на негов прв братучед и локал на неговата мајка.

Одбраната бара неговата жалба да се уважи и Јовановски да се брани од слобода, да му биде одреден куќен притвор или други мерки на претпазливост.

Неговиот адвокат Сашо Дукоски како аргумент плус ја образложува неговата здравствена состојба за која треба посебен режим на исхрана, која тој не можел да ја спроведува во притворски услови во истражниот затвор во Шутка.

Тој пред апелациските судии уште еднаш повтори дека бил уценуван да посочи дека се виновни Катица Јанева и Фросина Ременски, за да излезе од притвор.

„Обвинителката Русковска е адвокат на две мафии. Нема да кажам кои. За да излезам од притвор бев уценува од Русковска да кажам дека Катица е виновна, дека Фросина Ременски зела пари. Сакала да ја бетонира оти немала докази, а ми беше кажано дека ако не сведочам вака, ќе биде обвинет и мојот татко“, изјави Јовановски.

Јовановски е во притвор од средината на јули минатата година.

Македонија

Сончево и ведро време со температури до 20 степени

Објавено пред

Времето во државава утрово е претежно ведро со мала локална облачност.

На места дува слаб ветер од променлив правец, освен на Тополчани каде што ветерот достигнува брзина до 50 километри на час, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе се задржи претежно сончево време со слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северисточен ветер и температура до 18 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови на Аеродром и Чаир

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 200 мм на булеварот Србија, утре без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците на дел од истиот булевар и бензинската станица „Окта“ (општина Аеродром).

Исто така, поради давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 400 мм на булеварот Никола Карев, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат и корисниците од улицата Топаанска и улицата Војдан Чернодрински (општина Чаир).

Прикажи повеќе...

Македонија

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Објавено пред

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник.

Како што соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет1 час

Во Кина за прв пат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За прв пат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа, во земјата има...

Македонија11 час

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет12 часа

Борис Џонсон преместен на интензивна нега, му се влошила состојбата

Британскиот премиер, Борис Џонсон, е преместен на интензивна нега бидејќи му се влошила состојбата, соопшти Даунинг стрит. Тој синоќа беше...

Свет14 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија14 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија17 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет19 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија19 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ20 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија20 часа

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија21 час

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија21 час

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион21 час

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија22 часа

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија23 часа

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Македонија23 часа

Унгарскиот шеф на дипломатијата во Македонија донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Со специјален воен каргоавион, унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош...

Регион23 часа

Хрватска се подготвува да воведе пократка работна недела

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на...

Македонија24 часа

Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство  достави до Основниот кривичен суд Скопје 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица,...

Свет1 ден

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надија, четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк, е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено...

Досие