Контакт

Македонија

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Објавено пред

Со сведочење на затворскиот психијатар Марко Треневски продолжи судењето за тортурата врз ексминистерот Љубе Бошкоски, во предметот на СЈО, со кодно име „Тортура”.

Треневски сведочеше дека со Бошкоски првпат се сретнал во затворот „Скопје”, два дена по апсењето.

„Добив податок дека бил уапсен во некоја кафеана и дека таа случка ја доживеал стресно, вознемирено”, рече Треневски. Тој сведочеше дека покажувал фацијална експресија на страв, разочараност и депресивен поглед.

Психијатарот констатирал дека кај Бошкоски има депресивно анксиозно психичко нарушување од егзистенцијален карактер. Треневски рече дека констатирал посттрауматско психичко растројство, дури и суицидални идеи кај Бошкоски и по разговорот му пропишал терапија.

Сведокот кажа дека Бошкоски не сакал да се навраќа на настанот за да не се сеќава на тоа што се случило.

Во предметот обвинети се шести полициски „алфи” и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, за нехуманото и понижувачко апсење на лидерот на „Обединети за Македонија”, Љубе Бошкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

НАТО донираше 60 респиратори

Објавено пред

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, присуствуваа на настан по повод прием на респираторни машини – донација на НАТО во борба против Ковид-19. Станува збор за 60 респиратори донација од Доверителниот фонд na НАТО вредна 1,4 милиони евра, која денеска пристигна денеска на Меѓународниот аеродром Скопје. Оваа донација е за справување со последиците од Ковид 19.

Во изјава за медиумите министерот Филипче истакна дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста. Тој рече дека сите земји помеѓу себе покажаа што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаење, но покажа и што е вистинската вредност на сојузите во коишто сме сега рамноправна членка.

„Дозволете да изразам голема благодарност до НАТО-сојузот, посебно САД, кои од почетокот на кризата донираа и заштитна и медицинска опрема без којашто навистина тешко ќе можевме да го менаџираме овој голем здравствен предизвик, оваа голема здравствена криза. Конкретно, станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила за транспорт на псциентите од една болничка установа во друга – нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент“, информираше Филипче.

На почетокот на епидемијата, јавното здравство имаше на располагање 120 респиратори. Од нив, 90 беа во градот Скопје, а останатите 30 во јавно-здравствените установи ширум државата.Како донација во изминатиот период пристигнаа респиратори од ЕУ (20), од четири македонски компании (85 неинвазивни респиратори), Норвешка (20) мобилни респиратори, приватна донација од Република Бугарија (3) УНИЦЕФ (10), Република Германија (8).

Респираторните машини како донација се распределени на Инфективната клиника во Скопје, ГОБ „8 Септември“, Клиниката за неврохирургија, како и инфективните одделенија во здравствените установи во Струмица, Штип, Битола, Тетово, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Охрид, како Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид.Во моментов, на респиратор се приклучени само 2 пациенти кои се лекуваат во ГОБ „8 Септември“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Објавено пред

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година.

Активностите на иницијативата за регионална соработка беа одложени поради пандемијата Ковид-19 и изборите во Северна Македонија и Србија и тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција.

За време на средбата преку интернет, претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев истакнаа дека оваа иницијатива е целосно во согласност со Берлинскиот процес и дека е добра основа за подготовка на земјите од Западен Балкан за претстојниот Самит на Западен Балкан што ќе се одржи во Софија во ноември во рамките на Берлинскиот процес со кој оваа година копретседаваат Бугарија и Северна Македонија.

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија се согласија дека е многу важно сите шест земји од Западен Балкан да учествуваат во иницијативата за регионална соработка и во таа насока денеска и официјално го поканија Косово да се приклучи на иницијативата и како резултат на рамката поставена на самитот во Вашингтон во септември годинава меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

„Претседателот Вучиќ, и премиерите Рама и Заев, исто така се согласија да формираат постојана работна група од претставници на сите земји од иницијативата за да се забрза спроведувањето на договорените активности во рамките на регионалната соработка.Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија, учесници на денешната онлајн средба, се согласија дека иницијативата за регионална соработка е добра основа за идентификување на заеднички инфраструктурни проекти за развојната агенда на регионот кои можат да бидат опфатени со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан што неодамна го усвои Европската Комисија“, се вели во соопштението.

Тројцата лидери изразија надеж дека наскоро и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат на иницијативата со што ќе се постигне подобра и посеопфатна економска соработка помеѓу сите држави во регионот. Тие се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Треба да размислиме во каква постковид Европа сакаме да живееме

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски онлајн се обрати на 46. Европска конференција на млади инженери на тема поврзување на инженерските перспективи, којашто, поради пандемијата, се одржува виртуелно. Целта на конференцијата, на која се пријавени повеќе од 150 млади инженери од европските земји, е споделување на нивните знаења, како и развивање на лични и професионални вештини.

