Македонија
Јавното обвинителство ќе поднесе жалба по пресудата за сообраќајката кај „Млечен“
Од Јавното обвинителство информираат дека по реакциите на оштетената и на јавноста за изречената казна за случајот со сообраќајната несреќа во 2018 година кај „Млечен ресторан“ во Скопје, одлучиле по приемот на писмено изработената пресуда, да вложат жалба до Апелациониот суд.
Кривичниот суд на 4 септември изрече условна казна од две години за обвинетиот, што предизвика лавина од реакции во јавноста.
Во соопштението од Јавното обвинителство прават краток осврт и потсетување на настанот во кој почина возач на мотоцикл, а тешко беше повредена и неговата сопруга, сопатничка на мотоциклот, која го загуби нероденото бебе.
Имено, Основното јавно обвинителство поднело обвинение против лице на возраст од 63 години, за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое е предвидена затворска казна од 1 до 5 години.
Од обвинителството објаснуваат и дека во текот на претходната постапка, од страна на надлежниот јавен обвинител биле преземени сите потребни истражни дејствија.
„Обвинението се однесуваше на кривично дело извршено на 12 октомври 2018 година, кога обвинетиот управувал со возило ‘цитроен кросер’ по левата сообраќајна лента од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во насока од запад кон исток. Кога дошол на крстосницата со улица Анкарска, на која сообраќајот е регулиран со семафор, на вклучено зелено светло навлегол во лево за да се вклучи на коловозот на улица Анкарска, но тука постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па не го испочитувал поставениот сообраќаен знак – забрането свртување кон лево, го променил правецот на движење и свртел кон лево. Притоа, со предниот лев дел од возилото удрил во левото тркало од мотоциклот марка ‘Дукати’, сопственост и управуван од оштетениот, а на кој како сопатник била неговата сопруга. При сударот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки повреди и бил хоспитализиран, но од тежината на повредите починал истиот ден. Со тешки повреди се здобила и неговата сопруга“, потсетуваат од обвинителството на случајот.
Од таму истакнуваат дека од анализата на сите обезбедени докази, неспорно произлегува дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и сакајќи ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол.
Непосредно пред завршувањето на судската постапка, од страна на адвокатот на оштетените на јавниот обвинител кој го застапувал обвинението му била предадена нова медицинска документација која се однесувала на жената и нејзината бременост.
„По признанието на вина од страна на обвинетиот, јавниот обвинител детално направи анализа на сите околности во поглед на изборот на видот на кривична санкција и одмерување на истата, при што посебен акцент даде токму на состојбата во која била оштетената и штетните последици коишто настапиле од сообраќајната незгода“, се објаснува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Шкријељ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80 проценти од листите се истите пратеници
Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија. Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
„Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.
Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.
Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.
Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.
Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот“, вели таа.
Оценува дека граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.
Со истите лица на листите, Белата палата, според Шкријељ потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
В„о ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.
Затоа, кристално јасно е.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ“, прецизира пратеничката на СДСМ.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.