Македонија
ЈП „Водовод и канализација“: Утре ќе работат шалтерите за наплата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 18.04.2025 година (петок), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот.
Според соопштеното, 21.04.2025 година (понеделник) е неработен ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пет активни пожари на територијата на државата, извести ЦУК

Денеска, до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пет пожари:
Општина Дојран – село Николич (нискостеблеста шума)
Општина Гевгелија – село Прдејци (ниска вегетација)
Општина Струмица – село Старо Балдовци (ниска вегетација)
Општина Ресен – село Перово (овоштарник)
Општина Велес – село Џидимирци (мешана шума)
Под контрола 6 пожари:
Општина Македонски Брод – село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод – село Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод – село Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума)
Општина Македонски Брод – во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – помеѓу село Црешнево, село Крапа и село Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Чучер Сандево – помеѓу село Блаце и село Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)
Локализирани 6 пожари:
Општина Прилеп – село Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Свети Николе – село Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа)
Општина Теарце – село Непроштен (ниска вегетација)
Општина Старо Нагоричане – село Никуљане (мешана шума)
Општина Старо Нагоричане – село Ругинце (ниска вегетација)
Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел (шумски пожар)
Изгаснати се 8 пожари:
Општина Чучер Сандево – кај црквата Св. Тројца (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – село Белица (нискостеблеста шума)
Општина Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација)
Општина Куманово – кај хотелот Куба, м.в. Преовце (ниска вегетација)
Општина Демир Хисар – село Кутретино (ѓубриште)
Општина Сопиште – село Света Петка (ниска вегетација)
Општина Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација)
Општина Струмица – село Иловица (меѓа од гранки)
Македонија
ЗНАМ најостро го осудува секој облик на насилство врз избрани функционери: Ваквите појави се недозволиви и мора да бидат санкционирани

„Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје најостро го осудува секој облик на насилство, закани и притисоци врз избрани функционери, без разлика на политичката припадност. Во демократска и правна држава, ваквите појави се недозволиви и мора да бидат санкционирани со полна сила на институциите, за да ја зачуваме вербата во системот и владеењето на правото“, велат од ЗНАМ.
„Очекуваме надлежните органи без одлагање да го расветлат случајот, да ги утврдат сите факти и да обезбедат целосна транспарентност пред јавноста.
Политичките разлики се природни и потребни во едно демократско општество, но никогаш не смеат да се претворат во говор на омраза, лични напади или закани. Веруваме дека Скопје може и мора да се води со разум, достоинство и визија.
Затоа остануваме доследни на вредностите на дијалогот, почитта и зрелото управување, затоа што Скопје заслужува управување кое ги чува неговите корени и го носи кон светла иднина“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.
Македонија
Форумот на жени на ЛДП со најостра осуда за нападот врз Арсовска: Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката

Форумот на жени на Либерално-демократската партија (ЛДП), гласно и недвосмислено ги осудува сите форми на родово базирано насилство врз жените во политиката, без исклучоци – без оглед на етничката или политичката припадност.
„Насилството врз жените во политиката има штетно влијание не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот и општествениот живот.
Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката“, велат од Форумот на жени при ЛДП.
Од таму бараат конкретни мерки и санкции, затоа што, како што велат, „ако не реагираме сега, директно ги загрозуваме основите на едно демократско и правично општество“.