„Оваа 2020 година е пресвртна за сите нас и тоа на повеќе нивоа. Кај нас годинава заокружуваме еден век од организираното здружување на инженерите и симболично го означуваме почетокот на новата етапа во инженерството кај нас. Пред само една година никој од нас не ни можеше да претпостави дека ќе се соочиме со пандемија која преку ноќ ќе промени многу наши планови и замисли. Некој можеби ќе забележи дека во изминативе месеци сите ние се навикнавме на онлајн конференции и дека ова веќе не е ништо ново. Но, наместо да ја земаме технологијата здраво за готово, ние треба да се потсетиме на една многу важна работа. А тоа е дека нашите држави, општества и економии продолжија да функционираат и во исклучително тешки услови токму благодарение на научниците и ИТ-инженерите кои со своите иновации нè воведоа во дигиталната ера. Инфраструктурата што тие ја изградија во изминативе децении го положи тестот на нашето време и ни овозможи да функционираме и во услови на социјална дистанца и ограничено движење“, истакна тој.

Пендаровски додаде дека и покрај ваквиот очигледен инженерски подвиг, никој од нас не посакува новата реалност, како што ја нарекуваат, да стане наша трајна состојба. Освен здравствена, пандемијата создаде и економска, социјална и геополитичка криза. Нема држава во Европа и во светот која не е погодена од пад на економскиот раст и од зголемување на невработеноста.

„Соочени со овој голем предизвик, сите ние веќе треба да размислуваме во каков постковид свет, и конкретно, во каква постковид Европа сакаме да живееме. Која е улогата на инженерските струки во обновата на економиите и нашите животи? Постојат повеќе пристапи за надминување на штетните последици од пандемијата, но во речиси сите релевантни меѓународни извештаи се препорачува државите по секоја цена да продолжат да инвестираат во истражување и развој, иновации и нови технологии, бидејќи токму тие се дел од решението. Меѓу многуте неизвесности што со себе ги носи четвртата индустриска револуција, една работа е извесна – инженерската професија ќе има уште поважна улога во градењето на одржлива иднина.

На пример, Светскиот економски форум препознава седум кластери на 97 професии на иднината што веќе се во подем. Во наредните неколку години овие нови професии ќе создадат потреба од милиони нови работни места со што ќе се намали невработеноста предизвикана од пандемијата. Интересно е што 16% од овие професии се од областа на информатичките технологии и на вештачката интелигенција, 12% се од областа на инженерството и клауд-технологиите, а 2% се од областа на зелената економија и обновливите технологии. Иако не се инженерски, останатите четири кластери или околу 70% од новите професии нужно ќе се потпираат на новите технологии и на дигиталните вештини. Потврда за тоа е и студија од 2017 година на McKinsey која покажува дека технологијата секогаш создавала повеќе работни места отколку што затворала. Сето ова зборува дека иднината на нашите држави и економии, и воопшто, иднината на Европа, во буквална смисла на зборот лежи во вашите раце, во рацете на младите инженери. Затоа вие сте можеби најважниот капитал на секоја држава“, рече претседателот.

Според него, наша должност како носители на одлуки е да го зајакнеме партнерството меѓу државата, науката, стопанството и граѓанскиот сектор за да овозможиме квалитетно и современо инженерско образование.

„Јас освен што го доделувам признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните млади македонски инженери, се залагам дигитализацијата да биде една од приоритетните области за стратешки развој на Република Северна Македонија во наредната деценија. Се разбира при размислувањето за постковид иднината и за улогата на инженерството, не треба да веруваме дека технологијата ќе ги реши сите проблеми без промена на доминантните производствени, потрошувачки и, воопшто, животни навики. Профитот не треба да го има единствениот збор при инженерските решенија, бидејќи не сè што е краткорочно профитабилно е долгорочно исплатливо. Неопходно е да се посвети повеќе внимание на етиката во инженерството што како врвна вредност ќе го има достоинството на човекот, а како своја цел економскиот, технолошкиот и социјалниот инклузивен зелен развој“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион44 минути

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Свет2 часа

(Видео) Во земјотресот во Измир досега загинаа 4, а повредени се 152 лица

Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) извести дека во земјотресот во Измир досега загинале 4, а повредени се 120...

Македонија3 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија3 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија5 часа

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија6 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија7 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион7 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија8 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно8 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа9 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа10 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа10 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет22 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија23 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија23 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија1 ден

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија1 ден

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија1 ден

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Досие